Заградничка Чука — археолошко наоѓалиште во прилепското село Витолиште. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време. На 2 км североисточно од селото, над составот на Заградичка и Церовечка Река има доминантна чука со издолжено плато на врвот на кое има остатоци од моќен одбранбен бедем од ѕидан камен и варов малтер. По површината на платото кое зафаќа простор од 1,5 хектар, се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, покривни ќерамиди, монети и други ситни наоди.[1]
Поврзано
Наводи