Немањиќи — Раѓање на кралството — српска, историска драма, телевизиска серија снимана од 2017 година чие премиерно прикажување почнало на 17 февруари во 2018 година на каналот РТС 1.[1]
Претставува најголем продуцентски потфат во историјата на српската телевизија, бидејќи за него се ангажирани 218 глумци и 2700 статисти, а се снимаше на повеќе од 200 локации. Серијата, која опфаќа 200 години од владеењето на највлијателната српска средновековна династија, одбележува 800 години од создавањето на Кралство Србија (1217-1345) и крунисувањето на Стефан Првовенчани. Проектот беше режиран од Марко Маринковиќ, а сценариото е напишано од Гордан Михиќ и продукција е на Радио-телевизија на Србија.
Пилот епизодата од серијата се емитувала на 31 декември 2017 година како новогодишен специјал. Сепак, првата епизода била емитувана дури на 17 февруари 2018 година. По пилот епизодата, реакциите биле главно негативни по неколку месеци чекање.[2] Критиките најмногу биле поврзани со јазикот што се зборува во серијата, ефектите и контроверзната глума.[3]
Премиса
Серијата го претставува најголемиот продуцентски потфат во историјата на српската телевизија [4] затоа што за неа биле ангажирани 218 глумци и 2700 статисти, а се снимала на повеќе од 200 локации.[5] Серијал кој опфаќа 200 години од владеењето на највлијателната српска средновековна династија[6] се одбележува 800-годишнината од основањето на Кралството Србија и крунисувањето на Стефан Првовенчани.[7] Проектот е во режија на Марко Маринковиќ, а сценариото на Гордан Михиќ и во продукција на Српската радио-телевизија.[8]
Стефан Немања барал од народот - и добил - согласност за почеток на борбата за спас и слобода на сите поробени Срби.[9] Византискиот цар Манојло I Комнин умира, и во Византија избива борба за власт. Немања има намера да ја нападне Византија.[10] Немања ѝ помага на војската на Светото Римско Царство обезбедувајќи безбеден премин и храна за Трета крстоносна војна. Рашка Немањиќ и Стефан не смеат да ја признаат меѓусебната љубов што не можат да ја остварат.[11]
Растко се замонашува. Стефан и Евдокија се венчаваат во црква.[12] Вукан му ветува на папата дека ќе го шири католицизмот во неговата земја, Зета. Рашка има намера да го напушти дворот.[13] Папата ја прифаќа понудата на Вукан, барајќи целосна послушност. На Стефан не му се допаѓа несериозноста на Евдокија.[14] Стефан и Рашка бараат помош од бугарскиот крал Калојан за враќање на Стефан на престолот. Калојан му ветува на Стефан помош во конфликтот со Вукан и унгарскиот крал.
Стефан очекува папскиот пратеник Казамарис да помогне да му се приближи на папата, кој би го поддржал во неговата намера да биде крунисан за крал на Србија.[15] Папата смета дека Вукан, како негов постар брат, треба да биде крал на Србија. Кулин му кажува на Стефан дека сака да го нападне Вукан со војска затоа што го обвини за богомилство.[16] Евдокија го напушта Стефан, оставајќи го со нивните деца Комнина Немањиќ и Стефан Радослав.[17] Стефан од државни причини наместо за Рашка се оженил со Ана Дандоло.
Најстариот син на Стефан Немања и Ана. Тој ќе ја оспори одлуката на неговиот татко да биде наследен од неговиот брат Стефан. Затоа и оди во војна против него.
Повеќето од ликовите во серијата се базирани на историски личности. Сепак, постојат ликови кои биле измислени за да се долови далечното време. Тоа се:[28]
Тука се вбројува и Рашка Немањиќ (Нада Шаргин), која ја осмислил сценаристот Гордан Михиќ, но неодамнешното истражување на историчарите сугерира дека навистина имало жена на дворот за време на владеењето на Стефан Немањиќ со која живеел Стефан Немањиќ.[29]
Епизоди
Драган Миќановиќ потврди дека серијата ќе има уште една сезона,[30] што покасно тоа го потврди и сценаристот Гордан Михиќ.[31] Драган Миќановиќ од историски причини не знае дали ќе биде дел од глумечката екипа во следната сезона.[32]
Историјат
Претпродукција
Радио-телевизија на Србија објавила конкурс на 5 септември 2015 година за најдобро сценарио за телевизиска серија од дванаесет епизоди преку која би се презентирало крунисувањето на Стефан Првовенчани.[33] Главниот и одговорен уредник на културно-уметничката програма на РТС Небојша Брадиќ потоа изјавил: „Од првото кралско крунисување во манастирот Жича не делат 800 години“.[34][35] Тој додл дека тоа е можност „за дијалог со историјата, за нови преиспитувања и покана за нови творци да се занимаваат со важна тема“..[36] Покрај снимањето на сценариото, телевизијата на победникот му понудила и награда од половина милион динари.[37]
Пет дена подоцна, експертска комисија, составена од: Милан Влајчиќ - новинар и претседател на жирито, Горан Марковиќ - филмски сценарист и режисер и историчар Смиља Марјановиќ Душаниќ, ги отвори дванаесетте ракописи. Во март 2016 година беше објавено дека победник на анонимниот конкурс е Гордан Михиќ, чиешто сценарио е потпишано со шифрата „Соништа“.[38][39] Во таа прилика Михиќ изјави дека РТС „добила можност да се откупи“, бидејќи материјалот е „толкав грев што досега не е направено“.[40] Тој додаде дека при пишувањето на сценариото се консултирал со современи историчари, како и дека прочитал бројни историски извори и сведоштва.[41][42] На крајот на ноември во 2016 година, РТС објави дека серијата ќе го опфати периодот од два века од владеењето на Немањиќи - од Стефан Немања и подигањето на манастирот Хиландар, до смртта на Стефан Урош V.
