Вилијам Макинли

Вилијам Макинли
Макинли, околу 1900
25-ти Претседател на Соединетите Американски Држави
На должноста
4 март 1897 – 14 септмври 1901
Потпретседател
Претходник Гровер Кливленд
Наследник Теодор Рузвелт
39-ти Гувернер на Охио
На должноста
11 јануари 1892 – 13 јануари 1896
Намесник Ендрју Л. Харис
Претходник Џејмс Е. Кемпбел
Наследник Аса С. Бушнел
Шеф на
House Ways and Means Committee
На должноста
4 март 1889 – 3 март 1891
Претходник Роџер К. Милс
Наследник Вилијам М. Спрингер
Член на
Претставничкиот дом
од Охио
На должноста
4 март 1885 – 3 март 1891
Претходник Дејвид Р. Рејџ
Наследник Џозеф Д. Тејлор
Изборна единица
На должноста
4 март 1877 – 27 мај 1884
Претходник Лаурин Д. Вудворт
Наследник Џонатан Х. Валас
Изборна единица
Лични податоци
Роден(а) Вилијам Макинли Џуниор
јануари 29, 1843(1843-01-29)
Најлс), САД
Починал(а) септември 14, 1901(1901-09-14) (возр. 58)
Бафало, САД
Почивалиште Национален споменик на Мекинли,
Кантон
Партија Републиканска партија
Сопружник Ида Сакстон Макинли
Деца 2
Образование
Професија
  • политичар
  • правник
Потпис Cursive signature in ink
Воена служба
Род Армија на САД (Армија на Унијата)
Траење 1861–1865
Чин бревет мајор
Единица 23-та Охајска пешадија

Вилијам Макинли (англиски: William McKinley, 29 јануари 184314 септември 1901) — 25-ти претседател на Соединетите Американски Држави и последниот ветеран на Американската граѓанска војна кој бил избран за мандат.

До 1880 година Макинли бил национален лидер на републиканците. Како кандидат на републиканците на Претседателските избори во 1896 година против демократот Вилијам Џенингс Брајан ги поддржувал златните стандарди и го промовирал плурализмот меѓу етничките групи. Неговата кампања која била направена од Марк Хана, усвоила нов маркетиншки стил на техники што ги ревулуционизирала практиките во кампањата и ја победила кампањата на неговиот соперник Вилијам Џенингс Брајан Изборите во 1896 година често се сметани за избори на преуредување што го обележале почетокот на прогресивниот период.

Макинли претседавал за повраток на просперитетот по паниката во 1893 година и ја направил златната основа на парата. Тој демантирал дека Шпанија завршила со нејзините ѕверства во Куба, Шпанија ја издржала интерференцијата и Шпанско–американската војна станала неизбежна во 1898. Војната била брза и едноставна, како што неделно шпанските флоти биле потопувани, Куба и Филипините биле окупирани за 90 дена.

На мировната конференција Макинли се согласил да ги купи поранешните шпански колонии на Порторико, Гуам и Филипините и да постави протекторат на Куба. Иако поддршката за самата војна била широко распространета, демократите и антиимпериалистите жестоко се спротивставиле на припојувањето на Филипините, плашејќи се од загуба на републиканските вредности. Макинли исто така ја припоил и независната република на Хаваите во 1898 година и сите нејзини жители станале американски граѓани. Макинли бил повторно избран во 1900 година на претседателските избори, уште една интензивна кампања против Брајан што била фокусирана на надворешната политика и на враќањето на просперитетот. Макинли бил убиен од анархист во 1901 година и наследен од неговиот потпретседателот Теодор Рузвелт.

Потекло

Макинли на 15 години

Кланот Макинли пристигнал во Пенсилванија во 1740 како дел од големата миграција на Шкотланѓаните и Ирците. Чукун чукун дедото на Макинли Дејвид Макинли, ветеран на Американската револуција, се населил во Охајо.

Вилијам Макинли бил роден во Најлс, Охајо на 29 јануари 1843 година, како седмо од деветте деца. Неговите родители Вилијам (15.11.1807 – 24.11.1892) и Ненси (22.04.1809 – 12.12.1897) Макинли[1] биле од шкотско-ирско и англиско потекло. Кога Макинли имал 10 години се преселил во Поланд, Охајо[2]. Таму го завршил средното образование и се запишал на колеџот Моунт Јунион каде што бил член на сигма алфа епсилон братството[3], а во 1860 година се запишал еден семестар на колеџот Алегени[4]. Иако неговото здравје се опоравило, семејните финансии се намалиле, а Мекинли не можел да се врати во Алегени. Почнал да работи како поштенски службеник, а подоцна се вработил како предавач во училиште во близина на Поланд, Охајо.[5]

Радерфорд Б. Хејс му бил ментор за време и по граѓанската војна.

