Бранислав Ивановиќ (роден на 22 февруари 1984) е српски фудбалер и капитен на српската фудбалска репрезентација кој игра за рускиот Зенит од Санкт Петербург. Тој игра во дефанзивата и може да игра како десен бек и десен централен бек.
Бранислав неговата кариера ја почна во Србија, играјќи за клубот Ремонт, ФК Срем и ОФК Београд. Потоа тој се преселил во Русија каде што играл за Локомотив Москва. После две поминати години во Москва тој се преселил во Челзи, каде што настапил девет сезони а тимот од Стемфорд Бриџ. Во јануари 2017 година, тој се вратил во Русија во тимот на Зенит. Тој играл за Србија на нивниот прв меѓународен турнир, Светското фудбалско првенство 2010.
Ивановиќ бил избран за десен бек на сезоната за Премиер лигата во сезоната 2009-2010 кога Челзи ја освоил титулата во Премиер лигата и ФА Купот во 2010.
Бранислав е роден во Сремска Митровица, а негови родители се Раде и Славица.
Наводи
Надворешни врски