Манастир „Св. Архангел Михаил“ — манастир во југоисточниот дел на Македонија, на североисточните падини на планината Смрдеш, во близина на селото Ињево.
Манастирот бил основан со изградбата на манастирската црква којашто започнала во 1999 година, а била осветена во 2002 година.[1]
Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, печка и помошни објекти.
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна.