Наклонот на Маргарита од 57° е блиску до границата на стабилност. Ниту една позната месечина нема среден наклон во опсегот од 60 < i < 140 поради нестабилноста на Козај. [7] Во овој опсег на нестабилност, сончевите растројувања во апсидата ги приморува на месечините да се здобијат со голема ексцентричност и како последица на тоа се јавуваат судири или исфрлање од системот во текот на 10 милиони до милијарда години. Периодот на прецесија на периапсисот на Маргарита (Pw) трае речиси 1,6 милиони години. Во некоја далечна иднина и Маргарита може да биде исфрлена од планетарниот систем на Уран.[8]
Орбитата на Маргарита е подложна на сончеви и планетарни растројувања; и оттука нејзините орбитални елементи се менуваат на релативно краток рок. Во рок од 8.000 години, просечното орбитално занесување на Маргарита е 0,68. Во 2010 година, нејзиното занесување се зголемило до 0.81,[9] што привремено ја направило Маргарита месечина со најзанесена орбита од сите познати месечини во Сончевиот Систем, иако просечното занесување на Нереида од 0,75 е поголемо.