Тој продолжил со проширување на своите територии на сметка на Византија. Така во 1331 година паднала Никеја, а во 1337паднала Никомедија. Бурса станала новата престолнина на султанатот. Во негово време, земјата започнала да се организира како држава во која биле пуштени односно изработени првите ковани пари, била направена модернизирана војска и слично.
Орхан бил син и наследник на Осман I, вториот султан на Османлиската држава, и првиот султан кој ја проширил Османлиската држава на сметка на територијални освојувања во Европа и ја институционализирал османлиската војска и управувањето. Наследството на Орхан- Османлиската држава, се наоѓало во Мала Азија и на брегот на две мориња – Црно и Мраморно. Орхан создал империја што ја опфаќала Мала Азија и дел од Европа, а се протегала до три мориња – Егејското, Мраморното и Црното Море.
Во 1336 тој го освоил просторот пред Босфор кај Цариград и егејскиот брег од спротивната страна на полуостровот Галиполе, победувајќи ги византиските владетели, пресечени од страна на Османлиите од својата престолнина. До крајот на 1337, Орхан ги присоединил последните византиски поседи во Западна Анадолија. Византија во тоа време била ослабена со внатрешните верски судири и политичка борба, но и со војната со силните бугарски и српски царства на Балканот.
Премин во власта
Кога Орхан го наследил својот татко, тој предложил на неговиот брат Алејдин-паша, да ги поделат териториите оставени од страна на нивниот татко. Алеадин-паша го одбил ова со образложение дека нивниот татко го назначил Орхан како единствен наследник, и дека државата не треба да се подели. Тој само се префрлил во едно село во близина на Бурса.
Орхан тогаш му рекол: "Бидејќи како брат не ги преземаш стадата што јас ти ги поседуваме, тогаш ти предлагам да бидеш овчар на мојот народ, односно да ми бидеш везир." Зборот везир на отомански јазик и персиски јазик значи носител на товар. Алејдин-паша по ова ја прифатил оваа функција односно станал првиот Голем везир на идното Отоманско Царство. Тој, како и многу од неговите наследници на таа функција, не често командувал со војската директно, но самиот бил одговорен во регрутирањето, основањето и управувањето на цивилните и воените институции на државата.
Управување
Според некои автори, во времето на Алејдин-паша, Османлиите престанале да дејствуваат како вазали на Селџуците по кое следувало воведување на нови законски прописи, создавање на систем за финансирање, основање на постојана војска. Во времето на Орхан бил основан и јаничарскиот корпус, институција која европските автори погрешно ја препишуваат на Мурат I.
Орхан не без сопствена корист се вмешал и во византиските династички спорови. Орхан се оженил за Теодора, ќерка на византискиот принц Јован. По овој брак почнал период на силно византиско влијание врз животот и обичаите на отоманскиот двор, кое траело сè до крајот на 14 век. Во 1346 година Орхан отворено го поддржал Јован VI во симнувањето од престолот на Јован V Палеолог. Кога тој дошол на престолот, на Османлиите им било дозволено да го окупираат напуштениот полуостров Галиполе. Во следната деценија, Османлиите започнале колонизација на Тракија со муслиманско население. Сепак, византискиот цар бил принуден да потпише договор со Орхан, според кој Византија ја признала загубата на Тракија.
Орхан починал во 1360 година, а на престолот се искачил неговиот син Мурат I.
Воените сили на Отоманското Царство биле организирани со постојана војска на редовни платеници и дисциплинирани пешадии и коњаница. Претходниците на Орхан, Ертугрул и Осман, својата војска ја организирале на начин што вазалите биле одговорни за регрутирање, а по крајот на секој воен поход истите биле распуштани. Алејдин сакал да обезбеди односно да формира постојана војска. Така бил основан јаничарскиот корпус кој станал најелитнала војска на султанот. Самиот Кара Халил-паша предложил на Орхан да се создаде армија во која ќе учествуваат децата од освоените места:
"Се што е освоено е одговорност на освојувачот, кој е законски владетел на нив, на нивните земји, на нивните стоки, на своите сопруги, а на нивните деца. Ние имаме право да го правиме тоа исто како што постапуваме и со нашите деца, и третманот што го предлагам не е само законско туку и добротворно при уписот во редовната армија бидејќи ќе се застапуваат и нивните интереси преку нивно образовање и предлагање на подобар начин на живот".
Тој исто така тврдел дека со формирањето на овој корпус ќе бидат доброволно регрутирани и деца не само од освоените области. Постапувајќи по ова, Орхан избрал илјадници најсилни момчиња од христијански семејства. Регрутите биле обучени според нивните поединечни способности. Дел од овие јаничари станувале големи везири.
