Втората кинеско-јапонска војна (1937-1945) бил воен конфликт кој претежно се водел меѓу Република Кина и Царството Јапонија. Војната го опфаќа кинеското боиште како дел од поширокото тихоокеанско боиште во Втората светска војна . За почеток на војната се смета инцидентот на мостот Марко Поло на 7 јули 1937 година, по што спорот меѓу јапонските и кинеските трупи во Пекинг ескалирал во целосна инвазија. Оваа војна меѓу Кина и Јапонија честопати се смета за почеток на Втората светска војна во Азија.
Кина со помош на Советскиот Сојуз, Обединетото Кралство и САД се борела против Јапонија. По јапонските напади на Малаја и Перл Харбор во 1941 година, војната се споила со други конфликти кои главно се категоризираат како конфликти од Втората светска војна. Втората кинеско-јапонска војна била најголемата војна во Азија во 20 век.[1] Оваа војна имала најмногу цивилни и воени жртви во Војната на Тихиот Океан при што загинале од 10 до 25 милиони кинески цивили а исчезнале или загинале преку 4 милиони кинески и јапонски војници или воен персонал. Војната се нарекува и „азиски холокауст“. [2][3][4]
Војната била резултат на повеќедецениската јапонска империјалистичка политика за проширување на своето политичко и воено влијание во Кина за да си обезбеди пристап до суровини, храна и работна сила. По Првата светска војна, јапонската политика била погодена од силни потреси. Левичарите барале универзално право на глас и поголеми права за работниците. Зголеменото текстилно производство во кинеските фабрики негативно влијаело на јапонското производство, а со Големата депресија се забавувил извозот. Сето ова го поттикнало милитантниот национализам, кој кулминирал откако на власт дошла милитаристичка фракција. На чело на оваа фракција, со указ на императорот Хирохито, бил Хидеки Тојо од Здружението за помош на царското владеење. Во 1931 година, Мукденскиот инцидентот бил повод за јапонската инвазија на Манџурија. Кинезите биле поразени, а Јапонија создала нова марионетска држава, Манџукуо; многу историчари како почеток на војната ја наведуваат 1931 година.[5][6] Од 1931 до 1937 година, Кина и Јапонија продолжиле да се препукуваат во мали, локализирани судири, таканаречени „инциденти“.
По инцидентот на мостот Марко Поло, Јапонците извојувале големи победи, и во 1937 година ги освоиле Пекинг, Шангај и кинескиот главен град Нанџинг, по што следел и масакрот во Нанџинг. Откако не успеала да го спречи продорот на Јапонците во битката кај Вухан, кинеската централна влада била преместена во Чонгкинг (Чунгкинг) во внатрешноста на Кина. По кинеско-советскиот договор од 1937 година, добиената голема материјална поддршка ѝ помогнала на Националистичката армија на Кина и на кинеското воздухопловство да продолжат да даваат силен отпор против јапонската офанзива. Во 1939 година, по кинеските победи во Чангша и Гуангкси војната била во пат состојба. И Јапонците исто така не можеле да ги поразат кинеските комунистички сили во Шанкси, кои воделе тактика на саботажа и герилска војна против напаѓачите. Иако Јапонија владеела со големите градови, немала доволно човечки ресурси за да ги контролира огромните села на Кина. Во ноември 1939 година, кинеските националистички сили започнале голема зимска офанзива, а во август 1940 година, кинеските комунистички сили започнале контраофанзива во централна Кина. САД ја поддржале Кина преку серија санкции против Јапонија, што кулминирало со прекин на извозот на челик и бензин за Јапонија во јуни 1941 година. Исто така, со американски платеници како што се Летечките тигри ѝ дале директна дополнителна поддршка на Кина.
Во декември 1941 година, Јапонија ненадејно го нападнала Перл Харбор и ѝ објавила војна на САД. Соединетите Американски Држави за возврат ѝ објавиле војна на Јапонија и ја зголемиле воената помош за Кина, САД на Кина и дале вкупно 1,6 милијарди долари (18,4 милијарди долари во денешна вредност).[7] Во 1944 година, Јапонија ја започнала операцијата Ичи-Го, инвазија на Хенан и Чангша. Сепак, не успеале да издејствуваат предавање од кинеските сили. Во 1945 година, кинеските експедициски сили го продолжиле да напредуваат во Бурма и го завршиле патот Ледо кој ги поврзува Индија и Кина. Истовремено, Кина започнала големи контраофанзиви во Јужна Кина и ги зазела Западен Хунани Гуангкси. Јапонија формално се предала на 2 септември 1945 година. Кина била призната како една од четирите големи сојузници за време на војната, ги вратила сите територии изгубени од Јапонија и станала една од петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.[8][9]
Имиња
Во Кина, оваа војна е најпозната како „Војна на отпорот против јапонската агресија“ (кинески: 抗日 ) или „Војна на отпорот“ (抗战;). Наречена е и „Осумгодишна војна на отпорот“ (八年抗战), но во 2017 година кинеското Министерство за образование издало директива во која се наведува дека учебниците треба да се повикуваат на војната како „Четиринаесетгодишна војна на отпорот“ (十四年抗战), ставајќи го фокусот на поширокиот воен конфликт со Јапонија кој датира со јапонската инвазија на Манџурија во 1931 година.[10] Се нарекува и дел од „Глобалната антифашистичка војна“, а тоа е начинот на кој Втората светска војна е перцепирана од Кинеската комунистичка партија (ККП) и владата на НР Кина.
Во Јапонија, денес, најчесто се користи името „Јапонско-кинеска војна“ (јапонски: 日中戦爭).
Причини
Причините за Втората кинеско-јапонска војна може да се најдат уште во Првата кинеско-јапонска војна (1894–1895), кога Кина со која владеела династијата Ќинг, била поразена од Јапонија и според Договорот од Шимоносеки била принудена на Јапонија да ѝ го отстапи Тајван и да ја признае целосната независност на Кореја.[11][12][13] Династијата Ќинг била на раб на пропаст предизвикан од внатрешните бунтови и странскиот империјализам, а Јапонија прераснувала во велесила пред се поради своите ефективни мерки за модернизација.[14]
Република Кина е основана во 1912 година, откако со Синхајската револуција била соборена последната кинеска династија, династијата Ќинг (1644–1911). Но, централната власт за брзо била расцепкана и републичкиот авторитет подлегнал на авторитетот на регионалните воени водачи. Било тешко да се замисли обединувањето на нацијата и намалувањето на влијанието на странските сили. [14] Некои воени лидери дури се потпирале на одредени странски сили во меѓусебните битки. На пример, воениот лидер Жанг Зуолин од Манџурија неприкриено соработувал со Јапонците за воена и економска помош.
