Десет национални селекции имаат обезбедено место на завршницата на првенството. Додатни пет се добиле после завршувањето на квалификациските рунди, а според ФИБА Европа уште седум репрезентации кои не се избориле за настап ќе учествуваат на Евробаскетот бидејќи се зголемил бројот на тимови кои играат на завршницата од 16 на 24.
Квалификациите за Евробаскет 2011 се одржуваат од 2 август до 29 август 2010 година. Извлекувањето на групите се одржало на 16 јануари 2010 година во Минхен, Германија. Тимовите се поделени во три групи со по пет екипи. Првопласираните тимови во групите и два најдобри второпласирани тимови обезбедуваат место на завршницата на европското првенство.[1]
Според новите правила само последните пласирани тимови, односно три репрезентации, ќе играат додатен турнир каде ќе се добијат последните два тима за на завршницата. Според старите сите останати требаа да играат на додатниот турнир, освен првите пет квалификувани. Исто така, според новите правила, и земјите кои не заслужија да бидат дел од Евробаскет ќе учествуваат на завршницата, бидејќи ФИБА Европа одлучила наместо 5 да се пласираат 12 тима преку квалификациите. Сето тоа е поради зголемениот број на учесници на Евробаскетот, од 16 на 24.