Коста Анастасов

Коста Анастасов
Роден(а)Крушево, Османлиско Царство
НационалностМакедонец
Занимањезограф, иконописец
Познат(а) поцркви и манастири
Значајни делаво текстот
Роднини

Константин (Костадин, Коста) Анастасов или Атанасовмакедонски зограф и иконописец од Крушево.

Животопис

Роден е во Крушево, во семејството на Анастас Зограф, кај кого се образувал. Долго време работел заедно со татко му (до 1870 г.) и браќата Вангел и Никола.[1] Веројатно бил најстариот од браќата. На иконата на Светото Преображение во крушевската црква „Успение на пресв. Богородица“ се потпишал „χιρ Κοσταδιν ιοσ του Άναστασι 1868“.[2]

Во 1872 г. Коста Анастасов ги насликал иконите за храмот „Св. Атанасиј“ во битолското село Габалавци.[2] Негови се и иконите во црквата „Св. Петар и Павле“ во прилепски Варош. Една икона е датирана 1873 г., а на иконата на св. Петар и Павле пишува: „Исрук(а) Кѡнстандинъ син на Таше иконописателъ ѿ Крушево“.[2]

Во 1866 г. тројцата браќа ја живописале црквата „Св. Димитрија“ во мегленското село Тушин и оставиле натпис на грчки:

Ктиторскиот натпис од „Св. Димитрија“ во Тушин
Αυτή η εκκλησία του Αγίου Δημητρίου ειστορήθη εις τον καιρόν του ιερατέβωντος πανιερώτατος μητροπολίτης κυρίω κυρίω Προκοπίου Μογλενών [следуваат имињата на свештеници и првенци] δια χειρός Αναστασίου με τα παιδιά μου Βαγγελή Νικολάου, Κωνσταντίνη εκ χωρίου Κρούσεβα 1866.[3]
Оваа црква на Свети Димитрија се живописа за време на владикувањето на митрополитот господин господин Прокопиј (следуваат имињата на свештеници и првенци) од рацете на Анастасиј со моите деца Вангел, Никола, Константин од село Крушево 1866.

Фреските обработуваат теми од Стариот завет — создавањето на Адам и Ева, нивниот живот во рајот, гревопаѓањето и истерувањето, но и од Новииот завет — Христовото Рождество, Воскресение итн.[3] Тројцата ги насликале сите цркви во Горен Меглен.[3]

Во септември 1872 г. тројцата браќа го завршиле сликањето на „Вознесение Христово“ во скопското село Раштак, според зачуваниот ктиторски натпис на јужниот ѕид, западно од влезот. Во тоа време егзархиското население барало протерување на владикатата Паисиј Скопски и затоа неговото име е избришано по живописувањето. Фреските се наполно зачувани.[4]

На 14 декември 1878 г. тројцата браќа го завршиле живописувањето на „Св. Атанасиј“ во демиркапиското село Прждево.[5] Во првата половина на 1879 г. тие ја насликале црквата „Св. Атанас“ во Будур Чифлик, Мариово.[1][5] До северната врата на храмот е оставен натпис „Въ лѣто 1879 іунїѧ 15 изъ рукі братхѧ Ва(н)ћелъ Нікола Кѡста Анастасовіцъ Зографа ѿ село Крушево.“[1] Истата 1879 г. тројцата ја живописале црквата „Св. Никола“ во Клисура, исто така Демиркаписко.[5] Во 1879 г. според натписот над северниот влез од внатрешната страна браќата ја насликале „Св. Стефан“ во Конопиште, Кавадаречко.[6]

Во декември 1879 г. браќата го завршиле зографисувањето на „Св. Атанасиј“ во кавадаречкото село Бохула и над јужната врата од внатрешната страна ставиле натпис кој гласи: „Ктитори и приложници Димко Иереа, Ризо Ното Неде Гоџобашија Стоја Атанаси Митруши Вангелович от село Терново Никола питроп Темелко мали големи из руку братија Ваггели Никола Костадини Атанасович зуграфа от село Крушево в лето 1879 декември 20“.[6]

Надвлезен натпис во Бошавскиот манастир

Во 1880 г. браќата, заедно со Наќе, синот на Вангел, го насликале Бошавскиот манастир „Св. Архангел Михаил“. Над северната врата ставиле натпис: „Сеі храмъ стыи Архаггелъ Міхаиль. во врем(е) на она. г. г. Агаѳаггел Марко иереа. Кімо егуменъ престателъ себепъ. се стори за манастирот. што се зуграфіса за душевно. споменъ. Кресте. магеръ. Нікола даскалотъ. Ѧно момукотъ ик рукі бракѧ. Коста Никола. Вагглъ со синъ его. Наки. ѿ славно Крушово. во лето 1880. месецъ іулиа. 4.“[2][7]

Во 1881 г. тројцата браќа целосно ја живописале црквата „Св. Богородица“ во Бегниште, Кавадаречко, според натписот на северниот влез од внатрешната страна на црквата.[8] На 8 јуни 1881 г. според натписот на северниот влез од внатрешната страна браќата ја насликале црквата „Св. Архангел Михаил“ во Ресава, исто така во Кавадаречко.[8]

Богородица Поширока од небесата од „Св. Теодор Тирон“ во Дреновци
Светите браќа Кирил и Методиј од Слепченскиот манастир, 1889 г.

