Кара Ахмед-паша (? - 29 септември 1555[1]} во Цариград) — османлиски државник и Голем везир на империјата во периодот од 1553 до 1555 година[2].
Кара Ахмед-паша пред да стане везир бил бејлербег на Румелија. Бил во брак со ќерката на Селим I, Фатма Султан. Во времето кога Рустем-паша бил отстранет од функцијата Голем везир, на 6 октомври 1553 година, Кара Ахмед-паша застанал на неговото место. Во 1555 година, Руштем-паша заедно со Хурем султан го обвиниле за мито кај султанот Сулејман, по кое тој бил погубен, а Руштем повторно станал Голем везир.
Наводи
- ↑ [1]
- ↑ İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971