Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 457 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 297 луѓе[5].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Дендракија[6].
Демографија
Во 1928 година во селото биле населени 30 грчки бегалски семејства со вкупно 124 луѓе[5]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 124 лица, додека во 1940 година селото броело 184 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 168 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 132 жител, во 1971 година имало 12 жители, во 1981 година имало 65 жители, додека во 1991 година имало 81 жител[5]. Денеска, населението на селото е 26 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
184
168
132
12
65
81
46
26
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија