Економијата на Казахстан — најголемата економија во Средна Азија во целост и по глава на жител, но валутата забележала пад помеѓу 2013 и 2016 година. Казахстан поседува резерви на нафта, како и минерали и метали. Исто така, има значителен земјоделски потенцијал со своите огромни степски земји каде сточарството и житото се одржува. Планините на југ се важни за јаболката и оревите. Двата вида растат на див начин во овој регион. Индустрискиот сектор во Казахстан се потпира на извлекување и преработка на овие природни ресурси.
Распадот на СССР и колапсот на побарувачката за традиционалните производи на тешката индустрија во Казахстан резултирале со силен пад на економијата од 1991 година, со најтешкиот годишен пад што се случил во 1994 година. Во 1995-97 започнала владина програма за економска реформа а приватизацијата се забрзала, што резултирало со значително поместување на средствата во приватниот сектор. Потпишувањето на Договорот за Каспискиот гасовод во декември 1996 година за изградба на нов гасовод од територијата на западен Казахстан до Црното Море ги зголемило шансите за значително поголем извоз на нафта за неколку години. Казахстанската економија се свртела надолу во 1998 година со пад на БДП од 2,5 отсто поради намалените цени на нафтата и августовската финансиска криза во Русија. Во 1999 година започнало закрепнување на меѓународните цени на нафтата, кои, во комбинација со добро темпирана девалвација на Казахстанското тенге, ја извлекло економијата од рецесија.
Тековниот БДП по глава на жител се намалил за 26% во деведесеттите години[8]. Во 2000-тите, економијата на Казахстан остро се зголемила, потпомогната од зголемените цени на светските пазари на нафта, метали и жито. БДП пораснало за 9,6% во 2000 година, наспроти 1,7% во 1999 година. Во 2006 година, екстремно високиот раст на БДП бил одржлив и пораснал за 10,6%[9]. Бизнисите со Русија и Кина, како и соседните држави на ЗНД помогнале да се стимулира овој раст. Зголемениот економски раст, исто така, довел до пресврт во владините финансии, при што буџетот се движел од дефицитот во готово од 3,7% од БДП во 1999 година до вишок од 0,1% во 2000 година. Земјата доживеала забавување на економскиот раст од 2014 година, предизвикан од опаѓање цените на нафтата и ефектите од Украинската криза[10]. Валутата на земјата била девалвирана за 19% во 2014 година и за 22% во 2015 година.
Во 2017 година, Светскиот економски форум го изготвил својот ранг на глобално ниво за конкурентност а Казахстан бил на 57 место од вкупно 144 земји[11]. Рангирањето ги разгледува повеќекратните макроекономски и финансиски фактори, како што се големината на пазарот, БДП, даночните стапки, развојот на инфраструктурата итн[12]. Во 2012 година, Светскиот економски форум ја навел корупцијата како најголем проблем во бизнисот во земјата[13], додека Светската банка го навел Казахстан како жариште за корупција, на исто ниво со Ангола, Боливија, Кенија, Либија и Пакистан[14].
Потпретседателот на Светската банка за Европа и Средна Азија, Кирил Милер, го посетил Нур-Султан (тогаш Астана) во јануари 2017 година, каде што го пофалил напредокот на земјата направен за време на 25-годишното партнерство со Светската банка. Милер, исто така, зборувал за подобреното позиционирање на Казахстан во Извештајот на Светската банка за 2017 година, каде што Казахстан е рангиран на 35 место од 190 земји во светот[15].
Во Индексот за економски слободи за 2014 година објавен од Фондацијата Херитиџ во Вашингтон, Казахстан има постигнато 22 бода во текот на изминатите 17 години, што е забележано од авторите како една од 20-те најдобри од било која земја[17]. Резултатот за економска слобода на Казахстан е 69,1, што е еднакво на „умерено слободни економии“. Неговиот вкупен резултат е зголемен за 0,1 бод, со значителни подобрувања во слободата на инвестирање и интегритетот на владата што ги надоместуваат големите падови во фискалното здравје и монетарната слобода. Казахстан е рангиран на 11-то место меѓу 43-те земји во Азиско-тихоокеанскиот регион, а неговиот вкупен резултат е над регионалните и светските просеци[17].
Во следната табела се прикажани главните економски показатели во периодот 1980-2017 година. Инфлацијата под 5% е во зелено[19].