Националната револуционерна армија (НРА) основана од КМТ дејствувала во јужна и централна Кина, а во Шандонг се конфронтирала со јапонскиот гарнизон што подоцна ескалирало во вооружен конфликт. Овие конфликти се познати по заедничко име како инцидент во Џинан од 1928 година, кога јапонската војска убила неколку кинески официјални лица и истрелала артилериски гранати во Џинан. Се верува дека за време на овие конфликти биле убиени меѓу 2.000 и 11.000 кинески и јапонски цивили. Како резултат на инцидентот во Џинан сериозно се влошиле односите меѓу кинеската националистичка влада и Јапонија. [17][17]
Повторно обединување на Кина (1928)
Додека Националната револуционерна армија напредувала кон Пекинг, Жанг Зуолин решил да се повлече во Манџурија, а во 1928 бил убиен од Квантуншката армија.[18] Неговиот син, Чанг Ксуелианг, ја презел функцијата водач на кликата Фенгтиан во Манџурија. Подоцна во истата година, Чанг одлучил да ја објави својата верност на националистичката влада во Нанџинг под раководство на Чанг Кај Шек, и како резултат на тоа, Кина била обединета под една влада.[17]
Кинеско-советска војна (1929)
Конфликтот од јули до ноември 1929 година поврзан со Кинеската источна железница дополнително ги зголемил тензиите во североисточна Кина. Победата на советската Црвена армија над силите на Чанг Ксуелианг не само што ја потврдила советската контрола на Кинеската источна железница во Манџурија, туку ги истакнала воените слабости на Кина кои што офицерите од јапонската Квантуншка армија брзо ги забележале.[19]
Преформансите на советската Црвена армија, исто така, ги запрепастила Јапонците. Манџурија имала централна улога во јапонската политика за источна Азија. Победата на Црвената армија во 1929 година до срж ја разнишала таа политика. Во 1930 година, Квантуншка армија сфатила дека за Манџурија всушност се бори против Црвената армија која станувала сѐ посилна. Јапонските планови за освојување на североисточна Кина биле забрзани.[20]
Кинеската комунистичка партија
Во 1930 година, во Кина избувнала Војната во Централните Рамнини, во која учествувале и регионални команданти кои биле во сојуз со Куоминтанг за време на Северната експедиција и со владата на Нанџинг под Чанг. Кинеската комунистичка партија (ККП) по масакрот во Шангај во 1927 година отворено се борела против владата на Нанџинг, и продолжила да се шири за време на оваа граѓанска војна. Владата на Куоминтанг во Нанџинг одлучила да се сконцентрира на напорите на потиснување на кинеските комунисти преку политиката на „прво внатрешно помирување, потоа надворешен отпор“ (Кинески: 攘外必先安內).
Историјат на борбите
Увертира: инвазија на Манџурија и Северна Кина
Граѓанската војна во Кина, на Јапонија ѝ овозможило лесно да ја нападне Манџурија кон која гледала како подрачје кое ќе ѝ овозможи неограничено снабдување со суровини, пазар за нејзините произведени стоки (сега исклучени од пазарите на многу западни земји како резултат на тарифите од времето на депресијата) и како тампон држава против Советскиот Сојуз.[се бара извор] По Мукденскиот инцидент во септември 1931 Јапонија директно ја нападнала Манџурија. Јапонија навела дека нејзините права врз Манџурија, воспоставени по нејзината победа во Руско-јапонската војна, биле систематски прекршувани и дека имало „повеќе од 120 случаи на повреда на права и интереси, мешање во бизнисот, бојкот на јапонски стоки, неразумно оданочување, притвор на поединци, конфискација на имоти, иселување, барање за прекин на бизнисот, напади и тепање и угнетување на корејските жители“.[21]
По петмесечни борби, Јапонија ја во 1932 ја основала марионетската државаМанџукуо, а последниот кинески цар, Пу Ји, бил поставен за нивни марионетски владетел. Кина која била воено премногу слаба за директно да се соочи со Јапонија, апелирала до Лигата на народите за помош. По истрагата на Лигата бил објавен Извештајот Литон, со кој се осудува Јапонија за упадот во Манџурија, по што Јапонија се повлекла од Лигата на народите. Освен млака цензура, ниту една земја не презела акција против Јапонија.
По инцидентот во Мукден имало непрестајни борби. Во 1932 година, кинеските и јапонските трупи се судриле во т.н. инцидент од 28 јануари. Како резултат на оваа битка била извршена демилитаризација на Шангај, односно на Кинезите им било забрането да распоредуваат војници во овој град.
Во 1933 година, Јапонците го нападнале регионот крај Кинескиот ѕид. Како последица на овој конфликт било склучено примирјето од Тангу, според кое Јапонија стекнала контрола врз регионот Јехол, како и врз демилитаризираната зона помеѓу Кинескиот ѕид и регионот Пепинг-Тјанџин. Јапонија имала за цел да создаде уште една тампон зона меѓу Манџукуо и кинеската националистичка влада во Нанџинг.
Јапонија сè повеќе ги користела внатрешните конфликти на Кина за уште повеќе да ја ослабне. Дури и неколку години по Северната експедиција, политичката моќ на националистичката влада била ограничена само на областа околу делтата на реката Јангце. Другите делови на Кина всушност биле во рацете на локалните кинески воени лидери. Јапонија барала разни кинески соработници и им помогнала да воспостават влади пријателски настроени кон Јапонија. Оваа политика била наречена Специјализација на Северна Кина (кинески: 華北特殊化), попозната е како Автономно движење на Северна Кина. Северните провинции погодени од оваа политика беа Чахар, Сујуан, Хебеј, Шанкси и Шандонг .