Политика
Освојување
Орхан своите освојувања ги продолжил најпрвин на запад на територијата на Византија во северозападниот дел од Анадолија. Најпрвин во 1321 година била освоена Муданја, територија на Мраморно Море. Османлиите издвојувале големи победи зазимајќи ги Пелеканон во 1329 година, Никеја во 1331 година, Никомедија во 1337 година.
Кареси
По овие серија од успешни победи во 1345 година наместо да се здобијат со земјите на христијаните, Орхан го презел турското кнежевство Кареси, денешниот град Баликесир и околината. Во овој случај, Османлиите морале да имаат посебно оправдување поради своите освојувања на муслиманските кнежевства. Така во овој случај, владетелот на Касери починал и бил наследен од страна на неговите два синови кои требало да имаат еднакви делови. Сепак во кнежевството владеело граѓанска војна меѓу двата браќа па поради ова била потребна и намесата на Орхан. Едниот од браќата се наоѓал во кнежевството, а другиот кај Орхан. Народот на Кареси не го прифаќал владеењето на првиот брат и наводно го повикале вториот брат, Дурсун бег да ги ослободи. Тој го предложил на Орхан Кареси во замена на други земји. Кога пристигнале во Кареси разбрале дека неговиот брат побегнал во Бергама по кое следувало насочување на силите кон таа тврдина. Но додека да пристигнат, принцот бил убиен од страна на месните жители. Така, Орхан се објавил за султан на Кареси и го примил доброволното потчинување на народот. Најраниот извор датира од 1421 година од Календарот. Според овој податок, Касери паднал во 1349 година кое сосема не е сигурно. Овие територии биле сосема важни за Орхан бидејќи бил осноено Чанаккале, кое се наоѓа на Дарданелите.
Со освојувањето на Кареси, речиси целата територија на северозападниот дел на Анадолија била вклучена во Отоманското Царство, а четири градови Бурса, Измир (Никомидија), Изник (Никеја), и Бергама (Пергам) станале упориште на моќта на земјата.
Во истата година, Јован Кантакузин напишал дека Сулејман, синот на Орхан повел голема војска против галатјаните од Источна Скитија и во летото завладеале со два од најважните градови, Анкира и Кретрја. Најверојатно галатјаните се однесува на династијата Еретна од Сивас.
Консолидација
По освојувањето на Кареси следувал периодот на консолидација на новата империја. Отоманците започнале да оддаваат големо значење кон усовршувањето на цивилните и воените институции, во обезбедувањето на внатрешниот ред, во градење на џамии и училишта и огромни јавни објекти, од кои многу сè уште стојат. Орхан не продолжил со други освојувања во Анадолија освен преземањето на денешна Анкара од Ахис.
Во целина, на Анадолија во тоа време и се заканувала монголската инвазија бидејќи монголците веќе ги имале заземано Средна Азија, Иран, а потоа започнале и со источна Анадолија. Туркиските народи во Анадолија живееле во голем број на кнежевства вклучувајќи ги и Османлиите, по пропаѓањето на Румелискиот султанат. Сите овие мали кнежеста сè уште плаќале данок на Персија, и од друга страна и покрај тоа што сите биле муслимански, тие се бореле крваво за доминантен статус во Анадолија.
Односи со Византија
По византискиот пораз во Битката кај Пелеканон, Орхан развил пријателски односи со Андроник III Палеолог, како и со неговите наследници. Во следните дваесет години отоманците внатрешно се зацврстиле.
Во Византиската граѓанска војна од 1341 до 1347, Византија ги потрошила можеби и своите последни ресурси. Во 1341 година починал Андроник III. Негов наследник бил Јован V кој бил малолетен. Истата година Јован VI Кантакузин се прогласил за цар на Византија давајќи го почетокот на граѓанската војна меѓу Ана Савојска и Алексиј Апокавк. И двете страни се стремиле да ги придобијат како сојузници туркиските владетели во Анадолија. Ана најверојатно својата делегАција кај Орхан ја испратила во 1345 година.
Во 1346 година, царот Јован VI Кантакузин го признал Орхан како најголем емир меѓу муслиманските кнежевства. Тој се стремил да ги држи османлиските сили постојано до неговите интереси. Во 1346 година османлискиот владетел испратил делегација кај Кантакузин посакувајќи ја неговата ќерка Теодора за сопруга а во замена ветил дека ќе му помогне во бунтот против Ана. Според историчарите, Јован ова го прифатил дури откако се согласиле и поголемиот дел од семејството, служителите и другиот туркиски сојузник Умур[2]. По добивањето на согласност, Орхан испратил во Селиврија, денешен Силиври, западно од Цариград воена помош. Самата свадба била многу раскошна и опишана од страна на многу византиски историчари[3].
