Тој во 1931 ја добил својата диплома по физика од Западниот резервен универзитет Кејс. На Илинојскиот универзитет магистрирал во 1933 и станал доктор на филозофија во 1936. Поголемиот дел од својата кариера го поминал како професор во Колумбискиот универзитет во Њујорк и работел како академски администратор неколку години пред да замине во новоизградениот Тексашки универзитет во Далас. Работел на резонанцијата на молекукларните зраци под раководство на Исидор Ајзек Раби, тогаш го открил електронскиот аномален магнетен момент. Следеле многу мерења на магнетните моменти и хиперфината структура. Тој се заинтересирал и за хемиската физика и продолжил да објавува истражувања за молекуларните зраци. За време на неговиот мандат во Колумбија, тој му бил докторски надзорник, ментор, на Гордон Гулд, пронаоѓачот на ласерот.
Станбен дом за студенти на дипломски студии во Западниот резервен универзитет Кејс во Кливленд, Охајо на јужниот кампус е именуван по Д-рКуш. Градбата е именувана „Кушова куќа“. Се наоѓа на карлтоновиот пат на кливлендската висорамнина.
Професорот Куш се оженил со Едит Стар МекРобертс и заедно имале три ќерки. Неговата жена починала во 1959 и се оженил со Бети Пецони во 1960. Поликарп Куш починал на 20 март 1993.[1]