На почетокот на Американската граѓанска војна се пријавил во армијата на Унијата во јуни 1861 година[6] како доброволец во 23-тата Пешадија на Охио. Тие биле испратени во западна Вирџинија каде што поминале една година борејќи се со единиците на Конфедералистите[7]. Еден од неговите претпоставени бил генералот и идниот американски претседател Радерфорд Б. Хејс, кој го унапредил Макинли во наредник поради покажаната храброст во битките. Во крвавата битка кај Ентитам, тој под непријателски оган доставил муниција и бил унапреден во поручник[8]. Ова се повторило неколкупати и Макинли во септември 1865 година по завршувањето на војната излегол со чинот мајор. Во 1869 година, година кога влегол во политиката, Макинли ја запознал и почнал да и се додворува на неговата идна сопруга Ида Сакстон, за две години подоцна да се ожени со неа на нејзина 23 годишна возраст, а тој имал 28 години. Во првите три години од нивниот брак тие добиле две ќерки, Кетрин и Ида, но ниедно дете не ја преживеало петтата година.

Правна и рано-политичка кариера

Сопругата Ида Макинли

Макинли го посетувал правното училиште во Албани, Њујорк[9] и бил примен во комората во 1867 година. Тој бил на пракса во Кантон и работел како обвинител во Старк Кантри[9] од 1869 година до 1871 година. Наскоро тој формирал партнерство со Џорџ В. Белден, искусен адвокат и поранешен судија.[10]

Во јуни 1876 година 33 рудари, вработени кај Марк Хана, штрајкувале и биле затворени поради нередите, кога Хана ги донел штрајкбрехерите да ја завршат работата.[11] Макинли ги бранел рударите на суд и ги ослободил сите освен еден. Кога рударите дошле кај Макинли да ги платат правните трошоци тој одбил да им ги земе парите, кои тие едвај ги собрале. Најпрво тој бил активен член во Републиканската партија, кога водел кампања за неговиот поранешен претпоставен, Радерфорд Б. Хејс, кој бил избран за гувернер на Охио во трката која привлекла национално внимание.

Претставнички дом на САД

Макинли во 1896 година

Со помош на Хeјс, Макинли бил избран како републиканец во Претставничкиот Дом на САД во Охајо и служел од 1877 до 1882 година[12] и од 1885 до 1891 година. Во последните неколку дена од 48-от Конгрес бил симнат од Џонатан Валс, демократ кој успешно се борел на изборите. Макинли бил повторно избран во Претставничкиот Дом и служел од 4 март 1885 година до 4 март 1891 година. Тој бил претседавач на моќниот Комитет на начини и средства од 1889 година до 1891 година.[13] Во 1890 година тој ја направил Макинлиевата царина, со што ја кренал стапката највисоко во историјата.[14] Политичката реакција ги уништила ГОП во лошата година на демократската победа во 1890 година. Тој го изгубил своето место за тесна маргина од 300 гласови[15], делумно поради непопуларната царинска сметка, а делумно поради фалсификување на избори.

Гувернер на Охајо

По напуштањето на Конгресот, Макинли го добил мандатот за гувернер на Охајо во 1891 година, победувајки го демократот Џејмс Кембел и бил повторно избран во 1891 година кога издвоил победа над Лоренс Нил. Макинли победил на изборите во 1891 година со околу 20.000 гласови[16].Тој имал неуспешна претседатеска надеж во 1892 година но водел кампања за повторен избор на претседателот Бенџамин Харисон. Како гувернер вовел данок на промет на корпорации, обезбедувајќи сигурно законодавство за работниците во превозот и ги ограничил антиунијските практики на вработените.

