населба
Вирои — археолошко наоѓалиште во прилепското село Вепрчани. Претставува средновековна населба. На 1 километар источно од селото, десно од локалитетот Чукарките, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, а биле најдени повеќе византиски монети. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]