Галатеја (или Нептун VI) — четврта по близина внатрешна месечина на Нептун. Наречена е по Галатеја, една од Нереидите од старогрчката леганда во која напусто бил заљубен киклопот Полифем.
Откривање
Месечината е откриена кон крајот на јули 1989 г. според сликите направени од сондата „Војаџер 2“ и ја добила привремената ознака S/1989 N 4.[8] Откритието е објавено на 2 август истата година, а трајното име го добила на 16 септември 1991 г.[9]
Физички својства
Галатеја има неправилен облик и нема знаци на каква било геолошка изменетост. Веројатно е дека се работи за збировит отпад составен од парчиња од првобитните Нептунови месечини, кои се судриле поради растројувања од месечината Тритон наскоро по нејзиниот зфат во многу занесена првична орбита.[10]
Галатеја е пастирска месечина за Адамсовиот прстен кој е 1.000 км вон својата орбита. Резонанциите со Галатеја се во сооднос 42:43 и се сметаат за најверојатниот механизам со кој се заробени уникатните лакови кои постојат во прстенот.[11] Нејзината маса е проценета врз основа на радијалните растројувања кои ги предизвикува во прстенот.[6]
Белешки
↑
Површинската гравитација изведена од масата m, гравитациската константаG и полупречникот r: Gm/r2.
↑
Втората космичка брзина изведена од масата m, гравитациската константаG и полупречникот r: √2Gm/r.
Бидејќи Галатеја има неправилен облик, вистинската површинска гравитација и втора космичка брзина значително се разликуваат од едно место до друго.
↑
Jacobson, R. A.; Owen, W. M., Jr. (2004). „The orbits of the inner Neptunian satellites from Voyager, Earthbased, and Hubble Space Telescope observations“. Astronomical Journal. 128 (3): 1412–1417. Bibcode:2004AJ....128.1412J. doi:10.1086/423037.