Во 1895 година заедница од неколку осиромашени рудари од долината Хокинг му пратиле телеграма на гувернерот Макинли да го известат за нивната беда, пишувајќи „Потребно е итно даночно ослободување“. Во рок од пет часа Макинли платил од свој џеб за железнички вагон полн со храна и други намирници да бидат испратени на рударите. Потоа тој продолжил да контактира со стопанската комора во секој поголем град од државата, давајќи им за задача да ја истражат бројката на граѓани кои живеат под нивото на сиромаштија. Кога се вратиле извештаите откриле голем број на изгладнети граѓани на Охајо, затоа гувернерот одржал хуманитарно возење и собрал доволно пари да ги нахрани, облече и обезбеди повеќе од 10 000 луѓе.

Изборите во 1896 година

Блискиот пријател и советник на Макинли, Марк Хана
Резултати од гласањето

Гувернерот Макинли го напуштил местото во раната 1896 година, по препорака од неговиот пријател Маркус Хана, и започнал активна кампања за претседателската кандидатура на Републиканската партија. По лесната победа во 1894 година на избори на Конгресот, републиканските перспективи изгледале одлично при почетокот на 1896 година.[17]

Демократската партија била поделена околу прашањето за среброто и многу гласачи ја обвинувале економската јад на нацијата на функционерот Гровер Кливланд.[18][19][20] Добро познатата специјалност на Макинли околу прашањето за царинската такса, успешното досие како гувернер и срдечната личност им се допаднале на многу републикански гласачи. Неговиот најголем противник на изборите, говорителот во Домот, Томас Рид, се здобил со многу непријатели во партијата околу неговата политичка кариера и неговите поддржувачи не можеле да се борат против организацијата на Хана. По победата на кандидатурата тој се вратил дома и ја предводел неговата позната „предворска кампања“ обраќајќи им се на илјадници гласачи, вклучувајќи ги организациите од патувачки трговци па сè до велосипедиските клубови. Многу од гласачите воделе кампања за Макинли откако се вратил дома. [21]Хана, богат индустриец, ја предводел кампањата на Макинли.

Негов противник бил Вилијам Џенингс Брајан, кој се кандидирал на едно прашање за „слободно сребро“ и монетарна политика. Макинли бил против среброто затоа што била девалвирачка валута и надгледувал пазари кои користеле злато, така што ќе и наштеле на надворешната размена.[22][23] Макинли ветил дека ќе ги унапреди индустријата и банкарството и гарантирал просперитет за секоја група на плуралистичката нација. Демократски цртан филм го исмеал ветувањето, кажувајќи дека ќе го потоне бродот. На тоа Макинли одговорил дека заштитната царинска такса ќе донесе просперитет на сите групи, градови и држави, додека слободното сребро на Брајан ќе создада инфлација, а не нови работни места, ќе ги банкротира железниците и дека трајно ќе ја оштети економијата.

Макинли успеал да придобие гласови од урбаните области и етничко работничките групи.[24] Менаџерот на кампањата Хана собрал три и пол милиони долари од големите бизниси и усвоил новосоздадени маркетиншки техники за да ја рашири пораката на Макинли.

Иако Брајан водел во август, противкампањата на Макинли го ставила на одбранбено голема парада во секој поголем град, неколку дена пред изборите, ги намалила обвинувањата на Брајан дека работниците биле принудени да гласаат за Макинли.

Тој го победил Брајан со голема разлика. Неговиот изглед на сите класи обележал прегрупирање на американската политика. Неговиот успех во индустриските градови им дал контрола на Републиканската партија врз северот во споредба со тој на демократите на југот.

Претседателство (1897-1901)

Внатрешна политика

Врховниот судија Мелвил Фулер со Вилијам Макинли како претседател; Претседател во заминување Гровер Кливленд десно

Инаугурацијата на Макинли од 4 март 1897 година го одбележала почетокот на најголемото движење на соединување, што американскиот бизнис го имал видено. Таквото соединување на бизниси (во тоа време наречени труст) било кулминација на еден далечен тренд во времето кога Макинли дошол на власт. Администрацијата не го употребувала активно актот на Шерман кој станал државен секретар, како што ќе го употреби Теодор Рузвелт, и тогаш на фондовите им било дозволено да растат. Макинли го потврдил своето звање како „напреден агент на просперитетот“ кога 1897 година донела закрепнување на бизнисот, земјоделството и општиот просперитет. Ова било поради крајот на Паниката од 1893 година што била предизвикана поради дефлација која датира од Граѓанската војна, и преконзумираноста. Крајот на периодот на дефлација бил поради златниот стандарден акт од 1900 година, што ја одредил вредноста на доларот така што ги ублажил некои монетарни грижи кои ги мачеле САД од 1870 година. Овој бран на просперитет потпомогнат од победата на САД во шпанско-американската војна, ќе продолжи во 20 век сè до Паниката од 1907 година, и ќе го осигура повторниот мандат на Макинли во 1900 година.