Оваа јапонска политика била најефикасна во областа на сегашната Внатрешна Монголија и Хебеј. Во 1935 година, под јапонски притисок, Кина го потпишала Договорот Хе-Умезу, со кој на КМТ му се забранува да спроведува партиски операции во Хебеј. Истата година, бил потпишан Договорот Чин-Доихара со кој КМТ се протерува од Чахар. Така, до крајот на 1935 година кинеската влада во суштина ја напуштила северна Кина. На нејзино место, биле основани Автономниот совет на Источен Хебеј поддржан од Јапонија и Политичкиот совет Хебеј-Чахар. Таму во празниот простор на Чахар на 12 мај 1936 година била формирана Монголската воена влада. Јапонија ја обезбедила сета потребна воена и економска помош. Потоа, кинеските доброволни сили продолжиле да се спротивставуваат на јапонската агресија во Манџурија и Чахар и Сујуан.
1937: Целосна инвазија на Кина
Ноќта на 7 јули 1937 година, кинеските и јапонските вооружени сили размениле оган во близина на мостот Марко Поло (или Лугу), клучен пристап до Пекинг. Она што започнало како спорадично препукување набрзо ескалирало во целосна битка по која Пекинг и неговиот пристанишен град Тијанџин паднале во рацете на јапонските сили (јули-август 1937 година). На 29 јули, околу 5.000 војници на 1-виот и 2-от корпус на армијата Источен Хопеј се побуниле и се спротивставиле на јапонскиот гарнизон. Покрај јапонскиот воен персонал, биле масакрирани околу 260 цивили во Тонгжу за време на востанието во сцени кои потсетуваат на Боксерскиот протокол од 1901 година. Цивилите претежно биле Јапонци, заедно со полициските сили и некои етнички Корејци. Кинезите потоа запалиле и уништиле голем дел од градот. Преживеале само околу 60 јапонски цивили, кои подоцна на новинарите и историчарите им дале извештаи од прва рака. Како резултат на таквото насилство, бунтот во Тунгчоу силно го потресло јавното мислење во Јапонија.
Битката за Шангај
Царкиот генерален штаб во Токио, задоволен од територијалните придобивки стекнати во северна Кина по инцидентот на мостот Марко Поло, првично покажал неподготвеност да го ескалира конфликтот во целосна војна. Сепак, КМТ утврдила дека е достигната „пресвртната точка“ на јапонската агресија. Чанг Кај Шек набрзина ја мобилизирал армијата и воздухопловните сили на централната влада, и ги ставил под своја директна команда. Откако на 9 август 1937 година бил застрелан јапонски офицер кој се обидел да влезе на воениот аеродром Хонгкиао, Јапонците побарале сите кинески сили да се повлечат од Шангај; Кинезите го одбиле ова барање. Затоа, и Кинезите и Јапонците марширале за да ги засилат своите позиции во областа Шангај.
На 13 август 1937 година, војниците на Куоминтанг ги нападнале позициите на јапонските маринци во Шангај, а за возврат трупите на јапонската армија и маринците влегле во градот, што ја предизвикало битката кај Шангај. На 14 август, на кинеските сили под команда на Жанг Жижонг им било наредено да ги заземат или да ги уништат јапонските упоришта во Шангај, што предизвикало жестоки улични борби. При нападот на јапонскиот крстосувач Изумо, авионите на Куоминтанг ненамерно ја бомбардирале Шангајската меѓународна населба, при што биле убиени преку 3.000 цивили.[22]
За три дена од 14-ти до 16-ти август 1937 година, Царската јапонска морнарица испратила многу видови на тогаш напредни средно тешки копнени бомбардери со голем дострел G3M и разновидни авиони сместени на носачи на авиони во очекување да го уништат Кинеските воздухопловни сили. Сепак, царската јапонска морнарица наишла на неочекуван отпори и претрпела тешки (50%) загуби од кинеските пилоти.[23][24]
Воведувањето на напредните ловци А5М „Клод“ во боиштето Шангај-Нанџинг, од 18 септември 1937, им помогнало на Јапонците да постигнат одредено ниво на воздушна супериорност.[25][26] Сепак, неколкуте искусни кинески пилоти ветерани, како и неколку кинеско-американските доброволни борбени пилоти се покажало дека се способни да се спротивстават на A5M авионите. На почетокот на битката, националната кинеска армија броела околу пет дивизии, или околу 70.000 војници, а тамошните јапонски сили биле сочинети од околу 6.300 маринци. На 23 август, кинеското воено воздухопловство со борбени авиони ги нападнало истоварените јапонски трупи во Вусонгкоу во северниот дел на Шангај, а Јапонците најголемиот дел од нападот го пресретнале со ловци А2Н и А4Н сместени на носачите на авиони.[27] Царската јапонска армија за да го заземат градот на крајот ангажирала над 200.000 војници, заедно со многу поморски бродови и авиони. По тримесечни интензивни борби, нивните жртви далеку ги надминале првичните очекувања.[28] На 26 октомври, Јапонската армија го зазела Дачанг, клучна точка во Шангај, а на 5 ноември во заливот Хангжу стигнало дополнително засилување од Јапонија. Конечно, на 9 ноември, Националната републиканска армија започнала со општо повлекување.
Битката кај Нанџинг и масакр
Надоврзувајќи се на тешко извојуваната победа во Шангај, ЦЈА го зазела главниот град на КМТНанџинг (декември 1937) и Северен Шанкси (септември-ноември 1937). Во овие кампањи биле вклучени околу 350.000 јапонски војници и многу повеќе Кинези.
Историчарите проценуваат дека во „Масакрот во Нанџинг“ од 13 декември 1937 до крајот на јануари 1938, јапонските сили убиле или раниле околу 40.000 до 300.000 Кинези (претежно цивили). Некои јапонски историчари ги негираат овие податоци наведувајќи дека 75% од цивилното население на Нанџинг веќе побегнало од градот пред да започне битката, а поголемиот дел од останатите се засолниле во безбедносната зона Нанкинг, и зад себе го оставиле само сиромашните класи.
