Тој е роден на Имброс, турски остров во Егејско Море. Има турско државјанство, но е припадник на малото етничко-грчко малцинство во Турција. Течно говори турски, грчки, латински, француски, англиски, италијански и германски јазик.
Како екуменски Патријарх тој е меѓународно активен. Една од неговите првични работни задачи била обновувањето на еднаш прогонетите Источно-православни Цркви во поранешниот Источен Блок после падот на комунизмот во деведесеттите години на 20 век. Со таа цел работел за да придонесе за зацврстување на врските меѓу повеќето национални Цркви и Патријархии. Исто така, го продолжи и помирувачиот дијалог со другите религии, вклучително и другите Христијански, Исламски и Еврејски секти. Невообичаено и интересно, се здоби и со репутација на активен екологист преку вклучувањето на неговата Патријаршија во бројни меѓународни еколошки каузи и програми. Ова му го донесе и прекарот „Зелениот Патријарх“.
Наводи
↑Ecumenical Patriarch Bartholomew: insights into an Orthodox Christian worldview (2007) John Chryssavgis International Journal of Environmental Studies, 64, (1);pp: 9 - 18