Градски парк — јавен парк во Куманово кој воедно е и најголемиот парк во градот. Паркот има површина од околу 29,400 м2 и е најстариот во градот.[1] Паркот се наоѓа на десниот брег на Липковска Река.[2]
Географија и местоположба
Градскиот парк се наоѓа во северниот дел на Куманово. Јужно од градскиот парк се наоѓа Градскиот стадион Куманово, додека на запад од него се наоѓа Стадионот „Башкими 1947“. Југоисточно од паркот е Автобуската станица Куманово.[1]
Историја
Паркот бил изграден за време на Кралството Југославија, во 1930-тите.[1] Порано, кај паркот се наоѓала Градската плажа, изградена 1948 година. Откако започнала индустријализацијата на Куманово во погорното течение на Липковска Река (кај Бедиње) истата таа ја изгубила чистотата и со тоа плажата престанала да биде користена.[2]
Во 2022 година било спроведено обновување на паркот со пари обезбедени од Владата на Македонија.[3]
Галерија
Наводи
|
---|
| Географија | | |
---|
| Знаменитости | |
---|
| Храмови | |
---|
| Спортски зданија | |
---|
| Култура | |
---|
| Образование | |
---|
| Превоз | |
---|
| Познати личности | |
---|
|