Во античко време градот бил познат со името Драбеск (Δραβήσκος). За современото име постои теорија дека потекнува од грчкиот збор Хидрама (Идрама, Ύδραμα)-хидро, т.е. вода.
Историја
Во неговата околина живеало племето Едони, коишто најверојатно и го основале. Подоцна Филип II го присоединил кон македонската држава, во која останал сè до нејзинoто паѓање под римска власт. За овој период сведочи древномакедонскатаДрамска гробница (III век п.н.е.) пронајдена во градот. За време на Римјаните бил пазарен центар и воен логор на патот Вија Егнација.
Изглед и население
Драма се наоѓа во северниот дел на Драмското Поле, кај реката Драматица или Ангиста (на грчки Αγγίτης, Ангитис) во падините на планината Боздаг (на грчки Φαλακρό,Фалакро). Градот брои 42 501 жител. Бројот на Македонците е минорен, и не изнесува повеќе од 50 до 100 луѓе.