1938
На почетокот на 1938 година, раководството во Токио сè уште се надевале дека конфликтот ќе го ограничи на окупирарење на областите околу Шангај, Нанџинг и поголемиот дел од северна Кина. Се надевале дека со ова ќе ја зачуваат силата за очекуваната пресметка со Советскиот Сојуз, но дотогаш јапонската влада и ГШ практично ја изгубиле контролата врз јапонската армија во Кина. По извојуваните победи, јапонските теренски генерали ја продолжиле војната во Џиангсу во обид да го уништат кинескиот отпор, но биле поразени во битката кај Тајержуанг (март-април 1938 година). Потоа, Царската јапонска армија ја променила својата стратегија и ги распоредила речиси сета своја војска во Кина за напад на градот Вухан, кој стана политички, економски и воен центар на задниот дел од Кина, со надеж дека ќе ја уништи борбената сила на НРА и ќе ја принуди владата на КМТ да преговара за мир. [29] На 6 јуни, тие го зазеле Каифенг, главниот град на Хенан, и се заканиле дека ќе го заземат Женгжу, каде се спојува пругата од Пинган и Лонгхај.
1938 Поплава на Жолта Река
За да го спречат напредувањето на јапонската армија во западна и јужна Кина, Чанг Кај Шек, на предлог на Чен Гуофу, наредил отворање на насипите на Жолтата река во близина на Женгжу. Првичниот план бил да се уништи насипот во Жаоку, но поради тешкотии на тоа место, на 5 јуни бил уништен насипот кај Хуајуанку на јужниот брег и биле предизвикани поплави во источен Хенан, централен Анхуи и северниот и централен дел на Џиангсу. Поплавите зафатиле и уништиле илјадници квадратни километри земјоделско земјиште и го поместиле устието на Жолтата река стотици километри кон југ. Биле поплавени или уништени илјадници села, а неколку милиони селани биле принудени да се евакуираат од своите домови. Се удавиле 400.000 луѓе, меѓу кои имало и јапонски војници, а уште 10 милиони станаа бегалци. Оштетувањата на плантажите подоцна предизвикале глад. И покрај ова, Јапонците на 27 октомври 1938 година го зазеле Вухан, принудувајќи го КМТ да се повлече во Чонгкинг (Чунгкинг), но Чанг Кај Шек сепак одбил да преговара, велејќи дека би разгледувал разговори само доколку Јапонија се согласи да се повлече на границите од пред 1937 година.
1939–40: Кинески контранапад
Од почетокот на 1939 година, војната влегла во нова фаза по првите порази на Јапонците во битката кај Суиксијан-Заојанг, прватата битка кај Чангша, битката кај Јужен Гуангкси и Битката кај Заои. Овие успеси ги охрабриле Кинезите на почетокот на 1940 година да ја започнат својата прва голема контраофанзива против ЦЈА; сепак, поради нискиот воено-индустриски капацитет и ограниченото искуство во модерното војување, оваа офанзива била поразена. Потоа, Чанг не можел да ризикува други сеопфатни офанзивни кампањи со оглед на слабо обучената, недоволно опремена и неорганизирана состојба на неговите војски.
За време на офанзивата, силите на Хуи во Сујуан под команда на генералите Ма Хонгбин и Ма Букинг ја поразиле Царската јапонска армија и нивните марионетски сојузнички војски и го спречиле планираниот јапонски напредок во северозападна Кина. Генералот Ма Биао ги предводел коњаницате на Хуи, Салар и Донгсијанг и ги поразил Јапонците во битката кај Хуајанг.
По 1940 година, Јапонците наишле на тешкотии во администрирањето и гарнизонирањето на заземените територии и се обиделе да ги решат тоа преку спроведување на стратегија за создавање пријателски марионетски влади наклонети кон јапонските интереси во освоените територии. Најпозната е Владата на Ванг Џингвеи на чело со поранешниот Премиерот на KMT, Ванг Џингвеи. Меѓутоа, злосторствата извршени од страна на Царската јапонска армија, како и одбивањето на Јапонсците да им делегираат вистинска моќ, ги направило марионетите влади многу непопуларни и во голема мера неефикасни. Единствен успех кој го имале Јапонците било регрутирањето на голема колаборационистичка кинеска армија која требало да ја одржува јавната безбедност во окупираните области.
Јапонско проширување
Во 1941 година, Јапонија ги имала под контрола поголемиот дел од источните крајбрежни области на Кина и Виетнам, но во овие окупирани области продолжиле герилските борби. Јапонија претрпела големи жртви од неочекуваниот кинески отпор и ниедна страна не можела да постигне брз напредок како нацистичка Германија во Западна Европа .
Во 1943 година, во Гуангдонг завладеал глад. Додека ситуацијата се влошувала, до кинеските иселеници во Њујорк стигнало писмо во кое се наведувало дека во Сији од глад умреле 600.000 луѓе.[30]
Кинеска стратегија на отпор
Основата на кинеската стратегија на отпор може да се подели на два периода:
Втор период: 25 октомври 1938 година (по падот на Вухан) – декември 1941 година (пред сојузниците да ѝ објават на војна на Јапонија).
За разлика од Јапонија, Кина не била подготвена за целосна војна и неразвиена воена индустрија, без механизирани дивизии и мал број на оклопни сили.[31] До средината на 1930-тите, Кина се надевала дека Лигата на народите ќе обезбеди контрамерки за јапонската агресија. Покрај тоа, владата на Куоминтанг била во граѓанска војна против Кинеската комунистичка партија. Чанг Кај Шек рекол: „Јапонците се кожна болест, комунистите се срцева болест“. Вториот обединет фронт помеѓу КМТ и ККП никогаш не бил вистински обединет, бидејќи дури и за време на организирани, вооружени, контраофанзиви, комунистите и националистите сè уште се натпреварувале за влијание.
Дури и под овие крајно неповолни околности, Чанг сфатил дека за да добие поддршка од САД и други странски држави, Кина мора да докаже дека е способна да се бори. Знаејќи дека избрзаното повлекување ќе ја обесхрабри странската помош, Чанг решил да се утврди во Шангај, за да го одбрани најголемиот и најиндустриски град во Кина од Јапонците ги користел своите најдобри дивизии обучени од Германија. Битката траела повеќе од три месеци, имало многу жртви од двете страни и завршила со кинеско повлекување кон Нанџинг, но докажа дека Кина нема лесно да биде поразена и ја покажала својата одлучност пред светот. Битката го зајакнала моралот кај кинескиот народ, бидејќи го побила фалењето на Јапонците дека може да го освојат Шангај за три дена, а Кина за три месеци.