Година
БДП (во милјарди американски долари ПКМ)
БДП по глава на ител (во милјарди американски долари ПКМ)
Пораст на БДП
Стапка на инфлација (во проценти)
Невработеност (во проценти)
Државен долг (во % од БДП)
1992
122.7
7,196
n/a
n/a
n/a
n/a
1993
▼114.0
▼6,748
▼−9.2 %
1,662.3 %
n/a
n/a
1994
▼101.8
▼6,444
▼−12.6 %
1,402.0 %
10.1 %
n/a
1995
▼95.4
▼6,087
▼−8.2 %
176.3 %
11.0 %
n/a
1996
▲97.7
▲6,308
▲0.5 %
39.1 %
13.0 %
n/a
1997
▲101.0
▲6,651
▲1.7 %
17.4 %
▬13.0 %
n/a
1998
▼100.2
▲6,698
▼−1.9 %
7.3 %
13.1 %
n/a
1999
▲104.4
▲7,009
▲2.7 %
8.4 %
13.5 %
n/a
2000
▲117.3
▲7,890
▲9.8 %
13.3 %
12.8 %
n/a
2001
▲136.2
▲9,168
▲13.5 %
8.4 %
10.4 %
n/a
2002
▲151.8
▲10,211
▲9.8 %
5.9 %
9.3 %
17.6 %
2003
▲169.2
▲11,318
▲9.3 %
6.5 %
8.8 %
15.0 %
2004
▲190.6
▲12,642
▲9.6 %
6.9 %
8.4 %
11.4 %
2005
▲215.8
▲14,178
▲9.7 %
7.5 %
8.1 %
8.1 %
2006
▲246.2
▲15,991
▲10.7 %
8.6 %
7.8 %
6.7 %
2007
▲275.3
▲17,677
▲8.9 %
10.8 %
7.3 %
5.9 %
2008
▲289.9
▲18,140
▲3.3 %
17.1 %
6.6 %
6.8 %
2009
▲295.6
▲18,245
▲1.2 %
7.3 %
▬6.6 %
10.2 %
2010
▲321.1
▲19,530
▲7.3 %
7.1 %
5.8 %
10.7 %
2011
▲352.3
▲21,129
▲7.5 %
8.3 %
5.4 %
10.1 %
2012
▲376.7
▲22,278
▲5.0 %
5.1 %
5.3 %
12.1 %
2013
▲405.8
▲23,644
▲6.0 %
5.8 %
5.2 %
12.6 %
2014
▲430.8
▲24,734
▲4.3 %
6.7 %
5.0 %
14.5 %
2015
▲440.7
▲24,940
▲1.2 %
6.7 %
▬5.0 %
21.9 %
2016
▲451.2
▲25,167
▲1.1 %
14.6 %
▬5.0 %
21.0 %
2017
▲477.6
▲26,252
▲4.0 %
7.4 %
▬5.0 %
21.2 %
Економски раст и БДП
Казахстанскиот БДП се зголемил за 4,1% во реални услови во периодот од јануари до септември 2014 година[20].
Реалниот раст на БДП на Казахстан бил предвиден да достигне 4,3% во 2014 година, главната движечка сила на економијата во Казахстан во 2014 година е потрошувачкиот сектор; потрошувачката во Казахстан главно се засилува со кредитирањето на населението[21].
Според Агенцијата за статистика на Република Казахстан, растот на БДП на Казахстан во првиот квартал од 2014 година изнесувал 3,8%[22].
Владата на Казахстан на 1 мај2014 година потпишала договор за партнерство со МБОР, ИФЦ, МИГА; според овој Договор, Светска банка ќе додели 2,5 милијарди американски долари за Казахстан, за диверзификација на економијата и постигнување одржлив развој[23].
До 2015 година, Светска банка го класифицирал Казахстан како земја со повисок среден приход со БДП по глава на жител од речиси 10,5 илјади американски долари[24].
Странските директни инвестиции се зголемиле за 30 отсто во 2015 година во земјоделската индустрија во Казахстан и 80 отсто во секторот за нафтени производи во земјата[25].
Во 2016 година казахстанската економија започнала да се опоравува од кризата предизвикана од ниските цени на нафтата и девалвацијата на казахстанското тенге. Според министерот за национална економија на Казахстан, во деветте месеци од 2016 година растот на БДП достигнал 0,4%. Секторите на економијата кои доживеале највисок раст се градежништвото (6,9%), земјоделството (4,9%) и транспортниот сектор (4,0%)[26].