На 16 јуни 1897 година бил потпишан договор за присоединување на Република на Хаваите кон САД. Владата на Хаваите брзо го ратификувала договорот, но недостасувале потребните две третини од гласовите во Сенатот на САД. Решението било да се припои Хаваи со заедничка резолуција. Резолуцијата обезбедена со преземањето на САД на долгот на Хаваи од над четири милиони долари. Кинескиот акт за исклучување (1882 година) бил продолжен до островите, и кинеската имиграција од Хаваите до копното била забранета. Заедничката одлука се усвоила на 6 јули 1898 година, мнозинството на демократи и неколку републиканци меќу кои Спикер Рид, наспроти Шелби Кулом, Џон Морган, Роберт Хит, Сенфорт Дојл и Волтер Фриар, направиле комесари со нивните надлежности, подготвиле територијална форма на владата што станала закон на 30 април 1900 година

Во граѓанската администрација, Макинли направил реформи за системот да биде пофлексибилен во критичните области. Републиканската платформа, усвоена по продолжувањето на претседателот Кливланд на именување службеници според нивните квалитети, категорички го потврдила тоа, како и самиот Макинли. Против силен притисок, посебно во одделението за војна, претседателот се спротивставувал до 29 мај 1899 година. Неговата наредба од таа дата повлекла од тајната служба 4,000 или повеќе работни места, отстранила 3,500 од класата дотогаш исполнета преку компетитивно испрашување или методична практика на унапредување, и вброила уште 6,416 под системот донесен од секретаријатот за војна. Наредбата објавила регуларно голем број на привремени состаноци направени без испршување, покрај нудење на квалификувани, како вондредно закажани без испрашувања, илјадници кои сужеле за време на шпанската војна.

Републиканците укажале на дефицитот во нацрт-законот на Вилсон со истата загриженост покажана од претседателот Гровер Кливланд над суфицитот во 1888 година. Морало да биде донесена нова царинска такса по можност пред новите избори на Конгресот. Додатна седница на Конгресот била свикана за 15 март 1897 година. Комитетот на начини и средства, кој бил во работа веќе три месеци, веднаш поднел преку претседавачот Нелсон Динглеј предлог-закон кој го носел неговото име. Со еднаква брзина Комитетот за правила донел пропис усвоен од Домот, каде што новиот предлог-закон покрај демократските молби за време на испрашување, дикутирал и предложил амандмани кои дошле до Сенатот последниот ден од март. Повеќе разгледување означила процедурата во Сенатот. Ова тело го донело нацрт-законот по нагласување на неговите нацрти со некои 870 амандмани, од кои повеќето ја задоволиле Интерпарламентарната комисија и станале закон. Законот бил потпишан од претседателот на 24 јули 1897 година Актот на Динглеј бил проценет од неговиот автор да ја унапреди просечната стапка од 40 проценти од нацрт-законот на Вилсон на приближно 50 проценти или нијанса погоре од стапката на Макинли. Како пропорционален на употребата воведениот данок бил највероватно потежок од било кој од неговите претходници.

Реципрочноста, одлика на Макинлиевата царина, била укината со Актот на Вилсон. Републиканската платформа од 1896 година најавила заштита и реципрочност, две еднакви мерки на републиканската политика. Клаузите го надополнувале Актот на Динглеј, дозволувајќи да бидат направени реципрочни договори „прописно ратификувани“ од Сенатот и „одобрени“ од Конгресот. Под третиот дел од Актот некои отстапки биле дадени и примени, но договорите преговарани под четвртиот дел, кои вклучувале намалување на строго заштитните обврски, доживеале пораз на резимето кога биле поднесени во Сенатот.

Надворешна политика

Макинли сакал да ги направи американските производи помоќни на светските пазари, и така неговата администрација имала напредок на оние странски пазари кои го вклучувале припојувањето на Хаваите и интересите во Кина. Додека бил конгресмен Макинли бил адвокат за припојувањето на Хаваите, бидејќи сакал да го американизира и да создаде воена база, но отпорот на Сенатот и претходно се покажал несовладлив како и домашните произведувачи на шеќер и посветените антиекспанзионисти кои тврдоглаво блокирале секаква акција.

