Устав на Соединетите Американски Држави (англиски: The United States Constitution) — највисок закон во САД и воедно најстар устав на светот. Донесен е на Конвенцијата во Филаделфија на 17 септември1787 година. Со него Соединетите Држави се претворени во федерална држава. Уставот формално стапил насила на 21 јуни1788 година, а почнал да се применува од 13 септември1788 година, додека новите државни органи почнале со работа на 4 март1789 година.