Димитар Папрадишки

Димитар Андонов Папрадишки
Роден(а)1859
Папрадиште, Османлиско Царство (денес Македонија)
Починал(а)4 јануари 1954
Скопје, Македонија, ФНРЈ

Димитар Андонов Папрадишки (18594 јануари 1954) — последниот македонски зограф, а воедно и првиот македонски профан (нерелигиозен) сликар кој ги поставил темелите на западното сликарство во земјата. Познат е и како историски сликар и портретист. Бил син на истакнатиот градител, копаничар и иконописец Андон Китанов (1829-1914).

Животопис

Димитар Андонов Папрадишки е роден во 1859 година во мијачкото село Папрадиште во непосредна близина на градот Велес. Во своето родно место, а потоа и во Велес, тој се стекнал со образование кое во тоа време било достапно и успешно завршил "четврто класно училиште". Немајќи можност да продолжи со своето школување во Велес тој на многу рана возраст, на само 20 години, веќе бил самостоен во својата зографска работа приклучувајќи му се на татко му кај кого и ги стекнал првите уметнички искуства. Димитар Андонов Папрадишки потекнувал од семејство кое под принуда на Арнаутите се иселило од родното малореканско село Тресонче, и кое со генерации наназад го практикувало не само зографскиот занает туку биле и градители, каменоресци и резбари. Оттаму избраниот позив на Андонов бил очекуван.

Желбата на Андонов да го оформи своето образование му се остварила во 1882/83 година кога ја посетува Художествената-иконографска школа во Киев, во класата на професорот А. Вишневски, и која со успех ја завршува. Во 1887 година му се пружила можност да продолжи да студира на престижната Московска академија каде тој по сугестиите на својот професор Вишневски се претставил на конкурсната изложба во Духовната академија во Москва со свое дело - икона во византиски стил. Иконата го освоила сребрениот медал на конкурсот со што Андонов се здобил со парична награда од 1000 рубљи и воедно бил примен на редовно школување со стипендија. Судбината овој пат не му била докрај наклонета и тој по едно известие дека целото село и неговото семејство биле потполно ограбени од страна на Арнаутите, се враќа во Македонија за да му помогне на своето многубројно семејство. Андонов веќе не се враќа назад да се дошколува, но веднаш се вклучува во зографските работи на татко му на црквите во Гевгелиско и Дојранско. Неговиот сликарски талент дошол до израз, и тој набргу, веќе бил самостоен во изработка на делата преземајќи ги работите кој му ги препуштил татко му, увидувајќи дека синот го надминал во неговата работа.

Рано творештво

Фреска од Папрадишки во Св. Јоаким Осоговски

Неговиот ран и долг творечки пат бил длабоко проткаен и обележан со неизвесната и трагична судбина на Македонија. Задоен со револуционерните идеи за ослободување на Македонија, подоцна како истомисленик и соработник на Гоце Делчев кого го запознавал во 1896 год во Штипско Ново Село, каде обајцата биле ангажирани професионално: едниот како уметник другиот како учител, тој повеќепати бил прогонуван и затворан. Веќе во 1878 година бил окован во затворот во Дојран каде бил наклеветен од страна на гркоманите за неговата просветителска активност да не се употребува грчкиот, на сметка на словенскиот јазик кај македонското население. Во 1905/1906 година за своите револуционерни активности Андонов заедно со други видни штипјани бил осуден со доживотна пресуда и затворен во Куршумли-ан во Скопје. Благодарејќи на интеренцијата на австрискиот конзул, по 9 месеци бил ослободен. Во 1913 година тој повторно бил затворен но овој пат од страна на српската власт во Велес а потоа бил префрлен во затворот на Косовска Митровица. По поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор тој бил пуштен на слобода.

По завршување на првата светска војна во 1919 година Андонов трајно се преселува во Скопје каде во стариот дел на градот отвора свое студио за работа. Кај него ги стекнале своите први ликовни сознанија уметниците Никола Мартиновски и Томе Владимирски. Културниот амбиент во Скопје на Андонов му пружа услови во кои тој успешно ќе се реализира не само во религиозното, туку и во профаното сликарство. Разноврстен и плоден во своето творештво, тој ќе доживее своја јавна афирмација преку изложбите организирани од страна на друштвото Јефимија и ќе учествува во низа заеднички изложби со зачетниците на модерната македонска уметност. Во 1940 година,. градскиот совет му доделува награда за неговата долгогодишна креативна работа и конечно во 1946 година државата го згрижува својот уметник, прогласувајќи го за номинален член на Националниот музеј во Скопје. Тој починал на 4 јануари 1954 година на 95 годишна возраст во Скопје.

