Дејан Миловановиќ (роден на 21 јануари1984 година во Белград) бил поранешен српскифудбалер. Настапувал како играч во средниот ред. За Црвена ѕвезда одиграл 232 официјалнин натпревари (според која е на 18-то место на вечната листа на клубот), а постигнал 28 гола. Учествувал во освојување на три шампионски титули (2004, 2006 и 2007 година) и четири национални купови (2002, 2004, 2006 и 2007 година). Покрај за Црвена ѕвезда настапувал и за екипите на Ленс, Паниониос и Вождовац.
За српската репрезентација одиграл вкупно два натпревари.
Клупска кариера
Дејан Миловановиќ ги минал помладите категории на екипата на Црвена ѕвезда. Својот прв натпревар за првиот тим на Црвена ѕвезда го имал на само 17 години на 17 ноември2001 година против составот на Земун (2:0).
Се истакнал веќе во првата сезона, во пролетта 2002 година кога бил стрелец на третиот гол на црвено-белите во 118-то вечно дерби, кога неговиот тим победил со резултат од 3:0.[1] Наредната сезона, тој одиграл 35 натпреварувачки натпревари за екипата на Црвена ѕвезда, што претставувал негов личен рекорд во една сезона. Навивачите можат да се потсетат на неговиот спектакуларниот гол против екипата на Киево во Верона, во победата од 2:0, кога црвено-белите го елиминирале италијанскиот тим од Купот на УЕФА.[2][3]
Заедно со соиграчот Марко Перовиќ бил единствениот фудбалер од генерацијата играчи родени 1984 година кој добил поголема минутажа од страна на тренерот Славољуб Муслин во сезоната 2003/04 кога ја освоил двојната круна. Таа сезона одиграл 28 официјални натпревари. Дејан Миловановиќ станал капитен на екипата на Црвена ѕвезда во 2006 година, а големо признание добил на крајот од таа календарска година, кога во анкетата за избор на капитени на сите клубови, бил избран за најдобар играч во лигата. Тој дал голем придонес за клубот во освојувањето на две последователни двојни круни во 2006 и 2007 година. Во сезоната 2005/06 одиграл вкупно 32 натпревари и притоа постигнал четири гола, а една сезона подоцна на 34 натпреварувачки натпревари постигнал пет голови.
Најефикасната сезона во кариерата ја имал во 2007/08 година, кога постигнал 11 голови на 34 натпреварувачки натпревари, од кои еден прекрасен гол од слободен удар во 132 вечно дерби, кое се одиграло без публика. Тој натпревар завршил со резултат од 4:1 за екипата на Црвена ѕвезда.[4] Црвено-белите не стигнале до трофејот таа сезона, иако го завршиле првенството без загубен натпревар. Во таа сезона клубот имал дури 12 нерешени натпревари што било премногу за освојување на шампионската титула.
Подоцна Миловановиќ се преселил во екипата на Ленс,[5] каде постигнал четири гола на 45 лигашки натпревари. Тој оставил добар впечаток во првата сезона, кога клубот успеал да се врати во елитниот ранг. Наредното првенство тој играл многу помалку, па поради тоа бил испратен како позајмен играч во екипата на Црвена ѕвезда. Клубот тогаш бил во лоша финансиска состојба, па многу брзо дошло до недоразбирање со управата, поради што Дејан бил суспендиран на одредено време.[6] Во повратната сезона 2010/11 во тимот на Црвена ѕвезда одиграл вкупно 23 натпревари и постигнал четири гола. Наредните две сезони ги поминал како позајмен играч во екипата на Паниониос. Таму одиграл 23 првенствени натпревари и постигнал два гола, а во сезоната 2013/14 година во дресот на екипата на Вождовац настапил на 17 натпревари во српската Суперлига.
Репрезентација
За српската репрезентација Миловановиќ одиграл два натпревари. Својот прв натпревар го имал на 28 мај2008 година, во поразот од селекцијата на Русија во градот Бургаузен (1:2). Последниот натпревар го одиграл во Гелзенкирхен три дена подоцна против репрезентацијата на Германија (1:2).
Тој оставил длабока трага во младата репрезентација со која освоил два сребрени медали на Европските првенства во 2004 и 2007 година. Миловановиќ успешно реализирал пенал во третата серија во полуфиналето против репрезентацијата на Шведска во 2004 година, кога младата репрезентација на Србија и Црна Гора ја елиминирала Шведска со 6:5 по пенали и се пласирала во финалето. Во финалето селекцијата на Италија била подобра и славела со резултат од 3:0. Истиот успех бил повторен и во 2007 година. Овојпат Дејан Миловановиќ како капитен го предводел тимот до второто место. Бил дел и од репрезентацијата на Србија и Црна Гора, која учествувала на Олимписките игри во 2004 година во Атина.
Останати факти
Дејан Миловановиќ е роден во Белград, но детството го поминал во Сремска Митровица. Неговиот татко Ѓорѓе исто така бил фудбалер и играл за екипата на Црвена ѕвезда во 70-тите и 80-тите години од минатиот век. Дејан Миловановиќ е роднина на познатиот фудбалер Бане Ивановиќ.[7]
Трофеи
Црвена ѕвезда
Освоено е СЦГ првенството (Србија и Црна Гора) (2): 2003/04, 2005/06.