Државен секретар на Соединетите Американски Држави
Државенсекретар на Соединетите Американски Држави ― член на Федералната влада на САД кој е на чело на Стејт департментот во чија надлежност се надворешните работи. Тој е највисоко рангиран член на американскиот кабинет на претседателот.
Функцијата е креирана во 1789 година, а Томас Џеферсон бил прв носител оваа функција. Државниот секретар ги претставува САД пред странските земји, и затоа се поистоветува со министер за надворешни работи во други земји. [1][2] Државниот секретар го именува претседателот на Соединетите Американски Држави, а потоа го гласа Сенатот.
Актуелен државен секретар е Ентони Блинкен, кој на 26 јануари 2021 година бил изгласан од Сенатот. [3]
Должности на државниот секретар се: да ја надгледува работата на дипломатските претставништва на САД, надзор врз политиката за имиграција и да раководи со Стејт департментот. Секретарот, исто така, го советува претседателот поврзани со надворешните работи на САД, како што е назначување и отповикување на дипломати и амбасадори. Државниот секретар може да води преговори, да толкува и раскинува договори кои се однесуваат на надворешната политика. Секретарот може да учествува и на меѓународни конференции, организации и агенции како претставник на САД. Тој, исто така, дава услуги на американски граѓани кои живеат или патуваат во странство, како што се обезбедување акредитиви во форма на пасоши. Со тоа, секретарот обезбедува и заштита на граѓаните, нивниот имот и интереси во странство.[5]