Нишките што се провлекуваат во низата се и „борбите на големите сили за територијата на Балканот, внатрешните конфликти, стекнувањето автокефалност од страна на српската црква, воените успеси и крвавите борби“.[43] Бидејќи подоцна беше објавено дека првите дванаесет епизоди ќе завршат со крунисувањето на Стефан Првовенчани во Жичанскиот манастир, се шпекулирало дека серијата ќе има повеќе сезони и дека уште повеќе глумци ќе играат преку нив, играјќи ги преостанатите Немањиќи.[44] Серијата наместо дванаесет имала тринаесет епизоди. Последната епизода од првата сезона го прикажува крунисувањето на Стефан во манастирот Жича, а завршува со неговата смрт.[45][46] Пред да започне снимањето, на режисерот како асистент му се придружи Бојана Шутиќ, која со децении живее и работи во Рим.[47] На продуцентската куќа режисерот е од големо значење поради стекнатото искуство со работата со Федерико Фелини, Френсис Форд Копола, Ал Пачино, Џесика Ланг и други.[48]
Локации и сценографија
Серијата е снимена на повеќе од 200 локации низ Србија, од кои манастир Студеница е прв на списокот.[49][50] Сценографот Кирил Спасески на 7 февруари 2017 година, изјави дека локациите ги исполниле очекувањата, бидејќи целта била да се поголемиот дел од местата да се всушност вистинските места каде што живееле или престојувале Немањиќите: „Ги земавме предвид остатоците од тврдината Маглич, која е од подоцнежен период, но ќе гi адаптираме како да е од тој период, потоа ги има и Смедеревската тврдина, манастирски комплекси што се во Рашка“.[51][52][53]
Сите реквизити биле завршени пред 15 март, кога започнало снимањето. Успешно биле направени копии на средновековно оружје за да се прикажат што поверодостојно борбените сцени и сликите на српските, унгарските и византиските војници. Оружјето за петте главни глумци било рачно изработено. Милош Петровиќ во духот на средновековната српска мода изработил ремени на кои ставил нитни. Две недели пред закажаниот датум за почеток, палатата на Немања била изградена во Липовица (Белград) во Белград: тврдина палисада, копија од дворот и селото околу дворот.[54] Во исто време, коњите беа обучени за сцените на борбите.
Исто така, во март, во магацинот Пристаништето во Белград започнлаа напорната изградба на сценографијата на манастирот Жиче, која беше насликана (копирана) „како нова“, покажувајќи како изгледал манастирот кога штотуку бил изграден.[55] Првата клапа е снимена на 15 март на реката Студеница, а оттаму екипата се преселила наКопаоник каде се снимале сцени од одење во Бугарија.[56] Преселувањето на камерманската екипа во студио го стави во преден план камерманот Небојша Башиќ, кој истакна дека најголемиот предизвик е да се најде соодветен тон на светлината на оган, свеќи и факели. „Немањиќи“ потоа беа снимени на Фрушка Гора, Космај, Калемегдан, Липовиќка шума, Борач (Книќ),[57]Сирогојно, Смедерево, Херцеговина, Делиблатска пешчара и на крајот во Петрова црква во Нов Пазар.
