Најкорисен играч на НБА финалето (оригинално: NBA Finals Most Valuable Player Award или скратено NBA Finals MVP) е награда која во НБА лигата која се доделува на играчот кој дал најголем придонес за клубот во НБА финалето.
Награда воглавном се доделува на играч од победничкиот тим, иако во 1969 година наградата ја добил Џери Вест, чиј Лос Анџелес Лејкерс бил поразен во финалната серија. Најмногу пати наградата ја има добиено Мајкл Џордан (6), а Меџик Џонсон е најмладиот играч (20 година) и единствениот руки кој ја добил оваа награда.
Во февруари 2009 годината, името на наградата било променето во Бил Расел Најкорисен играч на НБА финалето во чест на единаесеткратниот НБА првак Бил Расел.[1]