Синанудин Факих Јусуф-паша — отомански државник, кој бил Голем везир во периодот од 1349 до 1364 година.[1] Тој бил последен кој ја извршувал функцијата во време на владеењето на султанот Орхан I и прв во време на владеењето на Мурат I.
Во еден запис од 1360 година, султанот Орхан I го споменува Синанудин Факих Јусуф и забележува дека тој бил син на човек со име Муслихудин Муса и внук на човек со име Меџдудин Иса. Од записот исто така може да се разбере дека Синанудин Факих Јусуф бил ахија кој им служен на отоманските бирократи.
По неговата смрт, поранешниот кадиаскер Чандарли Халил Хајредин-паша станал Голем везир, со што започнала „Чандарлиевата ера“ во Отоманското Царство, кога неколку Големи везири потекнувале од семејството Чандарли и поседувале голема политичка моќ.
Поврзано
Наводи
- ↑ İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, p. 8.