Костимографија
За потребите на серијата рачно се изработени 800 костими.[58] Околу месец и пол траеле подготовките за изработка на костими кои ги шиеле дваесеттина луѓе, предводени од костимографот Стефан Савковиќ и сценографот Кирил Спасејски.[59] Според историчарот Марко Поповиќ - „тоа беше многу сложена и тешка работа, особено ако се има предвид дека српските историчари кои ја проучуваат оваа епоха имаат дилеми и не можат со сигурност да кажат што е навистина автентично.[60][61]
Во проектот биле вложени 2,87 милиона евра,[62] од претходно предвидени 3.200.000 евра,[63] а беше појаснето дека парите за реализација се собрани од спонзорот и од комерцијалниот придонес на Јавниот сервис.[64][65][66] Се шпекулираше дека само првата епизода од серијата чинела 300.000 евра.[67] Во просек, една епизода од серијата чини нешто повеќе од 180.000 евра,[68] но РТС издвои само една третина од таа цена.[69] Еден час од серијата чинеше околу 191.300 евра.[70] Најголем дел од средствата за реализација, 1,82 милиони евра, обезбедија финансиери, спонзори и пријатели на серијата,[71]Свислајон-Таково, Хемофарм и БК група.[72] РТС издвои 1,05 милиони евра во кеш за целиот проект или 70.000 евра на еден час од програмот.[73]
Музика
Музиката ја компонираше Драгољуб Илиќ, а песната во воведниот врв ја отпеа српската пејачка на православна духовна музика Дивна Љубојевиќ.[74] На Твитер се појавија и снимки од тепачката со малку забрзано темпо и позната музика од серијата na Бени Хил, која и се допадна на публиката.[75] Издавачката куќа ПГП РТС објавила диск со 25 композиции кои биле користени во самата серија чие укупното траење е 55 минути.[76] Музички продуцент беше Оливер Ивановиќ, а музичари беа Никола Попмихајлов (византиска музика), Тијана Милошевиќ (виолина), Ладислав Мезеи (виолончело), Љуба Димитријевиќ (солист) на стари дувачки инструменти - флејта, Зурла и кравји рог), вокална група Сербија глобал арт, српски византиски хор „Мојсије Петровиќ”.[77][78]
Грешки
Во третата епизода, каде Растко се замонашува во манастирот,[79][80] јасно позади него, на ѕидот се гледа фреска на која се наоѓа слика на светец и Стефан Немања.[81][82][83] Се верува дека овој светец бил Сава поради неговата униформа. Ова предизвика бурни реакции на Твитер и голема бура во медиумите.[84][85][86]
Во осмата епизода од серијата беа забележани огромни грешки. Во една сцена, кравите се обележани со ушни ознаки [87] кои беа воведени во Србија пред неколку години на барање на Европска унија.[88] Во истата епизода се појавува ликот Богољуб Митиќ кој јаде цицвар,[89] неколку века пред пченката да биде донесена во Европа.[90][91] Истата епизода забележана е[92]Рашка Немањиќ со чудно сценарио.[93][94][95][96]
Рецензии
Реакции на публиката
По емитувањето на “Пилот”епизодата на дочекот на Новата 2018 година, реакциите на публиката и критиката беа главно негативни,[се бара извор] дури отидоа до таму што гледачите беа непријатно изненадени после повеќемесечното исчекување. Во серијата беше критикувано одсуството на било каква драма и поприлична неинвентивност,[97] како и наивна глума и пропусти во следењето на историјските факти.[98] Дијалозите и глумечката екипа во епизодата “Пилот” прилично ја разочараа публиката.[99] Критикувани беа и ефектите користени во серијата и „евтиниот“ општ впечаток за (прилично скапата) Пилот епизода.[100] Различни десничарски портали и медиуми ја критикуваа серијата во контекст на „сквернавење на историјата“.[101] На многумина им пречеше специфичниот јазик што се зборува во серијата.[102] Тие зборови потекнуваат дури подоцна од латински, унгарски, турски, германски и руски јазик.[103][104] На пример, зборот „причврљити” кој беше употребуван од глумецот Горан Султановиќ.[105][106] Публиката ја критикувала и употребата на дорќолскиот жаргон во серијата.[107]
Од друга страна, во позитивните критики спаѓаат и оние кои го фалат тоа што воопшто се снимала ваква серија (пред се поради тоа што се работи за жанр на кој авторите не обрнувале многу внимание во претходните години и децении) и дека исходот е задоволителен во однос на многу помал буџет од аналогните серии снимени во западните земји. Исто така, овие критики повикаа на трпение, бидејќи некои од главните глумци (Ќетковиќ, Глоговац, Миќаловиќ, Миќановиќ) сè уште не се појавиле во првата епизода. Бизарни работи и чуден јазик и глума во серијата беа сфатени како хумористични мотиви.[108] Публика је готово једногласно похвалила костиме и музику.[99]
Рецензии на критичарите
Најголемиот проблем ми је језикот и некои имиња...
Да го кажеме оваа вака - првата епизода на Немањиќ нека остане во старата, а подобри епизоди ќе пристигнат во пролетта на новата година.
Со оваа всушност младите луѓе се оддалекуваат од Немањиќо (бидејќи нема да ги гледаат останатите епизоди), но и од историјата.
