Вилијам Џенингс Брајан (англиски: William Jennings Bryan19 март 1860, Салем, Илиноис, САД - 26 јули 1925, Дејтон, Тенеси) — американски политичар и оратор.
Практикувал право во Џексонвил, Илиноис (од 1883 до 1887), пред да се пресели во Линколн, Небраска, каде што бил избран во Американскиот конгрес во 1890 година. Во претставничкиот дом на САД станал национален водач на движењето Фри Силвер („Free Silver“). Неговите цели ги претставил во познатиот говорот - „Cross of gold“, што му ја донело номинацијата од Демократската партија за претседател, во 1896 година. Повторно бил партиски кандидат за претседател, во 1900 и 1908 година. Во 1901 година го формирал весникот Комонер, според кој бил наречен „Големиот комонер“. Помогнал да се обезбеди претседателска номинација за Вудро Вилсон во 1912 година, и бил негов државен секретар (1913-15) придонесувајќи во светското право со давање предност на преговори за превенцијата од војни. Како верник, бил обвинител во процесот „Скопекс“ (1925) во кој дебатирал со Кларенс Дароу на прашања од еволуцијата. Процесот му одзел многу енергија и тој умрел набрзо по неговото завршување.
Поврзано
Наводи
Користена литература