Еден истакнат набљудувач од тоа време, Хенри Адамс, изјавил дека нацијата во тој момент била управувана од „Макинлизам“ „систем од комбинации, консолидации и фондови реализирани дома и во странство“. Иако многу од неговите дипломатски состаноци биле реализирани од неговите политички пријатели како што се Карниги Стил, претседателот Џон Џорџ Александар Лешман (министер за Швајцарија и Турција), професионални дипломати како Ендру Диксон Вајт, Џон Фостер и Џон Хеј кои исто така компетентно служеле. Џон Бејст Мур, водечкиот национален специјаллист за меѓународно законодавство, често ја советувал администрацијата за техничко-судските прашања во нејзините надворешни односи.

Тужби за кронизам се појавиле околу назначувањето на стариот сенатор на Охајо Џон Шерман да го води Стејт Департментот. Додека Макинли се надевал дека репутацијата на Шерман ќе потпомогне во јавната перцепција на и онака здодевниот Кабинет, победата на Маркус Хана на специјалните избори за место во сенатот на Охајо, се покажала штетна за репутацијата на Макинли во некои кругови.[25]

Спротивно на популарното верување, Макинли не го избрал Шерман за да го отвори патот за Хана. Избраниот претседател му ја понудил првично на Хана големата почесна позиција за министер на пошти и телекумуникации, што индустриецот од Кливланд ја одбил. Првиот избор на Макинли за Стејт Департментот, сенаторот Вилијам Алисон од Ајова ја одбил понудата. Шерман кој претходно бил министер за финансии, изгледал како сериозен кандидат. Иако Шерман бил искусен државен службеник, тој бил стар и постојано кружеле гласини за неговата сенилност, обвинувања кои не биле без заслуга. Долгогодишниот пријател на Макинли, Вилијам Руфис Деј работел како министер за надворешни работи за време на пресудните месеци кои воделе до шпанско-американската војна.

Шпанско-американска војна

Уредничка интервенција на цртан филм во Куба. Колумбија (американскиот народ) посегнува да и помогне на угнетената Куба во 1897 година, додека Вујко Сем (Владата на САД) е слеп за кризата и нема да ги користи своите моќни пиштоли за да помогне. списание Judge, 6 февруари 1897 г.

Настанот кој го обележал претседателството на Макинли била шпанско-американската војна. Со децении, бунтовниците во Куба воделе периодична кампања за ослободување од шпанската колонијална власт. До 1895 година, судирот се проширил во војна за кубанска независност. [26]Судирот помеѓу двете земји проникнал од статиите на жолтиот печат за шпанските ѕверства во Куба, односно шпанската употреба на концентрациони логори и брутална сила за да го задушат кубанското востание. Шпанците постојано ветувале нови реформи, а потоа ги одложувале[27]. Демократите и сензационалистичкиот жолт печат од весниците на Вилијам Рандолф Херст го поттурнале јавното мислење на американците против Шпанија преку медиумите во 19 век во ненадеен напад за војна. Макинли и бизнис средината, помогнале преку говорителот на Домот, Рид, се спротивставиле на побарувачката на јавноста за војна. Меѓутоа администрацијата на Макинли имала проблеми со контролирањето на растечкото мислење на САД. Соединетите Американски Држави и Шпанија започнале преговори на оваа тема во 1897 година, но станало јасно дека Шпанија никогаш нема да ја признае кубанската независност, додека бунтовниците (и нивните американски поддржувачи) никогаш нема да се задоволат со ништо помалку од независност.[28][29]

За да ја покажат американската грижа која растела, воен брод бил испратен на пристаништето во Хавана.[30] На 15 февруари 1898 година мистериозно експлодирал и потонал, предизвикувајќи смрт на 266 луѓе.[31]. Официјално никој не би обвинет но епизодата ја загрижила нацијата, а претседателот барам истрага[32]. Судот изјавил дека бродот потонал од подводна мина[33]. Факторот на несигурност го ослабнал Макинли и по додатни одожувања од Мадрид тој ја предал работата на Конгресот кој гласал за војна.[34] Иако армијата на САД не била подготвена, воената морнарица била и милицијата и единиците на националната стража нападнале на јуриш, особено Теодор Рузвелт и неговите „Вешти Јавачи“. Поморската војна во Куба и на Филипините била успешна, најраната војна во историјата на САД, и по 13 дена Шпанија се согласила на мировните услови со договорот од Париз во јули.[35] Министерот за надворешни работи Џон Хеј ја нарекол „прекрасна мала војна“. Соединетите Американски Држави ги купиле Порторико и Филипините, како и островот Гуам, а Шпанија се откажала од своите претензии кон Куба; во замена, Соединетите Држави се согласиле да и платат на Шпанија 20 милиони долари (што е еквивалентно на 732 милиони долари во 2023 година)[35].