Подоцнежно творештво

Димитар Андонов Папрадишки со своето творештво се издвојува како уметник кој во последните две децении на XIX век започнува полека, но трајно да влијае на ликовните текови во Македонија. Иако академски докрај неоформен, Андонов со ширината на својот дух ги прифатил во себе придобивките на новото време. Со школувањето во Киев, посетата на Москва, работата во Софија, потоа во Србија и влијанието на Света гора, преку контактите со искусните зографи и ерминиите, Андонов со сето стекнато искуство израснал во автентичен сликар со модернистички тенденции. Влијанието на уметниците како што е Петар Николов со кого работел на фреско-живописувањето на црквата "Св. Јоаким Осоговски" (1885 и 1887) и Станислав Доспевски од Самоков - Бугарија, подоцна и од српското и војводинското црковно сликарство, придонеле да се произнесе како уметник кој тежнеел да го осовремени ликовниот ракопис кој се практикувал на крајот од XIX век во Македонија. Црковното сликарство, со кое природно започнала неговата уметничка кариера, на кое му останал верен речиси до крајот на својот творечки пат, не се плашел да го отргне од зададените стеги на доцновизнатиската уметност. Веќе во 1881-1883 година Андонов работи на осликување на живописот во црквата "Св. Атанасие" во с. Теово, каде можат да се воочат почетните напори да создаде своја "автохтона експресија". Работата со зографот Петар Николов на живописување на црквата "Св Јоаким Осоговски" (1885 и 1887) за него е корисно искуство, каде можел да го осознае традиционалниот зографски стил. Неговите тежненија за "оплеменување" на ликовите или внесување на иконографски новини (импресии од Русија), сепак биле контролирани од авторитетот на постарите зографи со кој Андонов работел на осликување на живописни ансамбли (црквата "Св. Димитрија" во Крива Паланка - 1887 година; црквата "Св. Пантелејмон" во с. Пантелеј - 1888/1889 г.).

Последните децении на XIX век се веќе зрела фаза од творештвото на Андонов каде преку креативна работа успеал своите тенденции да ги преточи во афирмирање на "европските" придобивки. Ова време го одбележува делумното живописување на западната фасада на големата и малата црква ("Раѓање на Богородица") во манастирскиот комплекс "Свети Јоаким Осоговски" (1893).На самиот почеток на XX век, Андонов работи на живописувањето на црквите "Св. Никола" и "Св. Ѓорѓи" во с. Станишор во близина на Гнилане (1901-1903) каде неговото сликарство ќе биде подложно на влијанието од српската уметност и иконографија. Во 1932/33 година тој повторно се навраќа на живописување во наосот на црквата "Св. Јоаким Осоговски" каде не дава новини, туку напротив, се навраќа на средновековните модели. Андонов во големата црква во Осоговскиот Манастир за последен пат работи во 1944/45 година, каде ги завршува празните полиња во наосот, но без младешката енергија не успева да го задржи својот квалитет.

Фази

Плодниот иконописен ангажман на Андонов еволуира во повеќе фази од неговиот долг творечки пат:

Прва фаза (1879-1887)

Оваа фаза го опфаќа неговото оформување како иконописец, по враќањето од неговото школување и работата со домашните зографски работилници. Тој главно се движи во своето блиско опкружување (Теово, Богомила, Бусилци, Раковец, Ново Село итн.)

Втора фаза (1888-1897)

Оваа фаза ги покажува позитивните напори на Андонов да излезе надвор од рамките на традиционалното сликарство. Угледувајќи се на работите од Станислав Доспевски од Самоков (Бугарија) и рускиот дух на иконописување кој го понел со себе создал дела каде тој креативно се издигнал (икони од црквата Свети Никола во Штип - 1889-1890).

