Стадионот Бонифика (словенечки: Stadion Bonifika) е мултифункционален стадион во Копер, Словенија. Најчесто се користи за фудбалски натпревари и е домашен терен на ФК Копер. Стадионот е дел од спортскиот комплекс Бонифика, заедно со помал стадион за атлетика, затворена сала и затворен базен. Стадионот е изграден во 1948 година и го добил името по градскиот район каде што се наоѓа. Во 2010 година стадионот помина низ голема реконструкција и неговиот тековен капацитет е 4.047 седишта.