Би се рекло дека сценаристот, ставајќи го денешниот градски говор во устата на луѓето кои живееле пред осум века, сакал да ги приближи нив и нивното време до нашето време, да ги направи почовечки, обични, а ефектот бил само спротивно. Ги отстрани и ги направи неисториски, без трошка автентичност. Така, веднаш до навидум историската сценографије, добивме неисторијски личности, изместени од своето време, поточно група на наши савременици, чудно облечени и намуртени, кои зборуваат бесмислен текст и се лежат пред камерите, а не се воопжто забавни.
Средбите на Немања со византијскиот цар делубаат готово гротескно („Јеси л’ ти, царе, нормалан?!”). Ист впечаток е стекнат и од разговорот на Немања со царот Фридрих I Барбароса. Невкусни се и опсесивните настојувања на дворското и семејно опкружување на Растко да му се најде женско дете. Како некој со предумисла и отворено да се потсмева на сјајно доба на нашата историја, за што после ваква серија само ќе се множи збирот на погрешни знаења, заблуди и поими.
... Византијски цар Манојло I Комнин приказан је као јектичави кепец, е претставен како љубоморно џуџе, а историските податоци несомнено покажуваат дека тој бил огромен по раст, голем воин без мани и страв, учесник на витешки турнири. На смртната постела (1180), кога сакал да се замонаши, сите наметки што ги нашле во дворот едвај допирале до неговите колена. Покрај тоа, тој е роден во 1118 година, пет години е помлад од Немања (1113), а во серијата е поинаку. Германскиот император Фридрих Барбароса е 12 години помлад од Немања, а во серијата е спротивното. Византиските писатели го опишуваат Немања, кој бил донесен во Константинопол како затвореник во 1172 година, како „старец до рамениците“, а истиот Немања, по 17 години, на средбата со Барбароса во Ниш во ( 1189) нема ниедно бело влакно. Во времето кога се преселил во Света Гора и имал шеснаесет или седумнаесет години, Сава бил претставен на многу поедноставен начин, како збунет религиозен ентузијаст чија побожност и наклонетост кон монашкиот живот биле сведени на поедноставени фрази како „Бог е љубов, љубовта е Бог“.
Онаа што е тешко да се поправи се, по мое мислење, слаби дијалози и слаба глума, со чесни исклучоци. Но за секоја пофалба е фактото дека конечно добивме серија за Немањиќи. Можеби имаме стотици замерки, но треба да почекаме да ја видиме целата серија. Оваа серија, пак, го поправа срамот што немавме ниту еден филм, ниту една серија на најважната тема од националната историја. Бидејќи идентитетот на Србите се заснова на споменот на Свети Сава, Стефан Немања и другите Немањиќи.
↑Никић, Софија (30 март 2018). „Највећа серија РТС-а“. РТС. Архивирано од изворникот 31 јули 2017. Посетено на 22 јули 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
↑„Немањићи (прва епизода)“. Балкан Портал. Архивирано од изворникот на 19. 03. 2018. Посетено на 18 март 2018. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
↑„Немањићи (трећа епизода)“. РТС. 21 февруари 2018. Архивирано од изворникот 31. 03. 2018. Посетено на 31 март 2018. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
↑„Конкурси 2015“. РТС. 10 март 2015. Архивирано од изворникот 25. 03. 2018. Посетено на 25 март 2018. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
↑Стијачић, Гордана (23 ноември 2016). „Крунисање Стефана Првовенчаног“. РТС. Архивирано од изворникот 21 јуни 2017. Посетено на 21 јули 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
↑Малушев, Александра (30 декември 2017). „Једна од спектакулација серије“. Република. Архивирано од изворникот на 25. 03. 2018. Посетено на 25 март 2018. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
↑Миленковић, Стефан (30 април 2018). „Тужан крај Немањића“. Noizz. Архивирано од изворникот на 3 мај 2018. Посетено на 2 мај 2018.
↑„Појачање из Рима“. Наслови. 16 февруари 2017. Архивирано од изворникот на 26. 03. 2018. Посетено на 25 март 2018. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
↑Станојевић, Дарка (27 февруари 2017). „Гради се Немањин двор“. РТС. Архивирано од изворникот 22 август 2017. Посетено на 21 јули 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
↑Савић, Биљана (9 април 2017). „Ускоро прва клапа“. РТС. Архивирано од изворникот 14 јули 2017. Посетено на 21 јули 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
↑Ракочевић, Драгана (15 април 2017). „Почело снимање серије“. РТС. Архивирано од изворникот 25 јули 2017. Посетено на 22 јули 2017.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
↑„Критике серије“. БКТВ. 19 февруари 2018. Архивирано од изворникот 19. 03. 2018. Посетено на 18 март 2018. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
↑„Критике“. Србин. 1 јануари 2018. Архивирано од изворникот на 8. 01. 2018. Посетено на 18 март 2018. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)