Потоа, Кина ја усвоила Фабијановата стратегија за „тргување простор за време“. Кинеската армија ќе се бори за да го одложи јапонското напредување кон северните и источните градови, овозможувајќи му на домашниот фронт, со своите професионалци и клучните индустрии, да се повлече на запад во Чонгкинг. Како резултат на стратегиите за изгорена земја на кинеската војска, намерно биле саботирани браните и насипите за да се предизвикаат огромни поплави, кои требало да го спречат јапонското напредување.
Втора фаза: октомври 1938 – декември 1941
Во овој период, основна кинеска цел била колку што е можно подолго одолговлекување на војната во војна на истрошување, за да ги исцрпи јапонските ресурси додека истовремено го зајакнува кинескиот воен капацитет. НРА го усвоила концептот на „магнетно војување“ за да ги привлече напредните јапонски трупи до одредени точки каде што паѓале во заседа и биле подложени на странични напади и опколување. Најдобар пример за оваа тактика била успешната одбрана на Чангша во 1939 година (и повторно во 1941 година), кога ѝ биле нанесени големи загуби на ЦЈА.
Приклучување на западните Сојузници
По нападот на Перл Харбор, САД ѝ објавиле војна на Јапонија, а по неколку дена Кина им се придружила на сојузниците во формалната објава на војна против Јапонија, Германија и Италија.[32] Откако западните сојузници влегле во војна против Јапонија, кинеско-јапонската војна ќе стане дел од поголем конфликт, Тихоокеанското боиште од Втората светска војна. Речиси веднаш, кинеските трупи постигнаа уште една одлучувачка победа во битката кај Чангша, која на кинеската влада ѝ донел голем престиж кај западните сојузници.[33]
Чанг Кај Шек продолжил да добива воена помош од Соединетите Американски Држави. Сепак, морските патишта кон Кина и железницата Јунан-Виетнам биле затворени од 1940 година. Затоа, по затворањето на Бурманскиот пат во 1942, странската помош за Кина беше во голема мера ограничена на она што можеше да се пренесе преку Хималаите. Во Бурма, на 16 април 1942 година, за време на битката кај Јенангјаунг 7.000 британски војници биле опколени од јапонската 33-та дивизија, а биле спасени од кинеската 38-ма дивизија.[34] По Дулитловиот напад, Царската јапонска армија спровела акција на масовно чистење во областите Жеџијанг и Џиангкси во Кина, денес позната како Кампања Жеџијанг-Џиангкси, за да ги пронајде преживеаните американски воздухопловци и за да им се одмазди на Кинезите кои им помогнале да го извршат нападот. Операцијата започнала на 15 мај 1942 година, но во септември била одбиена од кинеските сили.[35] За време на оваа кампања, Царската јапонска армија зад себе оставила трага на уништување и исто така ширела колера, тифус, чума и патогена дизентерија. Кинеските проценки тврдат дека дури 250.000 цивили, од кои мнозинство биле сиромашни луѓе кои не можеле да побегнат, можеби умреле од болест.[36] Акцијата предизвикала повеќе од 16 милиони цивили да се евакуираат далеку во внатрешноста на Кина. 90% од населението на Нингбо веќе побегнало пред да започне битката.[37]
Поголемиот дел од кинеската индустрија веќе била заробена или уништена од Јапонија, а Советскиот Сојуз одбил да им дозволи на Соединетите Држави да ја снабдуваат Кина преку Казахстан во Синѓанг бидејќи воениот лидер на Ксинџијанг Шенг Шикаи во 1942 година со одобрение на Чанг бил антисоветски настроен. Поради овие причини, кинеската влада немала доволни залихи и опрема потребни за да изврши големи контраофанзиви. И покрај големиот недостиг на материјал, во 1943 година, Кинезите успешно ги одбиле големите јапонски офанзиви во Хубеи и Чангде.
Чанг бил именуван за врховен командант на сојузниците во кинеското боиште во 1942 година. Американскиот генерал Џозеф Стилвел извесно време служел како началник на Генералштабот на Чанг, додека истовремено командувал со американските сили во боиштето Кина-Бурма-Индија. Од различни причини, односите меѓу Стилвел и Чанг набрзо се влошиле. Многу историчари (како Барбара В. Тухман) наведуваат дека тоа најмногу се должи на корупцијата и неефикасноста на владата на Куоминтанг, додека други (како Реј Хуанг и Ханс ван де Вен ) сметаат дека се работи за покомплицирана ситуација. Стилвел посакувал да преземе целосна контрола врз кинеските трупи и да продолжи со агресивна стратегија, додека Чанг претпочитал трпелива и поевтина стратегија на чекање на Јапонците. Чанг продолжил да одржува дефанзивни позиции и покрај апелите од сојузниците активно да ја прекине јапонската блокада, бидејќи Кина веќе претрпела десетици милиони воени жртви и верувале дека Јапонија на крајот ќе капитулира пред огромното индустриско производство на Америка. Поради овие причини, другите сојузници постепено почнаа да ја губат довербата во кинеската способност да спроведуваат офанзивни операции, и затоа своите напори против Јапонците ги насочиле во областите на Тихиот Океан и Југозападната Тихоокеанска област, применувајќи стратегија на прескокнување на острови.[38]
Долготрајните разлики во националниот интерес и политичкиот став меѓу Кина, САД и Обединетото Кралство сѐ уште постоеле. Британскиот премиер Винстон Черчил не сакал да ангажира британски трупи за повторно отворање на патот од Бурма; Стилвел, од друга страна, верувал дека пробивањето на патот е од витално значење, бидејќи сите пристаништа во континентална Кина биле под јапонска контрола. Политиката на сојузниците „Европа прво“ не му одговарала на Чанг, а подоцнежното британско инсистирање Кина да испраќа сѐ повеќе и повеќе војници во Индокина за Кампањата во Бурма, Чанг го сметал за обид да се искористат кинеските човечки ресурси за одбрана на британскиот колонијален имот. Чанг, исто така, верувал дека Кина своите армиски дивизии треба да ги пренасочи од Бурма во источна Кина за да ги бранат воздушните бази на американските бомбардери кои сметал дека со бомбардирање ќе ја поразат Јапонија. Покрај тоа, Чанг на состанокот со Махатма Ганди во 1942 година, ја поддржал индиската независност, што дополнително ги влошило односите меѓу Кина и Обединетото Кралство. [29]
Кинези родени во Америка и Канада биле регрутирани да дејствуваат како тајни оперативци во окупираната Кина. Требало да се измешаат со месното население и да водат кампања на саботажа. Активностите биле насочени кон уништување на јапонската логистика. [39] Кон крајот на 1943 година, Кинеските сили напредувале кон северна Бурма, ги опколиле јапонските трупи во Миткиина и ја зазедоа планината Сонг.[40] Британските сили и силите на Комонвелтот ја спровеле Мисијата 204 со која требало да се обезбеди помош за кинеската националистичка армија.[41] Во првата фаза во 1942 година речиси ништо не се постигнало, а во втората поуспешна фаза, која започнала во февруари 1943 година под британска воена команда, била спроведена пред јапонската офанзивна операција Ичи-Го во 1944 година.[41]