Сектори на економијата
Примарен сектор
Енергија
Казахстан е водечка земја во светот за производство на ураниум[27], со 35% од светското производство, и е втор по големина во светот по резерви на ураниум по Австралија[28].
Нафта и гас
Нафтата и гасот се водечки економски сектор. Во 2000 година, Казахстан произвел 35.252.000 тони нафта (700.000 барели дневно), што претставува зголемување од 17,4% во однос на 1999 година од 30.025.000 тони. Земјата извезла 28.883.000 тони нафта во 2000 година, на 38,8% од 20.813.000 тони во 1999 година. Производството во 2001 година се зголемило на околу 20%, со цел да се исполни владината прогноза за 40.100.000 тони нафта (800.000 барели дневно). Во 2000 година, производството достигнало 11,5 км³ природен гас, од 8,2 км³ во 1999 година.
Казахстан има потенцијал да биде извозник на нафта од светска класа на среден рок. Значајните странски инвестиции во Казахстан се заедничкото вложување на Тенгизшевроил, во сопственост на 50% од Шеврон корпорејшн, 25% од Ексон Мобил, 20% од КазМунајГас на Казахстан и 5% од ЛукАрко од Русија[29]. Карачаганакското поле за природен гас и гас кондензат го развиваат БГ Груп, Агип, Шеврон корпорејшн и Лукоил. Конзорциумот „Офшор Казахстан“, предводен од Агип, го открил потенцијалното огромното нафтено поле Кашаган во северниот дел на Каспиското Море. Економската иднина на Казахстан е поврзана со развојот на нафта и гас. Растот на БДП ќе зависи од цената на нафтата, како и со способноста да се развијат нови депозити.
Рударство
Казахстан е водечки производител на многу минерални производи, вклучувајќи сол, ураниум, ферохром, титански сунѓер, кадмиум, калиум, магнезиум, ренија, бакар, боксит, галиум и цинк[30].
Индустрија
Моторни возила
Во јуни 2014 година, собранието на Тојота одлучило за вклучувањер во пазарот во беше лансирано во Костанај, Казахстан[31]. Очекуваното годишно производство изнесува околу 3.000 возила[31].
Автомобилската индустрија во Казахстан брзо се развивала по 2014 година, произведувајќи годишни производи вредни 2 милијарди долари[32]. За жал, индустријата забележала пад и покрај големите надежи, при што продажбата се намалила на само 46.000 во 2016 година[33].
Железнички
ГЕ Транспорт добил 50% од акциите во Локомотив Курастиру Зауити во заедничко вложување со националното железничко претпријатие на Казахстан[34].
Услуги
Технологија
На 22 декември2014 година, Светската банка одобрила заем од 88 милиони долари кој ќе ги поддржи напорите на Казахстан за олеснување на комерцијалните и општествено одржливите иновации во технологијата[35]. Проектот за поттикнување на продуктивните иновации има за цел да ја подобри земјата во областите кои се способни да негуваат и поддржуваат технолошки иновации[35].
Малопродажба
Според Глобалниот индекс на малопродажба во 2015, Казахстан е рангиран на 13 место од 30 земји[36]. Во Индексот за 2016, Казахстан е рангиран како 4-та најдобра земја во развој за инвестиции во малопродажба, постигнувајќи 56,5 од 100 земји[37]. Казахстанскиот пазар привлекол големи меѓународни трговци, како што се француските малопродажни синџири „Карфур“ и „Лерој Мерлин“, како и прехранбените гиганти Мекдоналдс и КФЦ[38].
Надворешна трговија и инвестиции
Трговија
Шерин Сушикова, советник на Комората за трговија и индустрија на Казахстан и Чао Јон-Чуан, генерален секретар на Тајван за развој на надворешна трговија, на 13 октомври2006 година во Тајпеј потпишале договор за подобрување на економските односи преку „размена на информации и посети на пазарните и трговските професионалци“. " ТАИТРА има канцеларија во Алмати, Казахстан[39].
Во 2006 година, тогашниот гувернер на Северна Дакота, Џек Далримпл, предводел 18-члената делегација од трговската комора во Северна Дакота, претставувајќи седум компании од Северна Дакота и Државниот универзитет Дикинсон во Казахстан, Украина и Русија. Северна Дакота претежно пренесува машини во Казахстан, и е осмо најголемо одредиште за извозот на Северна Дакотан; извозот на машини се зголемил од 22.000 до 25 милиони долари помеѓу 2000 и 2005 година[40].