По мировната конференција Шпанија ги продала правата на Филипините на САД, кој преземал контрола над островите и ги задушил локалните бунтови, под приговор на демократите и на новоформираниот антиимпериалистички сојуз. Макинли го испратил Вилијам Тафт на Филипините а потоа во Рим да ја реши долго постоечката расправа за островите поседувани од Католичката црква. До 1901 година на Филипините повторно владеел мир по една декада на немири.

Граѓански права

Макинли, (десно од центарот) опкружен со гувернерот на Џорџија Ален Д. Кендлер (прв ред десно од Маккинли) и генерал Вилијам Руфус Шафтер, разгледувајќи ја јубилејната парада на мирот во Атланта, 15 декември 1898 година

Макинли бил последниот ветеран на граѓанската војна што бил избран за претседател на САД и што служел како мајор на 23-тата бригада на Охајо. Тој бил израснат како методист и аболиционист од страна на неговата мајка во Охајо. Тој бил сочувствителен со Афроамериканците кој се бореле против законот на „Џим Кроу“ насекаде во нацијата додека тој бил претседател. Тој именувал повеќе Афроамериканци за работа во служба, вклучувајќи го Волтер Кохен од Њу Орлеанс, лидер на црнечката републиканска фракција, како инспектор на царина[36]. Подоцна републиканските претседатели Ворен Хардинг и Келвин Кулиџ му дале на Кохен уште поголема функција во централната царинска зграда во Њуорлеанс.

Меѓутоа Макинли не сакал да ја употреби федералната власт за да го спроведе 15-тиот Амандман од Уставот на САД. За време на неговото претседателство имало многу убиства, тортури и прекршувања на граѓанските права секаде низ земјата против Афроамериканците. Макинли сакал да се врати на методите на реконструкција на Конгресот по граѓанската војна, за време на администрациите на Ендру Џонсон и Јулисиз С. Грант, а не преземал чекори да ги подобри ефектите од одлуката од 1896 година на Врховниот Суд на САД, Плиси против Фергусон. Во таа одлука Врховниот Суд изјавил дека јавните установи кои биле „одделени но еднакви“ можат да се употребат за изделување на Афроамериканците од белото општество.

Макинли одржал неколку говори за афроамериканска еднаквост и правда:

Не треба да има еднаквост и правда само во пишаниот закон. Мора да има еднаквост и правда во законодавната администрација насекаде, и како спроведена во секој дел на Републиката за секој граѓанин од неа. Не мора да биде ладна формалност на конституционален пропис. Мора да биде природно право. Нашите црни сојузници не треба да бидат оставени ниту пак напуштени. Јас ги бирам мојте зборови. Ова е големото прашање не само од сегашноста туку и големо прашање на иднината; и ова прашање нема да биде решено сè додека не се реши според принципите на правдата, признавајќи ја неприкосновеноста на Уставот на САД. Ништо не може да биде трајно решено сè додека правото на секој граѓанин еднакво да учествува во нашите државни и национални прашања е неотповикливо утврден. Таксите, финансиите, граѓанските служби и сите други олитички и партиски прашања треба да останат отворени и нерешени сè додека секој граѓанин кој има уставно право да ја дели одлуката е слободен да ужива во неа.“

И покрај пофалната реторика на Макинли, политичката реалност спречила секаква акција во делот на неговата администрација во однос на расната поврзаност. Макинли направил малку за да ја ублажи заостанатата ситуација на Афроамериканците затоа што „не сакал да го оддалечи белиот Југ“.[37]

Америка од 1890 година, Америка на администрацијата на Макинли била застрашувачки расистичка. Периодот од 1890 година бил познат за историчарите како „дно на расистичките односи“ како што e докажано со воведувањето на законите на Џим Кроу и одлуката на Плиси против Фергусон.