Соединетите Американски Држави на кинеското боиште гледале како можност за ангажирање на многу јапонски војници, како и место за американските воздушни бази од каде што ќе ги нападнат јапонските острови. Во 1944 година, кога јапонската позиција на Тихиот Океан брзо се влошувала, ЦЈА мобилизирала преку 500.000 војници и ја започнала операцијата Ичи-Го, нивната најголема офанзива во Втората светска војна, и ги нападнала американските воздушни бази во Кина и успеала со железница да ги поврзе Манџурија и Виетнам. Големите градови во Хунан, Хенан и Гуангкси потпаднале под јапонска окупација. По неможноста на кинеските сили да ги одбранат овие области, Стилвел се обидел да ја добие целокупната команда на кинеската армија, а по неговата пресметка со Чанг бил заменет со генерал-мајор Алберт Коади Ведемаер.
Во 1944 година, Кина извојувала неколку победи против Јапонија во Бурма, што довело до прекумерна самодоверба. Националистичка Кина, исто така, во 1942 година пренасочила војници во Синџијанг за да ја врати провинцијата од советскиот клиент Шенг Шичаи, чија марионетска армија била поддржана од 8-миот полк на советската Црвена армија во Хами. Борбите ескалираа на почетокот од 1944 година со бунтот во Или од ујгурските комунистички бунтовници поддржани од Советскиот Сојуз, предизвикувајќи ја Кина да се бори против непријателите на два фронта. Целта на јапонската операција Ичиго била да се уништат американските аеродроми во јужна Кина кои биле закана за јапонските матични острови и да ги поврзе железничките пруги во Пекинг, Ханку и градовите од северна Кина во Пекинг со јужниот кинески брег на Кантон. Јапонија била вознемирена од американските воздушни напади врз јапонските сили во тајванскиот аеродром Синчу од американски бомбардери со седиште во јужна Кина, и заклучила дека јужна Кина може да стане база на голема американска кампања за бомбардирање на јапонските острови, па Јапонија со операцијата Ичиго решила да ги уништи и заземе сите воздушни бази од каде оперирале американски бомбардери.
Чанг Кај Шек и властите од Република Кина намерно ја игнорирале и ја отфрлиле дојавата до кинеската влада во Чонгкинг од страна на француската војска за претстојната јапонска офанзива за поврзување на трите града. Кинеската војска верувале дека тоа е лажна дојава подметната од Јапонија за да ги доведе во заблуда, бидејќи операцијата Ичиго во северна Кина започнала со само 30.000 јапонски војници кои ја преминале Жолта Река, па Кинезите претпоставувале дека тоа ќе биде операција ограничена само на северна Кина. само. Друг фактор за игнорирање на дојавата било тоа што борбениот фронт меѓу Кина и Јапонија бил статичен и стабилизиран уште од 1940 година, па Чанг претпоставил дека Јапонија ќе продолжи со истата тактика и ќе остане зад линиите во окупираните територии пред 1940 година, зајакнувајќи ја марионетската кинеска влада на Ванг Џингвеи и користејќи ги тамошните ресурси. Јапонците постапувале на ваков начин од 1940 до 1944 година, а Јапонците презеле само неколку неуспешни и млаки обиди да го заземат привремениот главен град на Кина во Чонгкинг на реката Јангце, кој брзо го напуштиле пред 1944 година. Јапонија, исто така, претходно немала намера да ги поврзе трансконтиненталните железници на кантонот Ханков во Пекинг.
Кина исто така имала самодоверба по нејзините три победи по ред за одбрана на Чангша од Јапонија во 1939, 1941 и 1942 година. Кина, исто така, ја победила Јапонија во Бурманската кампања во Југоисточна Азија, а Кинезите не можеле да поверуваат дека Јапонија поради невнимание дозволила информациите за планираната инвазија да стигнат до Французите, и верувала дека Јапонија намерно им давала дезинформации за Кина да ги пренасочи своите трупи од Индија и Бурма. Кина верувала дека боиштето во Бурма е многу поважен за Јапонија од јужна Кина и дека јапонските сили во јужна Кина ќе ја зачуваат одбранбената положба. Кина верувала дека првиот јапонски напад во Ичиго е само одвлекување на вниманието во северна Кина, така што кинеските трупи составени од 400.000 војници во Северна Кина по нападот на Јапонија намерно и без борба се повлекле. Оваа грешка довела до уништување на кинеските одбранбени линии бидејќи јапонските војници, кои на крајот броеле стотици илјади, по нападот продолжиле да продираат од северна Кина кон централна Кина и до јужните кинески региони додека кинеските војници намерно се повлекувале. Исклучок била одбраната на Хенгјанг каде што 17.000 кинески војници со месеци се спротивставувале на преку 110.000 јапонски војници во најдолгата опсада во војната, каде погинале 19.000-60.000 Јапонци. Во Тушан во провинцијата Гуижоу, националистичката влада на Кина билапринудена да распореди пет армии од 8-та воена зона што ги користеше за целата војна до Ичиго. Но, во тој момент, недостатокот на храна кај јапонските војници и многуте жртви кои ги претрпела Јапонија ја принудиле да ја прекине операцијата Ичиго. По операцијата Ичиго, Чанг Кај Шек започнал план за повлекување на кинеските трупи од Бурма и да ги пренасочи против Јапонија во Југоисточна Азија во контраофанзива наречена „Бела кула“ и „Леден човек“ против јапонските војници во Кина во 1945 година.[2]
На крајот од 1944 година, во Монг-Ју се здружиле кинеските трупи под команда на Сун Ли-Џен кои напаѓале од Индија и трупите под команда на Веи Лихуанг кои напаѓале од Јунан и успеале да ги протераат избркаат Јапонците од Северна Бурма и да го обезбедат патот Ледо кој бил витален за снабдување на Кина.[29] Пролетта 1945 година, Кинезите започнале офанзива со која ги вратиле Хунан и Гуангкси. Бидејќи кинеската армија добро напредувала обука и опрема, Ведемаер за летото 1945 година планирал да ја започне операцијата Карбонадо за повторно да го заземе Гуангдонг, на тој начин да има крајбрежно пристаниште и оттаму да напредува на север кон Шангај. Сепак, атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки и советската инвазија на Манџурија го забрзале Јапонското предавање и овие планови не биле спроведени.[42]
За помалку од две недели Квантуншката армија, која била главна јапонска борбена сила,[43][44] која се состоела од преку милион војници, но со несоодветени оклопни возила, артилерија или воздушна поддршка, била уништена од Советите. На 15 август 1945 година, Јапонскиот царХирохито официјално капитулирал пред сојузниците. Официјалното предавање било потпишано на воениот брод USS Missouri на 2 септември 1945 година, на церемонија на која биле присутни неколку сојузнички команданти, меѓу кои и кинескиот генерал Су Јунгчанг.
