Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ (службено: Основно општинско училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ - Гостивар; скратено: ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“) — централно основно училиште во градот Гостивар, Општина Гостивар.[2]
Училиштето е именувано по основачот на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк.
Училиштето е сместено покрај левата страна на реката Вардар над градската болница.[3]
Училиштето било основано на 12 декември 1966 година, со одлука број 05-429/1 донесена од Општина Гостивар.[3]
Согласно ноември 2019 година, централното училиште и неговите подрачни единици имале 1.351 ученик, од кои 650 биле машки, а 701 биле женски ученички.[1] Учениците биле поделени во 84 паралелки, од кои 52 паралелки биле во централното училиште.[4]
Училиштето има библиотека со читалница. Согласно ноември 2019 година, библиотеката располага со книги по сите наставни јазици. Библиотеката располага со 17.262 книги. Од кои 10.220 на турски јазик, 5.452 на македонски јазик и 1.393 на албански јазик, 133 на англиски јазик и 27 книги на француски јазик.[3]
Во рамки на училиштето припаѓаат подрачните основни училишта во Горна Бањица, Долна Бањица и Здуње.[1]