додека бил студент на универзитетот во Берлин, Даре бил дел од дружината на Јохан Готфрид Гале која трагала по Нептун. На 23 септември 1846 г, тој предложил дека на одредена неодамнешно нацртана карта од небото, од областа која ја предвидел Ирбен Леверје, може да се спореди со денешното небо и да се побара поместувањето кое е особеност на планета, во споредба со неподвижните ѕвезди. Нептун бил откриен истата ноќ.
Во 1864 година неуспешно се обидел да ги најде Марсовите месечини, и поставил горна граница од 70 лачни минути како растојание од кое би требало да се бараат месечините на Марс.[2]
Во 1857 година, се оженил за Августина Емилија Мебиус, ќерката на неговиот тогашен надгледувач, Август Фердинанд Мебиус.[3] Починал во Копенхаген, Данска.