По сојузничката победа во Тихиот Океан, генералот Даглас Мекартур им наредил на сите јапонски сили во Кина (со исклучок на Манџурија), Тајван и француска Индокина северно од 16° северна географска ширина да му се предадат на Чанг Кај Шек, а јапонските трупи во Кина формално се предале на 9-ти септември 1945 година, во 9:00 часот.[45] Деветтиот час од деветтиот ден од деветтиот месец е избран како аналогија на примирјето од 11 ноември 1918 година (во единаесеттиот час од единаесеттиот ден од единаесетиот месец) и затоа што „девет“ на кинески е хомофон на зборот за „долготраен“ (да сугерира дека постигнатиот мир ќе трае вечно).[46]
Наводи
↑Bix, Herbert P. (1992), „The Showa Emperor's 'Monologue' and the Problem of War Responsibility“, Journal of Japanese Studies, 18 (2): 295–363, doi:10.2307/132824, JSTOR132824
↑Hans Van de Ven, "Stilwell in the Stocks: The Chinese Nationalists and the Allied Powers in the Second World War", Asian Affairs 34.3 (November 2003): 243–259.
↑MacLaren. sfn error: no target: CITEREFMacLaren (help)
↑„China Offensive“. Center of Military History. United states Army. 3 October 2003. Архивирано од изворникот на 11 November 2014. Посетено на 14 November 2014.
Колекција на карти на библиотеката Пери–Кастанеда Манџурија 1:250.000, серија L542, служба за карти на американската армија, 1950-. Топографски карти на Манџурија за време на Втората светска војна.
Повеќегодишниот проект има за цел да го прошири истражувањето преку промовирање на соработка меѓу научниците и институциите во Кина, Јапонија, САД и други нации. Вклучува обемни библиографии.
SomóTipo de plato BebidaOrigen Bolivia BoliviaIngredientes principales maíz frangollo, azúcar, harina de maíz, canela.[editar datos en Wikidata] Carrito de venta de Somó en la ciudad de El Alto. El somó es una bebida refrescante típica de la región oriental de Bolivia.[1] Es consumido normalmente frío, por el clima tropical. Características El somó es una bebida preparada a base de maíz frangollo, una variedad de maíz boliviano, harina de maíz, canela y az...
Guru Seman Mulia Al Allimul Al-Allamah Asy-Syekh Muhammad Semman bin Haji Mulia (atau Guru Semman Mulia) adalah seorang ulama besar dari Martapura, Kalimantan Selatan, Indonesia. Masyarakat Martapura akrab memanggilnya dengan Guru Seman atau Guru Padang. Ia mendalami Islam dari salah seorang gurunya yang juga adalah ulama besar Kalimantan saat itu, yakni Guru Kasyful Anwar. Dengan Guru Sekumpul Syaikh Seman adalah paman sekaligus guru dari ulama kharismatik Martapura Guru Sekumpul, KH. Muhamm...
A nature reserve in Scotland Loch Lomond National Nature ReserveIUCN category IV (habitat/species management area)[1]View from the summit (85m) of Inchcailloch over the woodland and the neighbouring island, InchfadLocationScotlandCoordinates56°04′55″N 4°33′08″W / 56.082°N 4.5521°W / 56.082; -4.5521Area4.3 km2 (1.7 sq mi)[2]Established1958[1]Governing bodyNatureScotLoch Lomond NNR Loch Lomond National Nature Reserv...
Orang yang memperagakan diri sebagai seorang vexillarius. Vexillarius adalah istilah yang mengacu kepada beberapa jenis pasukan Romawi. Salah satunya adalah orang yang membawa vexillum, yaitu panji militer yang menunjukkan nama dan lambang legiun. Istilah ini juga dapat berarti veteran yang kembali menjadi tentara. Mereka diberi nama tersebut karena mereka mengabdi di dalam sebuah vexillatio dengan panji vexillum mereka sendiri, dan mereka terpisah dari anggota legiun lainnya. Definisi ketiga...
Муніципальний стадіон Повна назва Stadium municipal de Toulouse Країна Франція[1] Розташування Тулуза, Франція Координати 43°34′59″ пн. ш. 1°26′03″ сх. д. / 43.58306° пн. ш. 1.43417° сх. д. / 43.58306; 1.43417 Побудовано 1937 Відкрито 1949 Реконструйовано 1998 Власник міст...
