Цуј се родил во селото Фан (范庄), околу 7.5 км од Баофен, Хенан, а неговите родители биле фармери. Кога Циј е роден, Кина била среде природни катастрофи и војни. Тој студирал кинески класици на училиште во селото.
Цуј го прифатил второто и се преселил во САД во 1958. Тој дипломирал „Фи Бета Капа“ од Августанискиот колеџ во 1961. Цуј бил единствениот судент со кинеско потекло во колеџот. Цуј продолжил со судиите по физика во Чикашкиот универзитет, каде го добил неговиот докторат по физика во 1967. Цуј спровел едногодишно постдокторско истражување во Чикаго. Во 1968, Цуј се придружил на Беловите лаборатории каде бил пионер во студиите на дво-димензионални електрони.
Неговото откритие на Холовиот дробен квантен ефект, работа за која бил награден со Нобелова награда во 1998, се случило пред да биде назначен за професор по електротехника во Принстонскиот универзитет во 1982.
Почести и награди
Цуј е член на Националната академија на науките на САД (избран во 2004), соработник со Американското здружение за напредок во науката и соработник со Американското друштво на физичари. Во 1992, Цуј бил избран за академик на „Академија Синика“, Тајпеј. Во јуни 2000, Цуј бил избран за странски член на Кинеската академија на науките, Пекинг.
Цуј исто така бил награден со неколку престижни награди, меѓу кои: