Македонците во Бугарија, или како Пиринци или Бугарски Македонци — староседелско[3] население кое претежно живее во Пиринска Македонија, во југозападниот дел на денешната Република Бугарија.[4]
Според државната статистика на Република Бугарија на последниот одржан попис во 2011 година, како Македонци се изјасниле 1.654 жители на Бугарија (0,02%), а на пописот од 2001 имало 5.071 Македонци. Но, според Красимир Канев, претседател на Бугарскиот Хелсиншки комитет, во 1998 година нивниот број бил неколкупати поголем. Во извештајот, Канев наведува бројка од 15.000-25.000 етнички Македонци во Република Бугарија.[6] Невозможно е да се каже колкав е точниот број, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиони, вклучувајќи и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија.
Според официјалнот став на Бугарската држава поимот Македонци означува жители на одреден регион во државата и Македонците се дел од бугарскиот народ. Политички, Македонци се само граѓаните на Република Македонија кои живеат во Бугарија (вклучително и Албанците од Македонија) е службен став на бугарската држава.[7]
Според Стојко Стојков, еден од водачите на ОМО Илинден - Пирин, во Бугарија живеат од 5.000 до 10.000 луѓе кои се декларираат како Македонци, но претходно нивниот број бил до 187.000 души.[8] Со оглед на одбивањето да се регистира ОМО Илинден - Пирин останува да се претпоставува дека оваа бројка е блиска до вистинската, а можеби и поголема.
Бугарската држава до денес се обидува да најде објаснувања за тоа дека овој попис бил направен под присила или по грешка, но покрај тој попис остануваат работи кои до денес се необјанети. Вистина, доколку станува збор за присила, кој можел да присили раководители на една суверена држава да го направат тоа. Второ останува неодговорено прашањето дали под вакви услови биле пренесени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија. Некои од одговорите кои современа Бугарија се обидува да си ги даде во врска со ова се дадени во овде.
Познавајќи ја негаторската политика на официјална Софија,[11] многу историчари ги имаат изнесено фактите за вистината на Македонците во Бугарија,[12] кои Бугарија вешто се обидува да ги изманипулира.[13] Најнов бисер е „присилниот попис од 1946 година“.[14]
На пописот на населението во 1956 во Пиринска Македонија, од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63% од целокупното пиринско население. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии.[15][16]
За фалсификувањето на пописот од 1956 зборува и Улрих Бјуксеншјутц во книгата „Малцинствената политика во Бугарија”. Политиката на БКП кон Евреи, Роми, Помаци и Турци (1944-1989).“, 2000, IMIR.[17]
Околии
Санданска
Петричка
Благоевградска
Разлошка
Гоцеделчевска
Вкупно
Македонци
89,49%
82,64%
52,18%
45,18%
45,77%
63,64%
Бугари
7,51%
15,15%
45,08%
39,05%
49,45%
33,33%
други
3,00%
2,16%
2,71%
11,92%
4,77%
3,03%
Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за националната структура на населението по околии од пописот во 1956 година
Население и национална структура на населението на НР Бугарија од пописот 1956 година
Вкупно
Бугари
Македонци
Турци
Роми
7.613.109
6.506.541
187.789
656.052
197.789
100%
85,47%
2,47%
8,62%
2,52%
Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за пописот на населението во 1956 година.
Попис од 1965 година
Во пописот од 1965 како Македонци се декларирале само 8.750 жители.
Попис од 1975 година
На пописот од 1975, ниту еден жител на НР Бугарија не се декларирал како Македонец.
Попис од 1992 година
За пописот од 1992 официјални податоци за Македонците не се објавени.[18] И покрај тоа, во 1993 е објавен бројот од 10.803 луѓе кои се самоопределиле за Македонци, од кои 3.109 го објавиле нивниот мајчин јазик за македонскиот.[19][20]
Според пописот на населението во Република Бугарија од 2011 г. таму живеат 1.654 Македонци,[21] од нив: 561 се населени во Благоевградска област,[22] а 1.163 се со маjчин македонски јазик.[23] Според пописот во Бугарија живеат 1.091 државјани на Република Македонија.[24]
Според Стојко Стојков од партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден - Пирин ова е последица на манипулациите со резултатите. Тој објаснува дека од таа бројка етнички Македонци, дури околу 1.000 души биле заведени дека поседуваат македонско државјанство.[25]
Медиуми и наука
Денес Македонците во Пиринска Македонија не се признати како малцинство. Немаат право на школување на мајчиниот јазик.[26][27]Училишната настава се изведува на единствениот официјален за државата бугарски јазик.
Во 1947 година биле создадени печатни медиуми, Пирински Вестник и печатница, Македонска Книга. Тие биле дел од остварените ветувања за правата на Македонците во Бугарија, кои би го зајакнале македонскиот јазик и култура. Медиумите биле укинати и затворени во 1958 година, поради политички причини и менување на власта. Во 1990 година бил создаден нов весник за македонското малцинство во Бугарија, со име Народна Волја. Весникот се уредува и печати во Горна Џумаја.[9]
↑Проценка на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, документ "Бројност на македонската дијаспора", 25. 11. 2008 г.: минимум 500.000, највеќе 1.200.000, проценка МНР 750.000 и самопроценка 1.500.000.
↑„Земљопис Србије и Турске за основне српске школе“ Београд, 1872, стр. 35.
↑ 9,09,1Полтон, Хју. (1995). Who Are the Macedonians? :107-108, (Лондон: C. Hurst & Co.Ltd.).
↑Прибчевич, Стојан (1982). Macedonia: Its People and History (Јуниверзити Парк: Pennsylvania State University Press).
↑Проблемот на Македонците во Бугарија пред светската јавност ; ISSN 0542-206X. - 38, 456 (април 1991), стр. 16.
↑Стеван Тинтоски, Македонците во Бугарија; Студентски збор, 1987; 167 стр.; 20 см - Скопје; 323.15(=866:497.2)"1944/80"
↑Христо Андоновски - Skripta manent : кога во Бугарија ја кажуваа вистината за Македонија и Македонците; Македонија. - ISSN 0542-206X. бр. 544 (1998), стр. 10-11.
↑Меморандум на Обединетата македонска
организација "Илинден" : глас на Македонците во Бугарија - ISSN 0542-206X, бр. 533-534 (септември-октомври 1997), стр. 16-17
↑Бејтс, Даниел. 1994. „What’s in a Name: Minorities, Identity and Politics in Bulgaria,”
Identities, прво издание, број 2, мај 1994.
↑Крид, Џералд В. (1992). „The Ethnic Situation in Bulgaria,” Princeton Project of Ethnic Relations, Researches 1992, (Софија: Club-90 Publishing House — на бугарски и англиски).
↑Ст.н.с. д-р Михаил Иванов - „За македонските идентичности“
↑Канев, Красимир (1999). Законодателство и политика към етническите и религиозните малцинства в България [Legislation and Policy Towards Ethnic and Religious Minorities in Bulgaria], во книгата на Ана Крастева (ed.) Communities and Identities in Bulgaria, (Равена: Editore Longo), во печат.