Во 1883 г. тројцата целосно ја живописале „Св. Атанасиј“ во прилепско Годивле.[9] Во истата 1883 г. ја насликале и „Св. Теодор Тирон“ во прилепско Дреновци.[10]

По 1884 г. Коста Анастасов ја живописал црквата „Св. Никола“ во крушевското село Белче. Дел од иконите го носат датумот 1872 година. Над влезната врата има натпис „Сеи храмъ стыи Ніколае. во времѧона се исзуграфіса. цьркфата г. г. Архіепископа Асінесіа оце пп. Іоше. Ктитори и пріложніци. г. Иліа Рісте. Ванцу. Рісте. Веле. Рісте. Лозе. Іоше. Петко. Іоле. Ніколе. мали и големи. за вѣчно споменъ Изъ руки Коста Анасташіовъ зивописецъ ѿ Крушево во лето 18... месецъ иуна 9 денъ“. Бидејќи е избришана, годината на живописување е непозната.[2] Истата година Коста Зограф ја насликал црквата „Св. Никола“ во соседно Единаковци.[11]

Во 1886 г. Коста ја насликал „Рождество на пресв. Богородица“ во Бач, Битолско. Натписот гласи: „Сей храмъ Прест Богородица нво вем она се образис г. г. Архіепіск. к иереа. Иліа. ктитор. и приложніцъ г. 1886. из рукь Коста. Анасташіовикъ зуграфа ѿ слафно Крушово мсцъ. 4.[2] Во 1888 ја живописал „Св. Илија“ во демирхисарско Зашле.[12]

Во црквата „Св. Никола“ во демирхисарското село Слепче има полузачуван натпис на кој се гледа името на Коста Анастасов, што е можно да е зографот, бидејќи тој работел и на соседниот Слепченски манастир, но може и да се однесува на градител со истото име. Во манастирот Коста Атанасов работел пред обновата на старата манастирска црква. Насликал фрески во наосот и припратата, каде ставил натпис: „Въ сей храмъ живописанието (зуграфията) и отварянието на новото училище станаха въ времето на тѣзи лица: Отецъ К. Тодоръ, Игуменъ Стоянъ Неделковъ, Слав. Учителъ Иванъ К. Ставревъ и живописецъ Коста Анастасовъ отъ гр. Крушево 31 май 1889 год.[2]

Во 1889 г. ги изработил иконите за иконостасот на црквата „Св. Никола“ во Прострање, Кичевско.[13]

Натпрестолниот крст во црквата „Св. Никола“ во Нови Пазар, Србија, е потпишан „Коста Анасташiов“ од Крушево и датиран 24 февруари 1890 година.[14]

Фрески од „Св. Димитрија“ во Тушин

Родословие

 
 
 
 
 
Анастас Зограф
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Коста Анастасов
 
Вангел Анастасов
 
Никола Анастасов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Наќе Вангелов
 
 
 
 
 
 
 

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 278.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 279.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Αετοχώρι“. Δήμος Εξαπλατάνου. Посетено на 13 февруари 2016.
  4. „Црква Вознесение Христово – Св. Спас“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 14 март 2016. Посетено на 10 април 2014.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Демиркаписка парохија“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 12 февруари 2016.
  6. 6,0 6,1 „Ваташка парохија – цркви и манастири“. Повардарска епархија. 28 ноември 2007. Посетено на 12 февруари 2016.
  7. „Манастир „Св Архангел Михаил" – Бошавски“. Повардарска епархија. 28 ноември 2007. Посетено на 12 февруари 2016.
  8. 8,0 8,1 „Маренска парохија“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 13 февруари 2016.
  9. „Црква „Свети Атанасиј", село Годивје“. Old Prilep. Архивирано од изворникот на 16 февруари 2016. Посетено на 30 декември 2021.
  10. „Црква „Свети Теодор Тирон", село Дреновци“. Old Prilep. Архивирано од изворникот на 17 февруари 2016. Посетено на 30 декември 2021.
  11. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 35. ISBN 978-608-65616-4-2.
  12. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 48. ISBN 978-608-65616-4-2.
  13. „Кичевско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 12 февруари 2013. Посетено на 15 март 2014.
  14. Макуљевић, Ненад (2015). „Делатност дебарских и самоковских зографа у Босни и Херцеговини, Црној Гори и Северној Србији у XIX веку“ (PDF). Проблеми на изкуството (српски). 48 (4): 21.