Kekhanan KazakhҚазақ хандығы1465–1847 BenderaSemboyan: Alash!Ibu kotaTurkistanBahasa yang umum digunakanBahasa KazakhAgama IslamPemerintahanMonarkiKhan • 1465–1480 Janybek Khan dan Kerei Khan (pertama) Sejarah • Didirikan 1465• Dibubarkan 1847 Didahului oleh Digantikan oleh Gerombolan Emas Kekhanan Uzbek Gerombolan Nogai Kekaisaran Rusia Sekarang bagian dari Kazakhstan Kirgizstan Uzbekistan Tiongkok Rusia Ke...
Emir of sabya Muhammad ibn Ali al-IdrisiEmir of AsirIdrisid Emirate of AsirReign1906–1923PredecessorOffice establishedSuccessorAli ibn Muhammad al-IdrisiBorn1876Sabya, Yemen Vilayet, Ottoman Empire (Present-day Saudi Arabia)DiedMarch 24, 1924 [1]Sabya, Emirate of Asir(Present-day Saudi Arabia)DynastyIdrisid dynasty Sayyid Muhammad ibn Ali al-Idrisi (1876–1924) (Arabic: محمد بن علي الإدريسي) was the founder and first ruler of the Idrisid Emirate of Asir. Biography ...
1964 film about Jesus Christ, directed by Pier Paolo Pasolini For the American film of The Gospel, see The Visual Bible: Matthew. For the Chandran Rutnam directed romance, crime and thriller film, see According to Mathew. The Gospel According to MatthewOriginal Italian release posterDirected byPier Paolo PasoliniScreenplay byPier Paolo PasoliniBased onGospel of MatthewProduced byAlfredo BiniStarring Enrique Irazoqui Margherita Caruso Susanna Pasolini Marcello Morante Mario Socrate Settimio Di...
Wetland in Budai, Chiayi County, Taiwan Haomeiliao Wetland好美寮濕地 (Chinese)Haomeiliao WetlandLocationBudai, Chiayi County, TaiwanCoordinates23°22′04.8″N 120°08′01.4″E / 23.368000°N 120.133722°E / 23.368000; 120.133722TypewetlandSurface area959 hectares (2,370 acres) The Haomeiliao Wetland (traditional Chinese: 好美寮濕地; simplified Chinese: 好美寮湿地; pinyin: Hǎoměiliáo Shīdì) is a wetland in Budai Township, Chiayi ...
Monochamus bimaculatus Klasifikasi ilmiah Kerajaan: Animalia Filum: Arthropoda Kelas: Insecta Ordo: Coleoptera Famili: Cerambycidae Genus: Monochamus Spesies: Monochamus bimaculatus Monochamus bimaculatus adalah spesies kumbang tanduk panjang yang tergolong famili Cerambycidae. Spesies ini juga merupakan bagian dari genus Monochamus, ordo Coleoptera, kelas Insecta, filum Arthropoda, dan kingdom Animalia. Larva kumbang ini biasanya mengebor ke dalam kayu dan dapat menyebabkan kerusakan pada ba...
2010 American filmFree Willy: Escape from Pirate's CoveDVD coverDirected byWill GeigerScreenplay byWill GeigerStory byCindy McCreeryBased onCharactersby Keith A. WalkerProduced by David Wicht John Stainton Laura Lodin Starring Bindi Irwin Beau Bridges CinematographyRobert MalpageEdited bySabrina PliscoMusic byEnis RotthoffProductioncompanies ApolloMovie Beteiligungs Film Africa Worldwide Warner Premiere Distributed byWarner Home VideoRelease dates March 11, 2010 (2010-03-11)...
Убийство Муаммара Каддафи Муаммар Каддафи в 2009 году Способ убийства Военное преступление, внесудебное убийство[en], аттентат Место Сирт, Ливия Координаты 31°11′44″ с. ш. 16°31′17″ в. д.HGЯO Дата 20 октября 2011 Нападавшие Переходный национальный совет Национально-освоб...
2012 studio album by Angie StoneRich GirlStudio album by Angie StoneReleasedSeptember 25, 2012Length50:31LabelSaguaro Road RhythmProducer Angie Stone (also exec.) Sammy Blues Korey Bowie Bobby Brass Mike City J & J2 Productions Warren Jones Isaac Lewis Demond Mickens Levi Stephens Corey Co-T Tatum Angie Stone chronology Unexpected(2009) Rich Girl(2012) Dream(2015) Rich Girl is the sixth studio album by American singer Angie Stone. It was released on September 25, 2012, by Saguaro ...
This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article relies largely or entirely on a single source. Relevant discussion may be found on the talk page. Please help improve this article by introducing citations to additional sources.Find sources: Geology of Utah – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (March 2022) This article may be to...
В гіпотезі тропічного термостата з підвищенням температури океану розвивається глибока конвекція (шторм) і створюється велике «ковадло», яке відбиває сонячну радіацію і стабілізує температуру океану (рис. - Robert Simmon) Гіпотеза екваторіального термостата - метеорологічна ...
Motor rifle division of the Soviet military This article includes a list of general references, but it lacks sufficient corresponding inline citations. Please help to improve this article by introducing more precise citations. (November 2015) (Learn how and when to remove this template message) 201st Rifle Division (I Formation) 1941–1942(converted to 43rd Guards Rifle Division)201st Rifle Division (II Formation) 1943 – c. 1945325th Rifle Brigade c. 1945 – 194827th Mountain Rifle D...
Reserve in the wheatbelt region of Western Australia Charles Darwin Reserve is a nature reserve in the north east of the wheatbelt region of Western Australia. Description It is 90 km from Wubin and 355 km north of Perth. It lies largely within the Southwestern Botanical Province on the northern edge of the Wheatbelt, with northern parts of the reserve extending into the Eremean Province, and is owned and managed by Bush Heritage Australia (BHA), by which it was purchased and rename...
Not to be confused with Hiranandani Estate. Township in Maharashtra, IndiaHiranandani Gardens Hiranandani ZenTownshipHiranandani GardensA view of Hiranandani from across the Powai LakeHiranandani GardensLocation in Mumbai,Maharashtra,IndiaCoordinates (Galleria): 19°07′08″N 72°54′42″E / 19.118986°N 72.911767°E / 19.118986; 72.911767[1]Country IndiaStateMaharashtraDistrictMumbai SuburbanCityMumbaiZone5WardSFoundedDecember 1989Founded byNiranj...