Распространетост на калифорнискиот морски лав — размножувалиште: темносино, вкупна застапеност: светлосино
Калифорниски морски лав (науч. Zalophus californianus) — крајбрежен вид на морски лав од западните делови на Северна Америка, од југоисточна Алјаска до средно Мексико, вклучувајќи го Калифорнискиот Залив. Се одликуваат со полов диморфизам — каде мажјакот е поголем од женката, има подебел врат и истакната челенка. Кога не се во вода, сместуваат претежно на песочни и каменливи плажи, но неретко и на вештачки објекти како сидришта и пристаништа. Се хранат со разни видови риби и лигни, а самите претставуваат плен за китовите-убијци и белите ајкули.
Морските лавови се многуженци. Се размножуваат од мај до август, при што мажјаците воспоставуваат свои територии и во нив привлекуваат женки. Женките пак, слободно се движат од една до друга територија, без присила од мажјаците. Мајките се грижат за младенчињата во периодот на одмор помеѓу ловните походи. Морските лавови општат со низа огласувања, од кои позабележителен е лаежот и мајчините повици на младите. Вон сезоната на парење, најголемиот дел од времето го проведуваат во морето, навраќајќи се на брегот да се митарат.
Ова се особено интелигентни животни и затоа се дресираат за извршување на разни задачи. Поради ова, калифорниските морски лавови се чести жители на зоолошките градини, циркусите и океанариумите ширум светот, каде најчесто се именуваат како „фоки“. Покрај ова, морнарицата на САД ги користи и како обучени извршители на извесни воени дејства. Според Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN), за видот го носи заштитниот статус „најмала загриженост“ (LC) поради неговата многубројност.
Таксономија
Калифорнискиот морски лав бил опишан од Рене Примевер Лесон, француски натуралист, во 1828 година. Тој е групиран со други морски лавови и крзнени фоки во семејствотоушести фоки. Ушестите фоки, исто така познати како Otariidae, се разликуваат од вистинските фоки со тоа што имаат надворешни ушни школки и пропорционално поголеми предни перки и пекторални мускули. Заедно со галапагоскиот морски лав и изумрениот јапонски морски лав, калифорнискиот морски лав припаѓа на родоткалифорниски морски лавови односно научно Zalophus кој потекнува од грчките зборови „за“ што значи „интензивен“, и „лофос“ што значи „грб“.[3] Ова се однесува на испакнатиот сагитален грб на мажите, што ги разликува членовите на родот.[4]
Традиционално, галапагоскиот морски лав и јапонскиот морски лав биле класифицирани како подвидови на калифорнискиот морски лав. Сепак, генетска студија во 2007 година открила дека сите три се всушност посебни видови.[5] Се чини дека лозата на калифорнискиот и јапонскиот морски лав се разделила пред 2,2 милиони години за време на плиоценот.[6] Калифорнискиот морски лав се разликува од галапагоскиот морски лав по својот поголем полов диморфизам.[4] Стелеровиот морски лав е најблискиот роднина на родот на калифорниските морски лавови, кој е сестринска врста.[7]
Изглед и движење
Поради половиот диморфизам, мажјаците и женките на калифорнискиот морски лав се меѓусебно разликуваат по големина, облик и боја. Мажјаците обично се долги по 2,4 м и тежат до 350 кг, а женките имаат должина од 1,8 м и тежина до 100 кг.[4] Женките и младенчињата имаат портокалово-кафеаво крзно,[4] а по митарењето добиваат привремена светлосива или сребрена боја.[8] Мажјаците можат да бидат од светлокафеави до црни, но најчесто крзното има темнокафеава боја.[4] Ликот може им биде прилично светол. Новороденчињата имаат црно или темнокафеаво крзно.[8] Иако ова е вид со витка става, возрасните мажјаци имаат силен врат, гради и рамена.[8] Кај нив се забележува и истакнатата челенка, која дава впечаток на високо чело;[9] од бели влакна.[4] Покрај ова, имаат и грива, која е помалку развиена од онаа кај јужноамериканските морски лавови.[9] Обата пола имаат тесни издолжени муцки.[8]