Read other articles:

У этого термина существуют и другие значения, см. Гать (значения). ПосёлокГать 56°56′29″ с. ш. 60°25′42″ в. д.HGЯO Страна  Россия Субъект Федерации Свердловская область Городской округ Верхняя Пышма История и география Прежние названия Калмацкая Заимка Тип климата...

 

District in Brandenburg, GermanySpree-NeißeDistrict FlagCoat of armsCountryGermanyStateBrandenburgCapitalForstArea • Total1,647.8 km2 (636.2 sq mi)Population (31 December 2021)[1] • Total111,955 • Density68/km2 (180/sq mi)Time zoneUTC+01:00 (CET) • Summer (DST)UTC+02:00 (CEST)Vehicle registrationSPN, FOR, GUB, SPBWebsitewww.landkreis-spree-neisse.de Spree-Neiße (Lower Sorbian: Wokrejs Sprjewja-Nysa, pronounced ...

 

Carl Johann Hartman Información personalNacimiento 1790Gävle Parish (Suecia) Fallecimiento 1849Jakob and Johannes parish (Suecia) Nacionalidad SueciaSueciaFamiliaHijos Carl Hartman EducaciónEducado en Universidad de Upsala Información profesionalÁrea botánico, pteridólogo, briólogo, algólogo, médicoAbreviatura en botánica Hartm. o HartmanMiembro de Real Academia de las Ciencias de Suecia [editar datos en Wikidata] Carl Johan(n) Hartman (Suecia, 1790 - † Gävle, 1849) fu...

ATI IATA-Code: BM ICAO-Code: ATI Rufzeichen: ATI Gründung: 1963 Betrieb eingestellt: 1994 Sitz: Neapel, Italien Italien Heimatflughafen: Flughafen Neapel Flottenstärke: 42 Ziele: national ATI hat den Betrieb 1994 eingestellt. Die kursiv gesetzten Angaben beziehen sich auf den letzten Stand vor Einstellung des Betriebes. Aero Trasporti Italiani, kurz ATI, war eine italienische Fluggesellschaft mit Sitz und Basis in Neapel. Als Tochterunternehmen der Alitalia führte sie hauptsächlich I...

 

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada November 2022. Chung Ho-yong정호용鄭鎬溶Lahir10 September 1931 (umur 92)Taegu, Gyeongsang Utara, KoreaKebangsaanKorea SelatanPartai politikPartai Keadilan DemokratSuami/istriKim Suk-hwanNama KoreaHangul정호용 Hanja鄭鎬溶 Alih AksaraJeong Ho-yongMcCune

 

Дивізійна церква 50°27′58″ пн. ш. 30°26′44″ сх. д. / 50.4663280000277723° пн. ш. 30.44564700002777968° сх. д. / 50.4663280000277723; 30.44564700002777968Координати: 50°27′58″ пн. ш. 30°26′44″ сх. д. / 50.4663280000277723° пн. ш. 30.44564700002777968° сх. д. / 50.4663280000277723; 30.445647000027...

State Highway 222SH 222; highlighted in redRoute informationMaintained by TxDOTLength59.725 mi[1] (96.118 km)Existedby 1936[2]–presentMajor junctionsWest end US 82 / SH 114Major intersections US 277East end US 380 west of Throckmorton LocationCountryUnited StatesStateTexas Highway system Highways in Texas Interstate US State Toll Loops Spurs FM/RM Park Rec ← SH 221→ SH 223 State Highway 222 (SH 22...

 

For broader coverage of this topic, see Radio regulation. This article's use of external links may not follow Wikipedia's policies or guidelines. Please improve this article by removing excessive or inappropriate external links, and converting useful links where appropriate into footnote references. (September 2020) (Learn how and when to remove this template message) Basic data Short title: ITU Radio Regulations Long title: Radio Regulations of the International Telecommunication Union Type:...

 

West Slavic ethnic group CzechsCzech: ČešiTotal populationc. 10–12 million(including Moravians and Czech Silesians)Regions with significant populations Czech Republic  6,732,104[1][nb 1]–9,246,784[2]Significant diasporic populations in: United States1,462,000[3] Germany603,000[4] Canada104,580[5] Slovakia45,711–89,000[6][7][4] Austria65,000[4] United Kingd...

