Обединета автономна монголска влада (1936-1939) Обединета автономна влада на Менгѓанг(1939-1945) Mengkiang
|
---|
1936 - 1945 |
Flag |
Карта на Менгѓанг |
Статус | Марионетска држава на Јапонија |
---|
Главен град | Џангѓакоу |
---|
Говорени јазици | монголски, јапонски |
---|
Историја | |
---|
|
• Основана | 1936 |
---|
• Престанала да постои | 1945 |
---|
|
|
Менгѓанг (кинески:蒙疆 / 蒙疆 - Měngjiāng/ Meng-chiang) — марионетска држава во Внатрешна Монголија контролирана од Јапонското Царство. Таа се состоела од тогашните монголски покраини Чахар и Суејјуен, што денес одговара со средишниот дел на Внатрешна Монголија. Често е наречена Менгкукуо, според друга марионетска држава на Јапонија — Манџурија. Главен град бил Џангѓакоу и со државата владеел Демчугдонгруб.