некропола
Солишта - Пазалка — археолошко наоѓалиште во прилепското село Вепрчани. Претставува некропола од римското време. Во непосредната близина на селото, од североисточната страна, на природна височинка која благо се спушта во правецот на селото, има две корита издлабени во карпа, долги 1,80 до 2 метра и широки по 0,50 метра. Веројатно се работи за гробни конструкции.[1]