Крзно е збир телесни влакна на нечовечки цицачи. Тоа игра улога на заштитна „облека“ за животните; крзното може да се состои од кратки долни влакна, долги горни влакна и, во некои случаи, средни влакна. Сите цицачи немаат крзно. Крзното се користи заради неговата практична (облека), декоративна и престижна вредност. Освен природните, постојат и имитации на крзна (вештачко крзно) кои се далеку поевтини.
Крзното како мотив во уметноста и во популарната култура