Св. Никола — црква во демирхисарското село Единаковци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен на североисточниот крај на селото. Претставува еднокорабна градба со полукружен свод. На северната и јужната страна одвнатре има по два пиластра кои го продолжуваат сводот и служат за потпора. На исток има полукружна апсида со четири плитки ниши од надворешната страна. Влезот е од делкан камен, а покривот е на две води со камени плочки. На запад има трем и камбанарија.[1]
Поврзано
Наводи