Трета фаза (1897-1920)

Оваа фаза е поврзана со неговата работа на иконостасите во Србија и прифаќањето на иконографските решенија својствени за сликарството на црквите во Србија и Војводина збогатено со предлошки од западноевропски извори "Свети Димитрија" во Скопје (1897), Св. Никола - Ѓњилане (1901), "Св. Ѓорѓи" - Станишор (1903), Храмот на "Св. Сава" во Косовска Митровица, црквата во с. Еловец - Велес (1918/20 ).

Четврта фаза (1920-1930)

Оваа фаза се одликува со презентирање на ликовните придобивки од неговите искуства со еминетни сликари од Војводина (Урош Предиќ) и соработката со Коста Вангеловиќ кои придонеле неговата палета да се колористички изнијансира и дополни. (црква "Св. Ѓорѓи Кратовски" - Кратово 1925)

Петта фаза (1930-1940)

Автопортрет, 1932

Оваа последна фаза го манифестира континуитетот во неговот сликарство (црквите "Јован Претеча" во Туралево 1930, "Св Антони"во Кетеново - 1930, "Св Харалампије" во с. Секулица - 1930 итн.) но и ориентацијата кон користење на линијата како примарно средство со стемнета палета на бои (икони во манастирската црква "Св. Јоаким Осоговски" - 1932 како и живописот од истата година.) Последните години од четвртата деценија од 20 век, полека го претскажуваат опаѓањето на квалитетот на Андонов кој сè повеќе се ослонува на прекумерна стилизација во работата (црква "Св. Ѓорѓи" во с. Градиште, Кумановско и 1937/8, икони од црквата "Св. Никола" во Куманово од истата година). Конечно последната деценија во која Андонов со последни сили но упорно одговара на црковните потреби, навлезен во длабока старост, ги покажува слабостите на својата напредна возраст. И покрај тоа сознание тој се обидува да работи буквално до последниот ден.

Оставнина

Сестраниот ангажман на Андонов и желбата да внесе аспекти од битовиот реализам, го донело македонското сликарство пред вратите на современиот начин на изразување. Профаното сликарство на Андонов се одликува претежно со изработка на голем број на портрети на јавни личности во кои тој се обидува освен ралниот момент да го вклучи и ликовно-естетскиот проблем (Детскиот портрет на Анѓелко Андонов - 1900/1901., портрет на Параскева Кранго - 1925/1926, Автопортрет - 1932, итн.). Во подоцнежната етапа од опусот на Андонов тој практикува и композиции со историска тематика (Смртта на Гоце Делчев, Богомилски поход итн.) но и битови теми (Селска свадба, Нишалка, Оро итн.). Иако делата се без поголеми ликовни прентензии сепак тие претставуваат една значајна нишка која недостасуваше во македонската национална уметност како премостувач на празнината помеѓу доцниот традиционализам и новиот дух на ликовната уметност во Македонија.

Димитар Андонов Папрадишки, во својот долг и плоден творечки живот насликал повеќе од 1200 икони за околу 100-тина цркви во Македонија и Србија, со што се смета за еден од најпродуктивните наши зографи. Воедно, неговиот ангажман и во профаното сликарство го издига на пидесталот како последен македонски зограф и прв современ сликар во поновата македонска уметност.

Поврзано

Надворешни врски

Read other articles:

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (فبراير 2021)   لمعانٍ أخرى، طالع إكس مان (توضيح). إكس مان X-MEN المطور كونامي الناشر كونامي الموزع كونامي،  وآب ستور  المصمم سيشي فوكامي يوجي تاكينوشي جونيا ناكانو

 

Head of state of Estonia This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: President of Estonia – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (October 2021) (Learn how and when to remove this template message) President of the Republic of EstoniaEesti Vabariigi PresidentPresidential StandardIncumbentAlar Karis...

 

Щодо інших людей з таким самим іменем та прізвищем див. Терещенко. Федір Федорович Терещенко Народився 11 листопада 1888(1888-11-11)Київ, Російська імперіяПомер 30 січня 1950(1950-01-30) (61 рік)Париж, Французька республікаПідданство Російська імперіяДіяльність авіакосмічний інженерВі...

Astros de ValenciaNombre completo Club de Béisbol Astros de ValenciaOtros nombres Los astrosFundación 24 de mayo de 2001Liga Liga Española de BéisbolDivisión División de Honor Estadio Campo Municipal de Béisbol-Sófbol, Valencia, EspañaPresidente Juan García PuigGerente general Raúl Rosell ZamoraMánager Roberto A. Sabín HernándezTítulos de Liga 2 (2016) (2020)   Local   Visitante [editar datos en Wikidata] El Club de Béisbol Astros de Valencia es un club...