Како и сите други перкари, калифорнискиот морски лав се движи во водата со перки (пераи). Телото е мазно и хидродинамичноотпор. ’Рбетот им е прилично свитлив, што значи дека можат да го свиткаат вратот наназад сè до задните перки, и со тоа да прават нагли грбни свртувања, задржувајќи го хидродинамичното држење.[10] Кога оди на копно, морскиот лав ги мести задните перки нанапред, што му овозможува да оди четириношки, но чекорењето е претежно условено од движењата на главата и вратот.[11] Во вода достигнуваат брзина од 10,8 км/ч,[12] и нуркаат до длабочина од 274 м во траење до 9,9 минути, иако најчесто одат до 80 м и се задржуваат помалку од 3 минути.[13]
Морските лавови гледаат во боја, но ограничено на сините и зелените подрачја на бојниот спекатар, што претставува еволутивно приспособување на морската средина.[14] Имаат прилично остар слух, во честотен опсег од 0,4 до 32 kHz.[15] Подводните вибрации ги чувствуваат со нивните мустаќи (вибриси), кои се помазни и помалку наменски насочени од оние на обичната фока.[16]
Екологија
Распространетост и живеалиште
Калифорнискиот морски лав живее на западното крајбрежје и островски групи на Северна Америка, од југоисточна Алјаска до средно Мексико. Со анализа на митохондриската ДНК во 2009 г. се утврдени 5 посебни населенија: тихоокеанско умерно население од САД, тропско население на западниот дел на полуостровот Долна Калифорнија, како и населенијата од јужниот средниот и северниот дел на Калифорнискиот Залив.[7]
За време на сезоната за парење, морските лавови се собираат на песокливи или каменливи брегови, а во топлите денови лежат поблиску до морето. Навечер и кога е постудено одат повнатре на копното, на повисоки места.[8] Единките што не се парат се собираат на сидришта, пристаништа, па дури и на пловки за бродови. Морските лавови можат привремено да живеат и во слатка вода, како што е случај со единките кај браната „Бонивил“ на реката Колумбија.[17]
↑ 4,04,14,24,34,44,54,6Heath, Carolyn B.; Perrin, William F. (2008). „California, Galapagos and Japanese Sea Lions Zalophus californianus, Z. wollebaeki and Z. japonicus“. Во Perrin, William F.; Würsig, Bernd; Thewissen, J.G.M. (уред.). Encyclopedia of Marine Mammals (2. изд.). стр. 170–75. ISBN978-0123735539.
↑ 8,08,18,28,38,48,5Reeves, Randall R.; Stewart, Brent S.; Clapham, Phillip J.; Powell, James A. (2002). National Audubon Society Guide to Marine Mammals of the World. Alfred A. Knopf. стр. 90–93. ISBN0375411410.
↑ 9,09,1Lavigne, David M.; Harwood, John (2001). „Eared seal species“. Во David, MacDonald (уред.). The Encyclopedia of Mammals (2. изд.). Oxford University Press. стр. 171. ISBN0760719691.
↑English, Arthur Wm. (1976). „Limb movements and locomotor function in the California sea lion (Zalophus californianus)“. Journal of Zoology. 178 (3): 341–364. doi:10.1111/j.1469-7998.1976.tb02274.x.
↑Feldkamp, Steven D.; DeLong, Robert L.; Antonelis, George A. (1989). „Diving patterns of California sea lions, Zalophus californianus“. Canadian Journal of Zoology. 67 (4): 872–883. doi:10.1139/z89-129.
↑Griebel, U.; Schmid, A. (1992). „Color vision in the California sea lion (Zalophus californianus)“. Vision Research. 32 (3): 477–482. doi:10.1016/0042-6989(92)90239-F. PMID1604834.
↑Gläser, N.; и др. (2011). „Hydrodynamic trail following in a California sea lion (Zalophus californianus)“. Journal of Comparative Physiology A, Neuroethology, Sensory, Neural, and Behavioral Physiology. 197 (2): 141–51. doi:10.1007/s00359-010-0594-5. PMID20959994.