Ристе Наумов (роден на 14 април 1981, во Штип) — македонски фудбалер, кој игра во нападот.
Кариера
Ристе Наумов својата кариера ја започна во штипскиот ФК Брегалница. На млади години доаѓа во ФК Цементарница 55, а потоа оди во најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар. Во сезоната 2006/07 преминува во кипарскиот клуб АЦ Омонија Никозија, но во клбот не добива голема шанса да заигра, па затоа заминува од него. Сега е член на Славија Прага, од Чешка.