Покрај неговата привидна пасивност, Макинли назначил триесет Афроамериканци на „позиции на последица“, што било код за дипломатски позиции. За време на шпанско-американската војна Макинли дури отповикал воени наредби, спречувајќи регрутација на афроамерикански војници. Такви напори, како што Џералд Бејл од Милер центарот за надворешни работи укажал дека направил малку за „да ја запре влошената позиција на црнците во американското општество“.

Изборите во 1900 година

Инагурација на Макинли

Макинли бил повторно избран во 1900 година[38], овој пат со најголема надворешна политика. Брајан барал војна со Шпанија (и волонтирал како војник), но строго се спротивставил на припојувањето на Филипините. Тој исто така се кандидирал на истото прашање околу бесплатното сребро како и претходно, но кога дебатата за среброто завршила со изгласување на златно-стандардниот акт од 1900 година, Макинли лесно победил на изборите.

Втор мандат

Здравјето на госпоѓа Макинли не било добро по кампањата во 1900 година. Таа патувала во Калифорнија со претседателот во мај 1901 година. Макинли поминувал голем дел од своето време со сопругата, но бил овозможен да одржи говор во Сан Хосе на 13 мај и да присуствува на неговата парада во Сан Франциско на 14 мај. Претседатеот дошол во Оукленд без својата жена на 17 мај за да одржи говор. Тој дошол во унијата на железарници од Сан Франциско да го набљудува лансирањето на воениот брод, УСС Охајо (ББ-12).

Тој бил лансиран на 18 мај 1901 година спонзориран од госпоѓица Хелен Дешлер, роднина на гувернерот Џорџ Неш од Охајо. Претседателот и госпоѓа Вилијам Макинли присуствувале на церемонијата, но првата дама толку се разболела во Сан Франциско што планираната тура на северозападот била откажана.

Атентат

Мекинли влегувајќи во Храмот на музиката на 6 септември 1901 година, непосредно пред да бидат испукани истрелите
Уметничка концепција од атентатот вез Макинли

Претседтелот и госпоѓа Макинли присуствувале на Пан-американската изложба во Бафало, Њујорк. Тој одржал говор во врска со неговата позиција за таксите и надворешната размена, на 5 септември 1901 година.[39][40] Наредното утро Макинли ги посетил водопадите на Нијагра пред да се врати на изложбата. Тоа попладне Макинли имал обврска да ја поздрави публиката во Храмот на музиката. Стоејќи во редот, Леон Франк чекал со пиштол во левата рака скриен со марама.

Леон Франк во 4:07 минути попладнето ипукал двапати во претседателот. Првиот куршум го погодил во рамото, но вториот поминал преку неговиот абдомен, панкреас и бубрег, и на крај се зарил во мускулите од неговиот грб[41]. Макинли му шепнал на неговиот секретар Џорџ Кортелју, „Мојата жена, Кортелју, биди внимателен како ќе и кажеш, ох биди внимателен[42]. Леон Франк ќе пукал повторно но бил нападнат од набљудувач и потоа совладан од разбеснета толпа. Повредениот Макинли постојано извикувал „Дечки! Не дозволувајте да го повредат!“, затоа што разлутената толпа го тепала Леон Франк толку јако што изгледало како да ќе го убие на лице место.

Еден куршум бил лесно најден и отстранет, но вториот куршум докторите не можеле да го најдат. Се плашеле дека потрагата по куршумот може да предизвика повеќе штета од добро. Покрај тоа, Макинли изгледал дека се опоравува затоа докторите решиле да го остават куршумот таму каде што се наоѓал.

На изложбата била претставена новосоздадената рендгенска машина, но докторите се двоумеле да ја употребат на Макинли за да го најдат куршумот, поради тоа што не знаеле какви ефекти ќе има на него. Операционата соба во хитната болница на галеријата немала електрично осветлување иако внатрешноста на повеќето згради на екстравагантната изложба биле покриени со светлосни ламби. Хирурзите не можеле да оперираат на светлина од свеќите заради опасноста од запаливиот етер, кој бил употребен да го држи претседателот несвесен, затоа докторите биле фокусирани да употребат тави наместо да ја рефлектираат светлината накај операционата маса додека ги лекувале раните на Макинли.