 

Elena Armanda Nicolasa Sanz y Martínez de Arizala Elena Armanda Nicolasa Sanz y Martínez de Arizala (* 15. Dezember 1849 in Castellón de la Plana, Region Valencia; † 24. Dezember 1898 in Paris) war eine spanische Opernsängerin (Alt). Leben Elena Sanz war die Tochter eines aus Córdoba stammenden Beamten. Zuerst wurde sie durch Maestro Aspa im Klavierspielen unterwiesen, später ihre Stimme u. a. durch den spanischen Komponisten und Musikwissenschaftler Baltasar Saldoni ausgebildet. Sie ...

 

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Januari 2016. Badjoeri WidagdoLahir23 Februari 1945 (umur 78) Badjoeri Widagdo (lahir 23 Februari 1945) adalah seorang pengamat politik dan juga penulis buku politik asal Indonesia. Ia juga merupakan seorang perwira TNI dengan jabatan Brigjen TNI Purnawirawan. ...

1929 film by Hans Steinhoff The Alley CatDirected byHans SteinhoffWritten byAnthony Carlyle (novel)Iris NorthProduced byGeorg JacobySidney MorganStarringMabel PoultonJack TrevorClifford McLaglenShayle GardnerCinematographyNicolas FarkasProductioncompaniesBritish & ForeignOrplid-FilmDistributed byMesstro-OrplidRelease date 3 February 1929 (1929-02-03) Running time79 minutesCountriesGermanyUnited KingdomLanguagesSilentEnglish/German intertitles The Alley Cat is a 1929 British...

 

Airport in Senegal Blaise Diagne International AirportAéroport International Blaise DiagneIATA: DSSICAO: GOBDSummaryAirport typeCivilOwnerGovernment of SenegalOperatorSumma-LimakServesDakarLocationThiès Region, SenegalHub forAir Senegal, TransairElevation AMSL289.59 ft / 88.27 mCoordinates14°40′16″N 17°4′1″W / 14.67111°N 17.06694°W / 14.67111; -17.06694 (Blaise Diagne International Airport)Websitedakaraeroport.comMapDSSLocation of a...

 

Tomáš Necid Persoonlijke informatie Volledige naam Tomáš Necid Geboortedatum 13 augustus 1989 Geboorteplaats Praag, Tsjechië Lengte 191 cm Been Rechts Positie Aanvaller Clubinformatie Huidige club FC Bohemians 1905 Praag Jeugd 1994–19981998–2006 TJ Sokol Stodůlky Slavia Praag Senioren * Seizoen Club W 0(G) 2006–200920082009–20152013–20142014201420152015–201820172017–20182018–20202020– Slavia Praag→ FK Jablonec FK CSKA Moskou→ PAOK Saloniki→ Slavia Praag→ PEC Zw...

Japanese video game franchise Not to be confused with DragonQuest. This article is about the video game franchise. For the first game in the series, see Dragon Quest (video game). For other uses, see Dragon Quest (disambiguation). Dragon Warrior redirects here. For other uses, see Dragon Warrior (disambiguation). Video game seriesDragon QuestGenre(s)Role-playingDeveloper(s)Chunsoft (I-V)Heartbeat (VI-VII)Level-5 (VIII-IX)Square Enix (X-XI)ArtePiazza (remakes)Tose, other (spin-offs)Publisher(s...

 

يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي معلومات غير موثقة يمكن التشكيك بها وإزالتها. (مايو 2023) انجيلو كوستانزو   معلومات شخصية الميلاد 9 مايو 1976 (47 سنة)  أديلايد  الطول 1.83 م (6 قدم 0 بوصة) مرك...

 

Not to be confused with Yaakov Chaim Sofer, the Iraqi rabbi and author of Kaf Hachayim. Chaim Sofer Chaim Sofer (also known as the Machne Chaim, the name of his responsa) (September 29, 1821 – June 28, 1886[1]) was a renowned Hungarian rabbi[2] and scholarly spokesperson for Orthodox Judaism during his time.[3] Biography Chaim Sofer was born in Pressburg, Hungary (now Bratislava, Slovakia) on September 29, 1821. His father was Mordechai Efraim Fischel. Sofer attended...

