Зоран Рајовиќ (роден на 28 октомври 1979 година) бил поранешен професионален српски фудбалер кој настапувал на позицијата напаѓач. Моментално ја извршува функцијата како главен тренер на екипата на Српски бели орли во Канадската фудбалска лига.
Клупска кариера
Роден бил во Винковци, СР Хрватска, СФР Југославија. Рајовиќ на рана возраст се преселил во екипата на Војводина. Тој подоцна бил испратен како позајмен играч во составот на Врбас и тоа во два наврати.[1] Во летото 1999 година, Рајовиќ се преселил во Бугарија и се приклучил на екипата на Берое од Стара Загора. За клубот од Стара Загора постигнал четири голови во лигата на вкупно 19 натпревари. На крајот на сезоната екипата успеала да избегне преселба во пониската лига, односно успеала да избори опстанок.[2] Во 2001 година, тој настапувал во Азија во екипата на ФК Далиан Шиде, во кинеската Супер лига.[3] По една сезона во Источна Азија се вратил назад во Првата лига на СР Југославија односно во составот на ФК Војводина. Во 2002 година, Рајовиќ настапувал во Премиер лигата на Босна и Херцеговина и останал запаметен по неговото време минато со екипите на Гласинац од Соколац и Зрињски од Мостар (во два периода). Со составот на Зрински тој бил најдобар стрелец во Премиер лигата во сезоната 2004-2005 со вкупно 17 постигнати голови.[4][5][6]
Во 2005 година, Рајовиќ настапувал во израелската Премиер лига, поточно во составите на ФК Ашдод и ФК Хапоел Кфар Саба.[7] Во 2006 година се вратил во Европа за да игра во фудбалската лига на Грција со екипата на ФК Етникос Пиреус. Подоцна во 2007 година се вратил во клубот на Зрињски од Мостар.[8] За време на неговиот втор престој во Зрињски, тој настапил и во Купот на УЕФА 2007-08 против екипите на ФК Партизан и ФК Работнички.[9] Во 2008 година поминал извесен период во српската Суперлига во составот на Хајдук од Кула. Во 2009 година бил во екипата на Олимпик од Сараево.[10][11] Во наредниот период бил ангажиран во составите на Фк Дијагорас, ФК Леотар и ФК Рудар од Приједор.[12][13]
Во 2011 година, Рајовиќ се вратил во Азија за да настапува во екипата на ФК БЕЦ Теро Сасана во тајландската Премиер лига и во Националната лига на Мјанмар со клубот на ФК Јаданарбон.[14][15][16] Во 2012 година, Рајовиќ настапувал во Канадската фудбалска лига со екипата на Српски бели орли, постигнувајќи 18 голови на 22 одиграни натпревари.[17][18] Пред да се повлече од професоналното играње на фудбал, Рајовиќ настапувал за екипите на Модрича, Орашје (двапати) и Младост Антин.[19] Во 2018 година, тој се вратил во Канадската фудбалска лига за да стане и играч-тренер во составот на Скарборо СЦ.[20][21]
Репрезентација
На репрезентативно ниво, Рајовиќ бил ограничен за репрезентацијата на СР Југославија на ниво до 18 години.[22] Тој, исто така, имал настапувано на два неофицијални натпревари за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Тренерска кариера
Во 2018 година, тој бил назначен за играч-тренер во составот на Скарборо СЦ во Канадската фудбалска лига.[23] Во првата своја сезона како тренер, тој го предводел тимот на Скарборо до финалето на КСЛ натпреварувањето, но неговиот тим бил поразен од екипата на ФК Воркута во пенал серијата.[24] Наредната сезона клубот завршил како второпласиран во Првата дивизија и обезбедил место за постсезоната. Во плеј-офот, Рајовиќ го предводел тимот од источниот дел на Торонто до финалето на првенството и тоа, втора последователна сезона, каде што го совладале составот на ФК Украина Јунајтед.[25] Во 2020 година ја обезбедил титулата во Првата дивизија и стигнал до финалниот натпревар за шампион против составот на ФК Воркута, во кој бил поразен со резултат 2:1.[26]
Рајовиќ станал помошник тренер на екипата на Српски бели орли, а набргу потоа бил и промовиран во прв тренер.[27]
Приватен живот
Тој поседувал српски, хрватски и босанско-херцеговски пасош. Неговиот татко бил поранешниот играч на екипата на Динамо од Винковци, Милорад Рајовиќ.