Сојузот меѓу Орхан и Кантакузин ја принудил на Ана да побара помош од емирот на Сарухан. Тие откажале и се придружиле кон силите на Орхан. На 2 февруари Јован влегол во Цариград и по шест дена се прогласил за нов цар. Јован V добро ги одржувал врските со Орхан. Во 1348 година српскиот цар Стефан Душан ја зазел Тесалија. Јован побарал помош од Орхан кој испрратил околу 10.000 пешадиска војска на чело со неговиот син Сулејман паша. Кога пристигнале блиску до Солун Османлиите неочекувано се обрнале повторно кон Дарданелите, притоа вршејќи големи грабежи. И покрај тоа, во 1352 година Јован повторно побарал помош од Орхан кога Јован го нападнал Матеј кај Адријнопол. На страната на Матеј застанале Османлиите и оствариле голема победа.
Во 1352 година повиканата од Кантакузин подкреп на синот му зазима тракиската тврдина Цимпе. Јован се обидел оваа тврдина да ја одзеде од Орхан, на кое тој му рекол дека не тој, а неговиот син Сулејман ја зазел тврдината. Како резултат на ова, царот испратил голема војска а од друга страна истото го сторил и Орхан. Во тој момент настапило голем хаос. Во една грчка кратка хроника од 1392 година за овој настан пишува:
На 2 март 1354 година... вечерта на православниот празник се случи голем земјотрес. Ѕидините на Галиополи и околните градови паднаа во турски раце. Земјотресот беше толку силен што беа разрушени не само куќите туку и самите фортификации. Месните жители разбраа дека без нив нема да можат да ги задржат на Турците и затоа започнаа да го напуштаат градот. Голем дек од населението почина од големиот студ... Многу мал дел успееја да преживеат, а останатите беа заробени од страна на Турците.
Во тоа време, Сулејман Паша бил во Пеге, на анафолскиот брег од Мраморно Море, каде дознал за големиот земјотрес. Тој ги преминал Дарданелите и ги населил полупразните градови со муслиманско население. Според Матео Вилани, Османлиите во тоа време ја направиле и првата опсада на Цариград која траела многу кратко.
Византискиот цар му се обратил на Орхан да неговиот син Сулејман ги врати одземаните градови, на кое Орхан одговорил дека тие градови не биле заземани со сила. По интензивни преговори, султанот наредил на својот син да се повлече а за возврат да добие 40.000 златни монети. За да се потврди договорот двајцата владетели требало да се состанат во денешен Измит но до тоа не дошло бидејќи Орхан наводно се разболел, а тракиските градови во крајна сметка останале под власта на Османлиите. Кон крајот на 1354 година византискиот императот абдицирал. Така, падот на Галиполе заедно со тврдината Цимпе станале првите заземани места на Османлиите во Европа.
По абдикцијата, на византискиот престол застанал Јован V Палеолог. Бидејќи Орхан немал никаков договор со новиот цар, неговите напади продолжиле пожестоко. Но во 1357 година синот на Орхан, Халил бил заробен. Орхан се обратил кон византискиот цар кој пак како услов му напишал да се откаже од помошта на Кантакузин. Кога настанало ослободувањето Халил бил одведен во престолнината на Византија и бил венчан со десетгодишната ќерка на Јован, Ирина. Царот го придружил османлискиот принц до Измит и го предал на Орхан со молба тој да го објави на Халил за престолонаследник со цел да осигури мир меѓу двете земји. Овој план не се остварил бидејќи кога починал во 1361 година, Орхан бил наследен од Мурат.
Последни години
Орхан бил еден од најдолгите владетели на Османлиското Царство[4]. Во последните години од својот живот своите овластувања му ги препуштил на својот втор син Мурат I, бидејќи претходно во инцидент починал најголемиот син, Сулејман по пад од коњ.
Орхан починал на 80 години во престолнината Бурса.
Потомство
Сулејман Паша (1316-1357). Најстариот познат син и наследник на престолот кој бил најзаслужен за проширувањето територијата во Тракија. Тој починал, кратко време по киднапирањето на неговиот брат Халил како резултат на падот од коњот.
Султан-бег (1324-1362)
Кадиџах Канум
Во 1299 Орхан се оженил со Нилуфер Хатун (1359), ќерка на кнезот на Јархисар и византиската принцеза Елена, која била со етничко грчко потекло[5][6][7] , Тие имале најмалку две деца:
His listing in "Medieval lands" by Charles Cawley. The project "involves extracting and analysing detailed information from primary sources, including contemporary chronicles, cartularies, necrologies and testaments."
↑Lowry, Heath (2003). The Nature of the Early Ottoman State. SUNY Press. стр. 153.
↑Paul LEMERLE, L'Emirat d'Aydin. Recherches sur la Geste d'Umur Pacha, Paris (1957)
↑A.A.M. BRYER, „Greek Historians on the Turks: the Case of the first Byzantine-Ottoman marriage". In: R.H.C. DAVIS, J.M. WALLACE-HADRILL (eds.), The Writng of History in the Middle Ages. Essays Presented to Richard William Southern, Oxford (1981)