Дамат
Дамат (турски: damat, од персиски: داماد (dâmâd) „младоженец“) — официјална османлиска титула која им била доделувана на мажите кои влегувале во служба на османлиската династија преку брак, буквално станувајќи зет на отоманскиот султан и династијата. Речиси во сите случаи, ова се случувало кога еден маж ќе се оженил со отоманска принцеза.
Следниве луѓе ја имале титулата дамат:
- Ахмед-паша Херцеговиќ, Голем везир на Османлиското Царство (1497–98, 1503–06, 1511, 1512–14, 1515–16)
- Чорлулу Али-паша, Голем везир (1706-10)
- Али Паша, Голем везир (1713–16)
- Бајрам-паша, Голем везир (1637–38)
- Кара Давуд-паша, Голем везир (1622)
- Коџа Давут-паша, Голем везир (1482–97)
- Ебубекир-паша, Капудан паша (1732–33, 1750–51)
- Енвер-паша, министер за војна (1913–1813)
- Дамат Ферид-паша, Голем везир (1919, 1920)
- Дамат Халил-паша, Голем везир (1616–1919, 1626–28)
- Дамат Хасан-паша, Голем везир (1703-04)
- Јемишчи Хасан-паша, Голем везир (1601–03)
- Ќучук Хинсеџин-паша, Капудан паша (1792–1803)
- Дамат Ибрахим-паша, Голем везир (1596, 1596–97, 1599–1601)
- Невшехирли Дамат Ибрахим-паша, Голем везир (1718–30)
- Челеби Љутфи-паша, Голем везир (1539–41)
- Ибшир Мустафа-паша, Голем везир (1654–55)
- Кара Мустафа-паша, гувернер на Египет (1623, 1624–26)
- Дамат Мехмед Али-паша, Голем везир (1852–53)
- Окуз Мехмед-паша, Голем везир (1614–16, 1619)
- Насух-паша, Голем везир (1611–1414)
- Нуман-паша , Голем везир (1710)
- Коџа Рагип-паша, Голем везир (1757–63)
- Рустем-паша, Голем везир (1544–53, 1555–61)
|
|