الحقيقة اسمها سالممعلومات عامةتاريخ الصدور 1994اللغة الأصلية العربية (مصرى)البلد مصر الطاقمالمخرج أحمد صقر البطولة يحيى الفخراني أحمد راتبتعديل - تعديل مصدري - تعديل ويكي بيانات الحقيقة اسمها سالم، فيلم تليفزيوني أنتج عام 1994 من بطولة يحيى الفخراني وآثار الحكيم ووداد حمدي و...

 

Mansfield Town 2018–19 football seasonMansfield Town2018–19 seasonOwnerJohn RadfordChief ExecutiveCarolyn RadfordManagerDavid FlitcroftStadiumField MillLeague Two4thFA CupFirst round(Vs. Charlton Athletic)EFL CupSecond round(Vs. West Bromwich Albion)EFL TrophySecond round(Vs. Bury)Top goalscorerLeague: Walker (22)All: Walker (26)Highest home attendance7,361 (vs. Newport County, 12 May 2019)Lowest home attendance928 (vs. Scunthorpe United, 13 November 2018)Average home league attendance4,8...

 

Indonesia padaPesta Olahraga Asia Tenggara 2005Kode IOCINAKONKomite Olimpiade IndonesiaSitus webwww.nocindonesia.or.id (Inggris)Penampilan pada Pesta Olahraga Asia Tenggara 2005 di ManilaPeserta633Pembawa benderaHendrawanMedaliPeringkat ke-5 49 79 89 Total 217 Penampilan pada Pesta Olahraga Asia Tenggara (ringkasan)197719791981198319851987198919911993199519971999200120032005200720092011201320152017201920212023 Indonesia berpatisipasi pada Pesta Olahraga Asia Tenggara 2005 yang disel...

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: The Amy Fisher Story – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (April 2009) (Learn how and when to remove this template message) 1993 TV series or program The Amy Fisher StoryDVD coverGenreCrimeDramaRomanceThrillerWritten byJanet BrownellDirected byAnd...

 

Community of Catholic priests Congregation of Missionary Sons of the Immaculate Heart of the Blessed Virgin MaryCongregatio Missionariorum Filiorum Immaculati Cordis Beatae Mariae VirginisCoat of arms of the ClaretiansAbbreviationCMFNicknameClaretiansFormation16 July 1849(174 years ago) (16 July 1849)FoundersAntonio María Claret, C.M.F. Esteban Sala, CMF José Xifré, CMFFounded atBarcelona, Catalonia, SpainTypeClerical religious congregation of pontifical right for menHeadquartersVia d...

 

British world champion motorcycle speedway rider For other people named Peter Collins, see Peter Collins (disambiguation). Peter CollinsMBEBorn (1954-03-24) 24 March 1954 (age 69)Manchester, EnglandNationalityBritish (English)Career history1971Rochdale Hornets1971–1986Belle Vue Aces Individual honours1976World Champion1979British Champion1974, 1975British League Riders' Champion1973British Under-21 Champion1974European Final winner1974, 1975, 1984Northern Riders Champion1974, 1978Inter...

Chinese politician Not to be confused with Lu Hao (born 1967). Lu Hao In this Chinese name, the family name is Lu. Lu Hao (Chinese: 陆浩; pinyin: Lù Hào; born April 1947) is a Chinese politician. He served as the Communist Party Secretary of Gansu province from 2007 to 2011.[1] Biography Lu was born in Changli County, Hebei. He held the post of Governor of Gansu from 2001 to 2007. He was first appointed to be the Communist Party Secretary of Gansu in April 2007.[1]...

 

Stadio Luigi FerrarisMarassi Informazioni generaliStato Italia UbicazioneVia Giovanni de Prà, 1 Genova GE Inizio lavori1910 Inaugurazione22 gennaio 1911 Ristrutturazione1987-89, 2015, 2018 ProprietarioGenova GestoreLuigi Ferraris Srl ProgettoVittorio Gregotti (1987-89) Intitolato aLuigi Ferraris Informazioni tecnichePosti a sedere33.205 StrutturaPianta quadrata Coperturatotale Mat. del terrenoerba ibrida Dim. del terreno105 × 68 m Uso e beneficiariCalcioGenoa (1911-)Sampdoria (194...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!