Роден во Хајделберг, Германија на 21 јуни 1863 година како син на познат медицински доктор со име Франц Волф. Неговиот тако го поттикнувал неговиот интерес во науката и му изградил опсерваторија на својот син во градината на семејната куќа. Токму оттука Волф ќе ги направи своите први откритија, како што е кометата 14P/Волф од 1884 година.[1]
Работа на универзитетот
Тој се школувал во градскиот универзитет од светска слава, во 1888 година, на возраст од 25 години, се стекнал со звањето проф. д-р од Хајделбершкиот универзитет. Заминува на постдипломски студии во Стокхолм и овој период е единствениот во кој тој го напуштил Хајделберг. Се вратил на Хајделбершкиот универзитет и ја прифатил местоположбата на приват доцент во 1890 година. Како познат предавач по астрономија, ги одбивал понудите за работа од другите институции. Во 1902 година бил назначен за раководител по астрономија и директор на новата опсерваторија Хајделберг-Кенигштул. Звања кои ќе ги задржи сè до неговата смрт во 1932 година.[2]
Додека траела изградбата на новата опсерваторија Волф бил назначен да ја надгледува изградбата и опремувањето на астрофизичкиот дел од опсерваторијата. Не само што бил одличен надгледувач тој бил и одлиќен прибирач на доации. Кога бил во америка да ја види изградбата на големите нови телескопи тој се вретаил и со донација од 10.000 долари од американскиот филантропист Кетрин Вулф Брус. Вулф веднаш испланирал и нарачал двоен рефракторски телескоп од американскиот астроном и градител на инструменти, Џон Брашер. Овој инструмент е познат како Брусов двоен -астрограф, со паралелни леќи со пречник од 41 см. со отвор од f/5, со што станал основниот истражувачки телескопот на опсерваторијата. Тој исто така собрал пари за 71 см. рефлекторски телескоп, првиот продолжил да се користи за спектроскопија.[3]
Во 1910 година Волф му предложил на претпријатието Карл Цајс за оптика да создаде нов инструмент, денес познат под името планетариум. Првата светска војна му ги попречила плановите но компанијата продолжила со работа на проектот по завршувањето на војната. Првото прикажување за јавноста било во Германскиот музеј во Минхен Германија на 21 октомври 1923 година.[4]
За време на неговото патување во Америка бил заинтересиран да научи нешто повеќе за новото поле на астрофотографијата и така го запознава познатиот американски астроном и астрофотографер Едвард Емерсон Барнард. Двајцата ќе останат во контакт како соперници, соработници и пријатели. Волф бил запрепастен од смртта на својот пријател во 1923 година при што напишал долг некролог.[5]
Подоцнежен живот и смрт
Универзитетот, кој веќе бил светски познат во многу други полиња, бил добро познат и по астрономија, пред сè поради водството од страна на Волф. Самиот Волф бил бил активен истражувач, придонел со бројни трудови во многу области на астрономијата до самиот крај на својот живот. Како и неговиот пријател, Едвард Емерсон Барнард, тој починал релативно млад како за еден астроном. Тој починал во Хајделбер на 3 октомври 1932 година на возраст од 69 години.[1]
Комети и нови
Волф својата кариера ја започнал како ловец на комети и продолжил да открива нови комети сè до крајот на својот живот. Тој има откриено и кооткриено неколку комети, вклучувајќи ги 14P/Волф и 43P/Волф-Харингтон. Победил на натпреварот со Едвард е Емерсон Барнард за тоа кој прв ќе го забечежи враќањето на Халеевата Комета (P1/Halley) во април 1910 година.[3]
Еден од позначајните придонеси на Волф било определувањето на природата на темните маглини. Овие области на небото, за кои уште од времето на Вилијам Хершел се сметале за „празнини на небото“, и биле загатка за астрономите. Во овие области не можеле да се забележат ѕвезди, само сеприсутна темнина. Во соработка со Едвард Емерсон Барнард, тој докажал, со внимателна фотографска анализа, дека овие темни маглини се всушност огромни облаци од фина непровидна прашина.[3]
Ѕвезден каталог
Заедно со Едвард Емерсон Барнард, Волф ја применил астрофотографијата за набљудување на ѕвездите. Брусовиот двоен-астрограф бил првично осмислен за лов на темни астероиди, но се покажало дека истиот е идеален за проучување на сопственото движење на нискосјани ѕвезди со употреба на истата техника. Во 1919 година Волф објавил каталог на местоположбите на преку една илијада ѕвезди заедно со измерените сопствени движења. Овие ѕвезди и денес се наречени според имињата и каталошките броеви од неговиот каталог.[6] Меѓу ѕвездите кои се откриени се Волф 359, темно црвено џуџе за кое подоцна е откриено дека е најблиска ѕвезда до Сончевиот Систем.[7] Тој продолжил да ги определува сопствените движења на ѕвездите за својот каталог сè до крајот на својот живот, со што каталогот ќе содржи 1500 ѕвезди, многу повеќе од сите останати соперници заедно.[8] Овие ѕвезди се значајни бидејќи ѕвездите со ниска сјајност и брзо сопствено движење, како што е Барнардовата ѕвезда и Волф 359, сè релативно близу до Земјата и токму поради ова ѕвездите од Волфовиот каталог се важни за астрономските изтражувања до ден денес. Методите кои ги користеле Едвард Емерсон Барнард и Волф продолжиле да ги користат Франк Елмор Рос и Жорж Ван Бисбрук до средината на XX век. Подоцна фотографските плочи се заменети со почувствителните електронски фотодетектори за астрономски набљудувања.
Астероиди
Волф го открил својот прв астероид323 Брусија, именуван според Кетрин Волф Брус, во 1891 година. Тој бил првиот кој користел астрофотографски техники за да го автоматизира откривањето на астероидите, за разлика од старите визуелни методи, со што стапкта ан новооткриени астероиди се зголемувала постојано. При временско експоризираните фотографии астероидите наликуваат на куси развлечени флеки поради нивното движење во однос на ѕвездите. Тој на овој начин има откриено преку 200 астероиди.
Меѓу многуте негови откритија е и 588 Ахил (првиот тројански астероид) од 1906 година, како и други два тројанци: 659 Нестор и 884 Пријам. Тој исто така ги открил 887 Алинда во 1918 година, кој денес е познат како астероидот Амор. Кратко по неговото последно откритие (на 6 февруари 1932 година), неговиот рекорд од 248 откриени астероиди го надминал неговиот ученик Карл Вилхем Рејнмут, на 24 јули 1933 година.
↑Wolf, M. (1919). „Katalog von 1053 staerker bewegten Fixsternen“. Veroeffentlichungen der Badischen Sternwarte zu Heidelberg (германски). 7 (10): 195–219. Bibcode:1919VeHei...7..195W.