Sint-Maartenskerk Aanzicht in 2011 Plaats Wehl Gewijd aan Martinus van Tours Gebouwd in oudste deel: tufstenen toren uit 12de eeuw Monumentale status Rijksmonument Monumentnummer  38665 Architectuur Bouwmateriaal tufsteen en baksteen Toren 12de-eeuwse deel tufsteen verhoogd deel 13de eeuw baksteen Portaal    Christendom R.K. Pastorie, Kerkplein 4 Wehl De Sint-Maartenskerk of ook wel de Sint-Martinuskerk is een rooms-katholieke kerk in de Nederlandse plaats Wehl. ...

 

Lihula Gemeente in Estland Situering Provincie Läänemaa Coördinaten 58° 41′ NB, 23° 51′ OL Algemeen Oppervlakte 375,25 vierkante kilometer[1] Inwoners (1 januari 2017) 2.217[2] (6 inw./km²) Foto's De burchtruïne van Lihula Portaal    Baltische staten Lihula (Estisch: Lihula vald) is een voormalige gemeente in de Estlandse provincie Läänemaa. De gemeente telde 2217 inwoners (1.01.2017) en had een oppervlakte van 375,2 km². De hoofdplaat...

 

Defunct political coalition in Russia You can help expand this article with text translated from the corresponding article in Russian. (April 2017) Click [show] for important translation instructions. View a machine-translated version of the Russian article. Machine translation, like DeepL or Google Translate, is a useful starting point for translations, but translators must revise errors as necessary and confirm that the translation is accurate, rather than simply copy-pasting machine-t...

Public school in Clackamas, Clackamas County, Oregon, United StatesClackamas Web AcademySchool is located on the third floorAddress8740 SE Sunnybrook Boulevard Ste. 350Clackamas, Clackamas County, Oregon 97015United StatesCoordinates45°25′46″N 122°34′24″W / 45.429542°N 122.573411°W / 45.429542; -122.573411InformationTypePublicSchool districtNorth Clackamas School DistrictPrincipalBrad Linn[1]Teaching staff19GradesK-12Number of students550Student to ...

 

Unauthorized recording or release The first popular rock bootleg, Bob Dylan's Great White Wonder, released in July 1969 A bootleg recording is an audio or video recording of a performance not officially released by the artist or under other legal authority. Making and distributing such recordings is known as bootlegging. Recordings may be copied and traded among fans without financial exchange, but some bootleggers have sold recordings for profit, sometimes by adding professional-quality soun...

 

1982 studio album by Freddie HubbardRide Like the WindStudio album by Freddie HubbardReleased1982RecordedJune 13-14, 1981StudioOcean Way Recording, Hollywood, CAGenreJazzLength37:29LabelElektra/MusicianProducerJeffrey WeberFreddie Hubbard chronology Born to Be Blue(1982) Ride Like the Wind(1982) Above & Beyond(1999) Professional ratingsReview scoresSourceRatingAllmusic[1]The Rolling Stone Jazz Record Guide[2] Ride Like the Wind is an album by jazz musician Freddie ...

Recreational shooting sport and game This article is about the sport and technology in general. For the branded version with a similar name, see Lazer Tag. This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Laser tag – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (December 2021) (Learn how and when to remove thi...

 

Esta é uma lista de emissoras de televisão do estado brasileiro do Piauí. São 12 emissoras concessionadas pela ANATEL.[1][2] Pela lei, uma Retransmissora de Televisão (RTV) fora da Amazônia Legal pode gerar programação local limitada e não pode vender espaços comerciais (caso da TV Delta e TV Picos). As emissoras podem ser classificadas pelo nome, canal analógico, canal digital, cidade de concessão, sede, razão social, afiliação e prefixo. Canais abertos Referências: [3] Nome ...

 

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: North Macedonia in the Junior Eurovision Song Contest – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (April 2020) (Learn how and when to remove this template message) North Macedonia in the Junior Eurovision Song Contest Participating broadcasterMacedonian Radio...

University in Shenzhen, China This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Shenzhen Polytechnic University – news · newspapers · books · scholar · JSTOR...

 

Canal de BerryThe Canal de Berry in Saint-Amand-MontrondSpecificationsStatusClosed except for 15km operational segment with 5 locks between Selles-sur-Cher and Noyers-sur-Cher[1][2]HistoryPrincipal engineerJoseph-Michel DutensDate approved1780Construction began1809Date completed1839GeographyStart pointCher at Noyers-sur-CherBeginning coordinates47°16′05″N 1°23′17″E / 47.2680°N 1.3881°E / 47.2680; 1.3881 The Canal de Berry (French pronunciati...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!