Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 857 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 332 луѓе[6].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Сидиронеро[7].
Демографија
Во 1928 година во селото биле населени 100 грчки бегалски семејства со вкупно 332 луѓе[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 332 лица, додека во 1940 година селото броело 494 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 423 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 477 жители, во 1971 година имало 393 жители, во 1981 година имало 219 жители, додека во 1991 година имало 274 жители[6]. Денеска, населението на селото е 228 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
494
423
477
393
219
274
—
228
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија