Словенечката Прва лига (словенечки: Prva slovenska nogometna liga), во моментов е наречена Прва лига Телемах поради спонзорски причини, позната и по кратенката 1. SNL — главната фудбалска лига во Словенија, а е формирана во 1991 година откако Словенија станала независна земја. Од 1920 година до крајот на сезоната 1990-1991, Словенечката републичка лига била пониска поделба на фудбалскиот систем на југословенската лига. Во моментов со лигата управува Фудбалскиот сојуз на Словенија. Помеѓу 2001 и 2012 лигата била управувана од Здружението на 1. SNL. Целје и Марибор се единствените два основачки клуба кои никогаш не испаднале од лигата од нејзиното основање во 1991 година.[1][2]
Формат
Лигата брои десет клуба, кои играат по четири меѓусебни натпревари во текот на 36 кола, двапати дома и двапати на гости. Тимовите добиваат три бода за победа, еден бод за нерешено и без бодови за пораз. Тимовите се рангирани според вкупните бодови, а ако две екипи се изедначени, меѓусебниот резултат се користи како прв критериум за класификација.
Според УЕФА коефициентите за ранкинг (подолу покажано); Победникот на лигата влегува во Квалификациските рунди на Лигата на Шампиони, додека втората и третата пласирана екипа влегуваат во Квалификациските рунди на Конференциска лига на Европа заедно со освојувачот на Словенечкиот фудбалски куп. На крајот на сезоната, последната екипа отпаѓа во Втората словенечка фудбалска лига, додека деветтопласираната екипа игра бараж за опстанок со второпласираната екипа во втората словенечка лига.
УЕФА Ранкинг
Точно од 9 септември 2020 година.[3]Табелата ја прикажува позицијата на словенечката Прва лига, врз основа на рангирањето на земјите со коефициентот на УЕФА, и четирите странски лиги кои се најблиску до позицијата на Првата лига (две лиги со повисок коефициент и две со помал коефициент).