Сјукуро Манабе (роден на 21 септември1931 година) — американски физичар, метеоролог и климатолог, пионер во употребата на компјутери за симулирање на глобалните климатски промени и природните климатски варијации. Добитник е на Нобеловата награда за физика за 2021 г. заедно со Клаус Хаселман и Џорџо Паризи за нивниот придонес во физичкото моделирање на Земјината клима, квантификацијата на нејзината варијабилност и предвидувањата за климатските промени.[1]
Биографија
Роден е на 21 септември 1931 година во префектурата Ехиме во Јапонското царство. И неговиот дедо и татко биле лекари кои ја воделе единствената амбуланта во селото.[2] Едан другар од одделението се присетува дека Манабе дури и во основното училиште бил заинтересован за времето изјавувајќи „Кога Јапонија би немала тајфуни не би имале толку дожд”.[2] Посетувал средно училиште во Мишима во префектурата Ехиме. Кога бил примен на Универзитетот во Токио неговото семејство очекивало да студира медицина, но тој изјавил „Кога и да има итен случај крвта ми удира во главата, така што не би бил добар лекар”[3] и „Имав ужасно памтење и бев неспретен со рацете. Мислев дека моја единствена добра особина е да гледам во небото и да се губам во своите мисли”.[4] Се придружил на истражувачкиот тим Шигекате Шоно (1911—1969) и студирал метеорологија.[4] Дипломирал во1953 година, магистрирал во 1955 и докторирал во 1958 на Универзитетот во Токио.[5] По студирањето заминал во Соединетите Американски Држави да работи на Оделението за истражување на општата циркулација на Американското метеоролошко биро, сега Лабораторија за геофизичка динамика на флуиди Национална океанска и атмосферска администрација до 1997 година. Од 1997 до 2001 година работел во Јапонија како директор на Оделението за истражување на глобалното затоплување. Во 2002 година се вратил во Соединетите Американски Држави како гостувачки истражувачки соработник на Програмата за атмосферски и океански науки на Универзитетот Принстон.[6] Бил ангажиран како специјален професор на Универзитетот Нагоја од декември 2007 до март 2014 година.[7] Во 2021 година му била доделена Нобелова награда за физика заедно со Клаусо Хаселман и Џорџо Паризи за физичко моделирање на климата на Земјата, квантификување на варијабилности и проверено предвидување на глобалното затоплување.[8]Шуџи Накамура, добитник на Нобеловата награда за физика во 2014 година, кој исто така дошол од префектурата Ехиме и емигрирал во Соединетите Американски Држави, му ја честитал на 6 октомври.[9]
Stouffer, R. J.; Manabe, S.; Bryan, K. (1989). „Interhemispheric asymmetry in climate response to a gradual increase of atmospheric CO 2“. Nature. Springer. 342 (6250): 660–662. Bibcode:1989Natur.342..660S. doi:10.1038/342660a0. ISSN0028-0836.
Manabe, S.; Stouffer, R. J.; Spelman, M. J.; Bryan, K. (1991). „Transient Responses of a Coupled Ocean–Atmosphere Model to Gradual Changes of Atmospheric CO 2. Part I. Annual Mean Response“. Journal of Climate. American Meteorological Society. 4 (8): 785–818. Bibcode:1991JCli....4..785M. doi:10.1175/1520-0442(1991)004<0785:troaco>2.0.co;2. ISSN0894-8755.
↑„世界一スパコンを使う男」と呼ばれた真鍋さん 頭脳流出と話題に“ ['The man who uses the world's top supercomputer,' Manabe talks about the brain drain]. Asahi Shinbun Digital (Japanese). Japan. October 5, 2021. Посетено на October 7, 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)