Дора Бакојани

Дора Бакојани
Дора Бакојани
120ти Министер за надворешни работи на Грција
На должноста
Стапил
15 февруари 2006
Премиер Костас Караманлис
Претходник Петрос Моливјатис
75ти Градоначалник на Атина
На должноста
20 октомври 2002 – 14 февруари 2006
Претходник Димитрис Аврамопулос
Наследник Фотини Пипили
15ти Министер за култура на Грција
На должноста
3 декември 1992 – 13 октомври 1993
Премиер Констандинос Мицотакис
Претходник Ана Псаруда-Бенаки
Наследник Мелина Меркури
Лични податоци
Роден(а) 6 мај 1954(1954-05-06)(70 г.)
Грција Атина, Атика, Грција
Националност Гркинка
Партија Демократска алијанса
Сопружник Павлос Бакојанис (1974-1989)
Исидорос Кувелос (1998-денес)
Роднини Констандинос Мицотакис (татко)
Кирјакос Мицотакис (брат)
Деца Алексија Бакојани
Костас Бакојанис
Живеалиште Атина, Атика, Грција
Установа Национален и Каподистриски Универзитет на Атина
Универзитет „Лудвиг Максимилијан“ - Минхен
Професија Политиколог
Цивилен службеник
Член на парламентот
Политичар
Вероисповед Грчко православие
Портал www.dorabak.gr

Дора Бакојани (грчки: Ντόρα Μπακογιάννη), родено име Теодора Мицотаки (грчки: Θεοδώρα Μητσοτάκη) (родена на 6 мај 1954) е грчка политичарка, поранешен министер за надворешни работи на Грција и претседавач на ОБСЕ. Таа е и поранешен градоначалник на Атина. Таа е првата жена градоначалник на Атина во историјата на градот,[1] единствената жена избрана за градоначалник на грчки главен град, и исто така прва жена која работела како министер за надворешни работи на Грција, највисоката позиција на која се нашла грчка политичарка досега.[2]

Бакојани е ќерка на поранашниот премиер на Грција, Константин Мицотакис.

Градоначалник на Атина

На 29 март 2002, Костас Караманлис, барајќи начин да ја прикаже растечката моќ на неговата партија во однос на ПАСОК на локалните избори, ја избрал Бакојани за кандидат за градоначалник на Атина. Таа водела пред големиот број на кандидати, но не успеала да победи во првиот круг, па била избрана за прва жена градоначалник на Атина во 3,5-милениумската историја на градот,[1] поразувајќи го нејзиниот социјалистички противник Христос Папуцис во вториот круг, освојуваjќи 60,6% од гласовите.

Како градоначалник, Бакојани била во многу голема мера вклучена во организирањето на Летните олимписки игри во 2004. Таа го предала олимпиското знаме на градоначалникот на Пекинг, а воедно била и првата жена градоначалник на град-домаќин на Олимписките игри.[1]

Формирање на нова партија

По поразот на Нова демократија на Парламентарните избори и заземањето на власта од страна на ПАСОК, дошло до промена на раководството во партијата. Во текот на мај 2010 година, Бакојани била исклучена од партијата, наводно поради својата поддршка на спасувачкиот финансиски пакет кој и бил понуден на Грција во времето на финансиската криза[3]. Поради ова, таа на 21 ноември 2010 година, ја основала новата политичка партија наречена Демократска алијанса. По формирањето на партијата, таа изјавила дека нејзината нова партија Демократска алијанса е со центристичко-либерална ориентација и ја определила како „независно демократско движење[4]“.

Наводи

Надворешни врски

Претходник
Ана Псаруда-Бенаки
Министер за култура
1992–1993
Наследник
Мелина Меркури
Претходник
Димитрис Аврамопулос
Градоначалник на Атина
2002–2006
Наследник
Никитас Какламанис
Претходник
Петрос Моливјатис
Министер за надворешни работи
2006–2009
Наследник
на должност

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!