Коџа Мустафа Решит-паша

Коџа
Мустафа Решит
паша
Главен архитект на Танзимат
Ѓулхански хатишериф
(Отомански царски хатишериф за реорганизација, прогласен на 3 ноември 1839)
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
22 октомври 1857 – 7 јануари 1858
Монарх Абдул Меџит I
Претходник Мустафа Наили-паша
Наследник Мехмед Емин Али-паша
На должноста
1 ноември 1856 – 6 август 1857
Монарх Абдул Меџит I
Претходник Мехмед Емин Али-паша
Наследник Мустафа Наили-паша
На должноста
24 ноември 1854 – 2 мај 1855
Монарх Абдул Меџит I
Претходник Кибрисли Мехмед Емин-паша
Наследник Мехмед Емин Али-паша
На должноста
5 март 1852 – 5 август 1852
Монарх Абдул Меџит I
Претходник Мехмед Емин Рауф-паша
Наследник Мехмед Емин Али-паша
На должноста
12 август 1848 – 26 јануари 1852
Монарх Абдул Меџит I
Претходник Ибрахим Сарим-паша
Наследник Мехмед Емин Рауф-паша
На должноста
28 септември 1846 – 28 април 1848
Монарх Абдул Меџит I
Претходник Мехмед Емин Рауф-паша
Наследник Ибрахим Сарим-паша
Лични податоци
Роден(а) 13 март 1800(1800-03-13)
Цариград (денес Истанбул), Османлиско Царство
Починал(а) 7 јануари 1858(1858-01-07) (возр. 57)
Цариград, Отоманско Царство
Националност Отоманска

Коџа Мустафа Решит-паша познат и како Мустафа-паша Решит (13 март 1800, Истанбул17 декември 1858) – османски државник и дипломат кој бил голем везир (главен министер) шест пати. Имал водечка улога во покренувањето, изработката и прогласувањето на првите реформски хатишерифи познати како Танзимат ("Реорганизација").

Бил штитеник на својот вујко Испартали Али-паша и подоцна на државникот Пертев ефендија, Решид влегол во владина служба на рана возраст и постојано напредувал, во 1834 година станал амбасадор во Франција. Во текот на престојот во Западна Европа студирал француски јазик и западна цивилизација и развил пријателски односи со француските и британските државници. Ги поддржал прозападните реформи на султанот Махмуд II, кој го поставил за свој министер за надворешни работи.

Наследникот на Махмуд, султанот Абдул Меџит I, бил решителен да ја продолжи политиката на својот татко и на Решит му ја доверил подготовката на нови реформски мерки. Разработена во облик на хатишериф, оваа програма била прогласена на 3 ноември 1839 година. Со неа на отоманските поданици им се гарантирала рамноправност и сигурност на животот и сопственоста, без разлика на нивната раса и религија. Иако не биле спроведени сите реформи, Решит станал симбол на прозападните реформи. Меѓу 1839 и 1858 година двапати бил именуван за министер за надворешни работи и шест пати бил именуван за голем везир.

Решитовите реформи вклучувале укинување на трговијата на робови, воведување на нови кодекси на комерцијално и кривично право, како и реформи на административните прописи за да им се стави крај на непотизмот и купувањето на назначувањата. Ја поддржувал француската и британската политика и бил голем везир при избивањето на Кримската војна (1853 - 1856) [1].

Наводи

  1. Mustafa Reşid Paşa - Encyclopaedia Britannica

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Мехмед Емин Рауф-паша
Голем везир на Отоманското Царство
28 септември 1846 – 28 април 1848
Наследник
Ибрахим Сарим-паша
Претходник
Ибрахим Сарим-паша
Голем везир на Отоманското Царство
12 август 1848 – 26 јануари 1852
Наследник
Мехмед Емин Рауф-паша
Претходник
Мехмед Емин Рауф-паша
Голем везир на Отоманското Царство
5 март 1852 – 5 август 1852
Наследник
Мехмед Емин Али-паша
Претходник
Кибрисли Мехмед Емин-паша
Голем везир на Отоманското Царство
23 ноември 1854 – 2 мај 1855
Наследник
Мехмед Емин Али-паша
Претходник
Мехмед Емин Али-паша
Голем везир на Отоманското Царство
1 ноември 1856 – 6 август 1857
Наследник
Мустафа Наили-паша
Претходник
Мустафа Наили-паша
Голем везир на Отоманското Царство
22 октомври 1857 – 7 јануари 1858
Наследник
Мехмед Емин Али-паша

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!