Исмаил Мачев

Исмаил Мачев
Лични податоци
Роден(а)3 јануари 1960(1960-01-03)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Починал(а)21 јануари 2019(2019-01-21) (возр. 59)
Белград,  Србија
Висина1,67 м[1]
Тежина61 кг
Спорт
Спортатлетика
Дисциплини400 метри
КлубЦрвена Ѕвезда

Исмаил Мачев (3 јануари 1960 во Скопје21 јануари 2019 во Белград) — македонски и југословенски атлетичар кој се натпреварувал на 400 метри.[2] Учествувал на Летните олимписки игри 1988 и на две светски првенства. Бил добитник на сребрен медал на Средоземните игри во 1987 година.

Животопис

Мачев е роден во Скопје на 3 јануари 1960 година. Тој во кариерата има постигнато бројни успеси, меѓу кои се двата сребрени медали на Средоземните игри, во 1987 година во Сирија и 1991 година во Атина. Учествувал на ЛОИ 1988, како и на неколку Светски првенства. Во негова сопственост е и актуелниот рекорд на 400 метри, кој е сѐ уште недостижен за активните атлетичари - 45,83 секунди.

Мачев бил член на познатата „најбрза бела штафета“ 4x400 метри, заедно со Слободан Бранковиќ, Дејан Јовковиќ и Ненад Ѓуровиќ, која на Светското првенство во Токио во 1991 година го освоила четвртото место.

После натпреварувачката кариера Исмаил Мачев работел како тренер во Црвена Ѕвезда во Белград, каде бил премногу ценет и каде неколкупати добил награди за најдобар тренер во младински категории. По долго и тешко боледување, починал во Белград на 21 јануари 2019 година. Тој повеќе од две години се борел со рак на белите дробови, каде успешно минал и операција, но болеста повторно се вратила.[3]

Меѓународни натпреварувања

Година Натпреварување Град Место Натпреварување Настан
За  Југославија
1982 Европско првенство Атина, Грција 10. (h) 4×400 м штафета 3:08,44
1983 Средоземни игри Казабланка, Мароко 6. 400 м 46,27
1986 Европско првенство во сала Мадрид, Шпанија 4. (sf) 400 м 47,78
Европско првенство Штутгарт, Западна Германија 22. (h) 400 м 47,52
1987 Европско првенство во сала Левен, Франција 12. (sf) 400 м 48,15
Светско првенство Рим, Италија 29. (qf) 400 м 46,54
10. (sf) 4×400 м штафета 3:03,30
Средоземни игри Латакија, Сирија 2. 400 м 46,23
1988 Олимписки игри Сеул, Јужна Кореја 20. (h) 400 м 46,37
5. (sf) 4×400 м штафета 3:01,59
1990 Европско првенство Сплит, Југославија 5. 4×400 м штафета 3:02,46
1991 Средоземни игри Атина, Грција 2. 4×400 м штафета 3:03,74
Светско првенство Токио, Јапонија 4. 4×400 м штафета 3:00,32

Лични рекорди

На отворено

  • 200 метри – 21,5 (Скопје, 1981)
  • 400 метри – 45,83 (Љубљана. 1987)
  • 800 метри – 1:47,46 (Сараево. 1988)

Во сала

  • 200 метри – 22,05 (Будимпешта, 1987)
  • 400 метри – 47.11 (Будимпешта, 1990)

Наводи

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!