Докторите на Макинли верувале дека ќе се опорави, и тој закрепнал за повеќе од една недела во Бафало во домот на директорот на изложбата.[43] Утрото на 12 септември тој се чувствувал доволно силно за да ја добие првата храна усно по првпат од пукањето – тост и мал филџан кафе. Меѓутоа во попладневните часови тој почнал да чувствува неудобност и неговата состојба брзо се влошила. Макинли почнал да паѓа во кома. На 14 септември 1901 година во 2 часот и 15 минути, осум дена откако бил упукан, умрел од гангрена која ги опкружувала неговите рани. Тој имал 58 години. Неговите последни зборови биле: „Тоа е божја волја, Неговата ќе биде спроведена, не нашата.“[44][45]

Тој првично бил закопан на гробиштата Вест Лоун во Кантон, Охајо..[46] Неговите останки подоцна биле преместени во Макинли Мемориал, исто така во Кантон. Леон Франк бил осуден за убиство и бил погубен на електрична столица во затворот Оберн на 29 октомври 1901 година. Сцената од атентатот, храмот на музиката, бил уништен во ноември 1901 година заедно со теренот од изложбата. На местото каде што се случила сцената, во средината на Фордам Драјв главната улица на Бафало има поставено споменик. Револверот на Леон Франк е изложен во Панамериканската изложбена галерија во историското општество на областа Ери во Бафало.

Поврзано

  • Макинли — највисоката планина во Северна Америка, наречена по претседателот

Забелешки

  1. Потпретседателот Хобарт починал на функцијата. Бидејќи ова било пред усвојувањето на Дваесет и петтиот амандман во 1967 година, испразнетото место во функцијата потпретседател не било пополнето до следните избори и инаугурација .

Наводи

  1. Leech, стр. 4; Morgan, стр. 2.
  2. Armstrong, стр. 4–6; Morgan, стр. 2–3; Phillips, стр. 13.
  3. Levere, William (1911). History of the Sigma Alpha Epsilon Fraternity, Volume 2. Chicago: Lakeside Press. стр. 204–19.
  4. Phillips, стр. 20; Armstrong, стр. 5.
  5. Armstrong, стр. 6; Morgan, стр. 11–12.
  6. Armstrong, стр. 3–4; Phillips, стр. 20–21.
  7. Hoogenboom, стр. 120–21; Armstrong, стр. 14.
  8. Armstrong, стр. 12–14.
  9. 9,0 9,1 Morgan, стр. 30–31.
  10. Morgan, стр. 31–33; Leech, стр. 12, 21.
  11. Morgan, стр. 40–41; Weisenburger, стр. 78–80.
  12. Leech, стр. 20.
  13. Morgan, стр. 55.
  14. Phillips, стр. 27, 42–43.
  15. Jensen, стр. 151–53.
  16. Williams, стр. 50.
  17. Horner, стр. 92.
  18. Phillips, стр. 52, 81–82.
  19. Cherny, стр. 55–56.
  20. Jones, стр. 177.
  21. Williams, стр. 130–31.
  22. Gould, стр. 10–11.
  23. Leech, стр. 85–87.
  24. Kazin, стр. 68.
  25. Morgan, стр. 194–95, 285; Leech, стр. 152–53.
  26. Gould, стр. 60.
  27. Gould, стр. 65–66.
  28. Gould, стр. 68–70.
  29. Recent historiography emphasizes the humanitarian motivations for the initial war decision. Jeffrey Bloodworth, "For Love or for Money?: William McKinley and the Spanish–American War" White House Studies (2009) 9#2 pp. 135–57.
  30. Gould, стр. 71–72.
  31. Gould, стр. 74.
  32. Leech, стр. 171–72.
  33. Leech, стр. 173; Gould, стр. 78–79.
  34. Gould, стр. 86–87.
  35. 35,0 35,1 Gould, стр. 142–43.
  36. Gould, стр. 153–54.
  37. Gould, стр. 155.
  38. Leech, стр. 559.
  39. Miller, стр. 298–300.
  40. Gould, стр. 250–51.
  41. Miller, стр. 300–01.
  42. Miller, стр. 301–02.
  43. Leech, стр. 596–97; Miller, стр. 312–15.
  44. Leech, стр. 600.
  45. Miller, стр. 318–319.
  46. Morgan, стр. 403.

Библиографија

Книги

Основни извори

Статии

Надворешни врски

Официјални

Говори

Останати


Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!