Хрватски пасош (хрватски: Hrvatska putovnica) – јавна патна исправа која им се издава на државјаните на Хрватска за патување и престој во странство и за враќање во земјата.
За време на престој во странство, патната исправа на нејзиниот имател му служи за докажување на идентитетот и како доказ за државјанство.
Хрватскиот пасош се издава за неограничен број патувања.
Почеток на издавање
На почетокот на 2009 година претставени се новите биометриски пасоши на Хрватска.