Процентот на високотехнолошкиот извоз (како дел од произведениот извоз) од Казахстан се зголемил од само 4,46% во 1995 година на 37,17% во 2014 година. Еден од главните фактори кои го поттикнале овој пораст бил Проектот за комерцијализација на технологијата развиен и имплементиран од страна на Светска Банка и Владата на Казахстан. Преку овој проект, 65 казахстански технолошки стартапи добиле финансирање и обука, помагајќи им да ги добијат своите иновации на пазари[41].
Кина е важен трговски партнер на Казахстан. На крајот од март 2015 година двете земји потпишале 33 договори во вредност од 23,6 милијарди долари[42]. Договорите опфаќаат различни индустрии, како рафинирање на нафта, автомобили, челик[42].
Странски директни инвестиции
Казахстан е најголем примател на вкупни и годишни странски директни инвестиции на сите земји од ЗНД. ОЕСР ги пофлил чекорите што ги направила владата во отворањето на земјата за меѓународни инвестиции и подобрување на политичката рамка за инвестирање како дел од нивните напори за диверзификација на економијата[43]. Во 2017 година, Казахстан бил поканет од ОЕСР да стане приврзаник на Декларацијата на ОЕСР за меѓународни инвестиции и мултинационални претпријатија[44].
Во јуни 2014 година Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев потпишал даночни олеснувања за промовирање на странски инвестиции, вклучувајќи и 10-годишно ослободување од данокот на доход, ослободување од данокот на имот за осум години и 10-годишно замрзнување на повеќето други даноци[45]. Другите мерки вклучуваат враќање на капиталните вложувања до 30 отсто откако ќе биде пуштен производствениот капацитет[45]. Со цел да привлече инвестиции, Казахстан го намалил даночното оптоварување за странските инвеститори. Стапката на данок на добивка се намалила од 30% на 20%. Владата, исто така, постепено го намалила ДДВ од 16% во 2006 година на 12% во 2009 година[46].
На 30 септември2014 година, вкупните странски инвестиции во Казахстан достигнале 211,5 милијарди американски долари. Од вкупниот број, нето странските директни инвестиции сочинувале 129,3 милијарди американски долари, при што портфолиото и другите инвестиции ги содржат останатите 82,2 милијарди американски долари[46].
Почнувајќи од јули 2015 година, Казахстан привлекол 16 милијарди долари во преработувачката индустрија во текот на изминатите пет години, што е 2,5 пати повеќе од претходните пет години[47]. Казахстан пуштил во употреба четиристотини нови производи, во автомобилската индустрија, железничкото инженерство, производството на основни хемиски производи, ураниумската индустрија, индустријата на ретки метални метали. Обемот на нови претпријатија изнесува 580 милијарди[47].
Во јуни 2015 година - јуни 2016 година вкупниот број на претпријатија во сопственост на странски инвеститори во Казахстан се зголемил за 2,3 проценти и достигнал 9.000. 8.691 странски компании кои работат во Казахстан се мали бизниси[48].
Од почетокот на 2016 година, Светска банка инвестирала над 6,8 милијарди американски долари во Казахстан од 1992 година. Овие средства биле инвестирани во развој на патишта и социјална инфраструктура, зголемување на конкурентноста на МСП, образование, здравствена заштита, заштита на животната средина итн[49].
Во 2012 година, Казахстан го спровел првиот преглед на инвестиционите стандарди на ОЕСР, што резултирало со 12 препораки за подобрување на инвестициската клима во земјата. По усвојувањето на Законот за јавно-приватно партнерство со проширување на употребата на механизмот и ревидирање на стандардите за заштита на интелектуалната сопственост и правилата за привлекување на странски труд, Казахстан започна со втор преглед на ОЕСР во 2016 година.
Според Министерството за инвестиции и развој на Казахстан, од мај 2016 година привлекувањето на странски инвестиции во преработка на нафта се зголемило за 80%, прехранбената индустрија - 30%, во областа на инженерството - за 7 пати. Министерството, исто така, објавило дека имало 200 инвестициски проекти во земјата во вредност од повеќе од 40 милијарди долари[50].
Во средината на 2016 година, група на компании предводени од Шеврон објавиле инвестиција вредна 36,8 милијарди долари во нафтеното поле на Тенгиз во Казахстан[51].
