Куп на Македонија во кошарка 2019
Купот на Македонија 2019 - 27. издание на Купот на Македонија во кошарка. Во ова издание учествувале првите осум екипи од полусезоната на Првата лига 2018/19, односно немало квалификации, и биле подредени според местоположбата на табелата од полусезоната. Поради загубата на својот играч Јовица Трпевски кој доживеал сообраќајна несреќа заедно со повеќе гостиварски сограѓани, КК Гостивар со поддршка од останатите клубови побарал да се одложи Купот кој требал да се одржи на 15 до 17 февруари.[1][2] Потоа МКФ одлучила Купот да биде одржан на 12 до 14 април.[3]
Турнирот се одржал во спортската сала 26 Април во Гевгелија, во организација на КК Блокотехна НБ, КК Кожув, Општина Гевгелија и МКФ.[4][5][6] Во ова издание првак бил Работнички.
Ова било последното издание под називот Куп на Македонија бидејќи Кошаркарската федерација на Македонија го променила називот на натпреварувањето во Куп Благоја Георгиевски - Буштур за следното издание, во чест на поранешниот кошаркар, југословенски репрезентативец и спортски работник Благоја Георгиевски кој загинал во сообраќајна несреќа на 29 јануари 2020 година.[7]
Место на одржување
Екипи учесници
На завршниот турнир обезбедиле пласман екипите кои завршиле на првите осум места на табелата од полусезоната (до 11. коло) од Првата лига 2018/19. Пласманот на една екипа значел против која екипа ќе се натпреварува, односно систем 1-8, 2-7, 3-6, 4-5.[5]
Костур
Турнир
Четвртфинале
Полуфинале
Финале
Победнички состав
|
Победник во Купот на Македонија 2019
|
|
Работнички 10. титула
|
Главен тренер
Помошник тренер
|
Признанија
Извор:[8][9]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Сезони во Купот на Македонија |
---|
| |
|
|
|