Коџа Давут-паша (? - 20 октомври 1498 во Димотика) — османлиски државник и Голем везир на империјата во периодот од 1482 до 1497 година.
Коџа Давут-паша имал албанско христијанско потекло и земен како данок во крв го прифатил исламот[1][2]. Во 1473 година, како бејлербег на Анадолија учествувал во походот кон Скадар и Кроја ставајќи крај на османлиско-албанските војни[2]. Во 1479 година станал гувернер на Босанскиот санџак[3], а во 1482 везир. Како везир ја предводел војната со Мамелуците.
Наводи