Во првиот квартал од 2016 година, Казахстан привлекол 2,7 милијарди долари странски директни инвестиции. Најголем инвеститор во казахстанската економија е Холандија (66 милијарди долари), потоа САД (26 милијарди долари) и Швајцарија (15 милијарди долари)[52]. Според претседателот на Казахстанската Народна банка, клучен фактор кој го поттикнува зголемениот прилив на странски инвестиции е имплементацијата на државната програма Нурли Жол која предвидува создавање на поволни услови. Заклучно со септември 2016 година, странските инвестиции во казахстанската економија изнесуваа 5,7 милијарди долари, што е за 4,8% повеќе во однос на истиот период од претходната година[53].
Сумирајќи 2016 година, казахстанскиот министер за надворешни работи, Ерлан Идрисов, истакна дека Казахстан привлекол 20 милијарди долари странски директни инвестиции во текот на годината[54]. Бруто приливот на странски директни инвестиции во 2016 година пораснал за 40% во споредба со 2015 година и го надмина претходниот рекорд од 2008 година[55]. Бројот на странски бизниси кои работат во Казахстан се зголемил за 25% во 2016 година во споредба со 2015 година. Главните приматели на странски директни инвестиции беа рударската индустрија, геолошкото истражување и преработка. Најголеми инвеститори се Холандија, САД, Швајцарија и Франција[56].
Казахстан вовел безвизен режим за граѓаните на ЕАЕУ, ОЕСР, Монако, Малезија, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур, почнувајќи од 2017. Се очекува безвизниот влез да ја зголеми соработката со инвеститорите и бизнисите на овие земји[57].
Земјоделството е еден од најважните сектори во Казахстан каде што земјата се обидува да привлече странски инвестиции за да ја зголеми конкурентноста на овој сектор на економијата. За таа цел, во 2017 година Казагро преговарал со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за заем од 200 милиони евра за период од 15 години[58].
Интелектуална сопственост
Казахстанското законодавство се осврнало на прашањата на законското регулирање на интелектуалната сопственост, законот за патенти и заштитата на авторските права[59].
Државна политика
Нова економска политика „Нурли Жол“
На 11 ноември2014 година во своето обраќање пред нацијата за 2015 година, Нурсултан НазарбаЈев ја претставил новата економска политика на Казахстан - Патот кон иднината (Нурли Жол)[60]. Новата економска политика подразбира големи државни инвестиции во инфраструктурата во текот на следните неколку години[61]. На краток рок, програмата Нурли Жол ќе ги примени антикризните мерки за надминување на турбуленциите во глобалната економија.[62]. Долгорочните мерки на државната програма за развој на инфраструктурата ќе помогнат да се создаде силна платформа за нов раст[62].
Казахстан идентификува пет приоритети за модернизација на државата и економијата за одржување на конкурентноста во четвртата индустриска револуција[63].
Водење бизнис во Казахстан
Фондацијата Херитиџ, истражувачки центар со седиште во Вашингтон, го рангирал Казахстан на 41. место во Индексот на економска слобода за 2018 година. Неговиот вкупен резултат се зголемил за 0,1 бод, и сè уште е само со „умерено слободен индекс“ со значителни подобрувања во слободата на инвестирање и неутрализирање на владиниот интегритет[64].
Казахстан има за цел да ја зајакне економијата со привлекување приватни инвеститори заинтересирани за развој на национални компании. Ова е главната цел на приватизацијата која се очекува да го намали учеството на јавниот имот на 15% од БДП. Се очекува дека компаниите како што се Казахстански железници, Самрук-Енерго, Казатомпром, Каспост, КазМунајГас и Ер Астана ќе се продаваат преку ИПО[65].
Казахстан паднал од 32 на 38 место во рангирањето за светска конкурентност на ИМД за 2018 година. Извештајот ја оценува деловната ефикасност, јавните финансии и домашната економија[66].
Мали и средни претпријатија
Новата програма за поддршка на малите бизниси била објавена во Казахстан во февруари 2015 година[67]. 2015 се очекувало да биде пилот период на програмата. За време на тој период иницијативата се фокусирала на три главни области, особено агробизнисот, градењето машини и производството на градежни материјали, и понатаму ќе се прошири и на други индустрии.
Во мај 2015 година, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) се согласила да обезбеди 41 милион евра за проекти за техничка соработка, советодавна поддршка за малите и средни претпријатија (МСП) и програма за жени во бизнис.[68]
Во 2016 година, бројот на новонастанатите телекомуникациски компании во Казахстан се зголемил за 10% во споредба со 2015 година. Околу 9.400 мали телекомуникациски компании се регистрирани во земјата[69].