- За други значења, види Самар (појаснување).
Источен Самар е покраина на Филипините сместена во регионот Источни Висаи. Главен град е Боронган и се граничи на север со Северен Самар и на запад со Самар. На исток излегува на Филипинско Море и Лејтскиот Залив на југ.
Демографија
Покраината има население од 375.822 жители. Густината изнесува 87 жит на км2. Главен јазик е варајскиот.
Стопанство
Покраината произведува Копра и извезува дрвена граѓа. локалното земјоделство произведува пченка, ориз, шеќерна трска, и др.
Административна поделба
Источен Самар е поделен на 1 град (Боронган) и 22 општини.
Историја
Источен Самар беше формирана од покраината Самар со републичкиот акт бр.. 4221 на 19 јуни 1965.
Надворешни врски
Координати: [http:https://geohack.toolforge.org/geohack.php?pagename=%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BD_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D1%80¶ms=11_40_N_125_30_E_region:PH_type:adm1st 11°40′N, 125°30′E]